1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тенис низ Македонија

Дискусија во 'Спорт' започната од angel92, 12 октомври 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.581
    Допаѓања:
    3.205
    Која од нашите форумџивки оди на тенис? Колку години имате тренирано? Во кои клубови? Пофалби и поплаки од клубовите? Дали имате учествувано во натпревари?

    Мене конкретно ме интересира за клубот од Охрид... Сакам да се запишам, некако тенис ми е непреболена желба која сакам да ја исполнам (рекреативно во клуб секако). Доколку некој има тренирано во Охрид, нека сподели.
     
  2. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Тенисот ми е нешто најубаво се релаксирам во него играам сеуште но само кога е топло времето!Играам кога се враќам во Кавадарци но сега повеќе летото сум во Америка и така да немам играно од лани а сега времето е ладничко.
    Во ваташа има две тениски игралишта мн вискоко е и на оворен простор е.
    Малку ми е далеку но нема проблем :wink: Ааа и тренирам од 10 години.
    Good luck! :)
     
    На Brave.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MysteriousG

    MysteriousG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    28
    Тенисот е нешто најубаво... одев на тенис 8 години и се откажав а ни сама не ја знам причината се разочарав од последниот турнир и прекинав... сега се каам !
     
  4. Brave.Girl

    Brave.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Каде се наоѓаат тие игралишта би сакала да и посетамм ?? Каде точно во Ваташа ?? :D
     
  5. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ами незнам како да ти објаснам на псоледниот мост :D има една нагорнинка и лево десно ке најдеш еден рид и таму ке се качиш и ке стигнеш :D
    Сеа сериозно ако сакаш повекек информации ке ти пратам во порака борј од тренерите ако си заентрисиранa/spoiler]
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Тенисот ме релаксира онака нервозата си ја истурам...Мене татко ми ме учеше да играм и затоа доста добро играм.Некаде од 7 години играм тенис и ми е преубаво...
     
  7. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558

    Тек сега ја гледам темава ќе ми простиш :)
    Тренирав 7 години во клубот во Охрид, и можам да кажам дека тоа е машина за перење пари. Тенисот е скап спорт, опремата е скапа а тренинзите се приватни и мораш да тренираш секој ден. Тренерот, имено, ако може да се нарече така, беше тотално незаинтересиран во нашиот личен напредок. Никогаш не не поттикнуваше да одиме на турнири, чак и кога на почеток на година ќе стигнеше календар со распоред на турнири тој ги кинеше. Во сите тие 7 години само еднаш јас и една моја колешка заминавме на турнир и тоа внатре во Македонија, секако од приватни пари го финансиравме патот и партиципацијата ( да напоменам дека тогаш се плаќаше партиципација по турнир, сега незнам како е ), а тренерот не се ни потруди да дојде. Тек после од кога заминав Америка и играв таму за училишниот тим сфатив колку е само потребен тренерот. Ти кажува каде грешиш, кој му се слаби страни на противникот, кои удари да ги применуваш а кои да ги избегнуваш....за жал како што реков тренерот во Охрид не беше фокусиран кон напредокот туку кон што е можно поголема заработка на пари. После некое време сите кои бевме таму го увидовме тоа и сите се откажавме. Некои кои имаа поголеми финансии се преселија Скопје па од таму фатија патишта за надвор и колку толку успеаа во тенисот, а некои како мене кои немаа толку големи средства се откажаа. Искрено многу ми е криво за тоа пошто стварно бев добра и стално си мислам што ќе беше доколку продолжев да играм, ама ете, се деси што се деси.
    Мој совет ти е, ако сакаш само за рекреативно слободно оди, ама за професионално јас тој клуб не би му го препорачала на никој. Може сега е сменето нешто ама не ми се верува со оглед на бројот на членови кои го имаат.
     
  8. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Во скопје каде можам да тренирам тенис? Дали има преку цела година и како иде плаќањето?
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Soncka :)

    Soncka :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Многу би сакала да научам да играм тенис онака чисто рекреативно. Многу често гледам на тв и мн голема желба ми се отвара :) Има ли некоја од девојкиве што игра тенис негде низ Скопје?
     
  10. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Машки
    За тие што се заинтересирани може да го разгледаат сајтот...

    http://www.tkas.com.mk/
     
  11. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Кои тениски терени во Скопје би ми ги препрачале за рекреативно да отидеме 4ца сакаме да играме еден саат. И отприлика колку изнесува? Да не прават проблем ако не знаеш да играш? :D
     
  12. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Здраво. Да не знае некој колку се плаќа месечно тренинзи? Дали пуштаат и повозрасни лица во групите? Што тениска оорема е потребно да се има, односно купено, а што даваат од таму?
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    51.797
    Пол:
    Женски
    Каде кај нас може дете да тренира тенис? 4 год е со голема волја за тенис :D
     
  14. Radan

    Radan Нов член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Potreben mi e sparing partner za tenis, pa ajde rekov tuka da pisam (napreden rekreativec sum), ako ima nekoj sloboden ili zainteresiran slobodno pisete mi na instagram.

    Instagram - stankovicradan
     
  15. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.440
    Калин Ивановски е нашата надржна ѕвезда во светот на тенисот. Моментално реди успеси и ја заслужува нашата безрезервна поддршка. И сигурен сум дека детето ќе успее, освен ако не се замешаат лопови во неговата кариера и да го уништат, како и се друго во оваа држава.