ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Фантастичен меч! Ми отиде пола ден, ама секој чест, 6 саата..браво, заслужено победи Џокович, иако иако и Надал беше достоен противник. И секако како фан на Федерер морам да промрчам и да го постирам ова http://www.youtube.com/watch?v=TygKHUcT-Ek
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Не навивав за никого посебно, сеедно ми беше кој ќе победи... Малку повеќе навивав за Џокович, посимпатичен ми е. Сепак одличен меч, секоја чест!
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Ај они, ама ние како издржавме 6 саати пред телевизор.. Беше верен и победи, ама дека беше појак - не! Рафа ме изненади, со неговата сила може комотно уште еден натпревар да изигра, се надмина себеси.
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Секоја чест за двајцата. Па јас се изморив 6h да ги гледам, можам да замислам ним како им било Во секој случај многу ми е криво што изгуби Рафа. Како што рече и коментаторот на Еуроспорт, на Федерер му се восхитуваш, Рафа просто го сакаш П.С. А Џокович, е тој се издвојува единствено по неговата препотентност!
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Јас нормално како ОГРОМЕН фан на Федерер,не навивав за никој и не го гледав цел меч,биејќи финале без легендата, не е финале! Сепак гледано од моја страна повеќе ми одговараше да победи Новак зошто Надал со гренд-слем титуливе полека му се приближува на Федерер,а Џокович со 5 титули,незнам баш дали му може нешто
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Супер за Новак, заслужена победа Мислам секоја чест за двајцата, се бореа до крајот,пружија финале достојно за гледање А по што заклучивте дека Новак е препотентен баш ме интересира ?
ТЕНИС (гледа ли некој тенис во слободно време) Ќе ве поздравам со песната http://www.youtube.com/watch?v=GdaEboc-8s4 Јас не го фатив од почеток, ама сепак се знае, јас и од сон го бодрам Супер меч, Надал никогаш не се предава лесно, знаев дака ќе заглават милион саати. Он је Ноле, сви га воле, махер
Денес беше финалето на турнирот во Ротердам помеѓу Федерер и Дел Потро....Победи Федерер со 6-1 и 6-4 во сетови Прекрасно играше,стварно беше заслужена победава Исто така се одржа и финалето на Доха кај женските меѓу Азаренка и Стосур и победи Азаренка со резултат сличен на Федерер 6-1 6-2. Стварно немам коментар за девојкава... Дефинитивно сосема заслужено е на 1во место
Да не знае некој кога наскоро ќе играат Надал и Федерер, а и каде ќе играат, нешто во врска за хуманитарни цели? Така нешто беше, мислам
Јас како што знам нема такво нешто во брзо време.... Нареден турнир е Дубаи и таму ќе учествуваат и Федерер и Надал мислам,па можно е да се сретнат во полуфинале евентуално...А Дубаи инаку почнува од 27 Февруари и трае до 3 Март...
Федерер следно ќе игра во Дубаи, а Надал мислам дека ќе го пропушти тој турнир, како што имаше изјавено после Australian Open ќе ига во Синсинати.
http://www.taratur.com/node/30942 Gordana10 еве тука пишува нешто за некој егзибиционен меч против Родик ама тоа ќе се играло на 5 Мај...
Незнам, јас мислам дека прочитав некаде дека ќе имало скоро тенис, Надал и Федерер, а каде ич не можам да се сетам, мислам на стадион ќе играле така беше нешто и парите од тој меч ќе биле за хуманитарни цели, деновиве така разбрав, не ми текнува нити кога ќе играат а и кај сум прочитала не ми текнуват тешко мене Па затоа реков тука да прашам, да не знајт некој нешто околу ова, кога има, па да знам да си гледам :geek:
Ах..не дека го следам со душа и со срце..ама онака го гледам понекогаш колку за разонода, и за пополнување на време.Инаку интересен спорт е..
И вториот освоен турнир по ред за Федерер-Дубаи! Вчера беше финалето со Мареј и Федерер победи 2-0 во сетови,оваа му е 5та титула на овој турнир Во цел турнир не изгуби ни 1 сет Инаку во полуфиналињата играа Федерер-Дел Потро и Џокович-Мареј......
Ќе играат за 110 години на Реал Мадрид,на тој стадион Ама не сега туку измеѓу Вимблдон и Олимписки игри во јули негде Надал сигурно игра ама не се знае дали точно со Федерер...
Знаев дека слушнав некаде на стадион, ама кога и каде, не ми текнуваше, инаку знам Надал и Федерер играат сигурно.Таман ќе се изнагледам и Вимблдон, та и ова, ќе има шо да гледам едвај чекам да почне Ти благодарам
На 14-ти Јули би требало да се игра, Надал ќе игра сигурно, а Федерер откажа нема да игра така изјави неговиот агент дека ќе се спремал за ОИ :/ па уште не се знај кој друг ќе игра. Поводот е 110 години Реал Мадрид а и ова да биди меч со најголема посетеност се очекуваат 85 000 гледачи Па очекуваме добро шоу