и мене ми се вакви, сама си ги средувам, и само еднаш ги имам упропастено, сега ми се супер - задоволна сум
Веѓите ми се подебели и такви и ги одржавам. Сама ги средувам, а благодарение на тоа што имам убава, дефинирана форма, не мора да вложувам многу труд, само ги кубам тие што стрчат.
Имам 2 пара веѓи Слободно можам еден пар да подарам,а не да ги вадам секоја недела со восок сама (и многу убаво ми иде,ме бива едноставно,сите се чудат како ми успева) Мн имам дебели веѓи и никој не ми верува зошто не ми се познава ...лелелеле ама се испофалив
Секој си има свое мислење ама мене ми се гнаси од тенки веги (на некому му многу убаво стојат но сепак ми е невкусно)
Веѓите ми се таман.. Ни многу ретки ни многу густи. Чупнувам по некое влакно, ама и да не се исчупам нема многу да ми се познава Инаку средни веѓи до тенки
Моите веѓи би ги дефинирала како средни, ниту се многу, ниту се тенки, онака некоја златна средина се. Ми одговараат на обликот на лицето. Понекогаш варираат потенки од ова што се, па потоа ги пуштам, ама во целост вакви ми се најубави. Еве ја едната веѓа
Средни кон дебели не сакам тенки веѓи многу,а нормално не сега од 2 веѓи една да добиеш хахахаха... значи СРЕДНИ и подолги,а не скусени веѓи...Имам баш такви како што сакам,и преубава форма.
Моите се средно дебели средна густина и не се кратки воопшто не ми се допѓаат кратки веѓи и тенки. Комбинацијата од текни па и кратки не ми се свиѓа, ама мое мислење на некој моѓеби му стојат
Мислам дека е најдобро некоја средна дебелина,со убав облик,и секако обликуваните веѓи даваат сосема поинаков израз на лицето.Најубаво ми е кога ке ги средам на козметичар,зашто сама не можам освем да го извадам вишокот на влакненца..еднаш се обидов и ми личеа на запирки...
Досега освен мојата рака на мојата веѓа, друг чупкалка не фатил. Секогаш сама си ги средувам веѓите, и имам некоја средина. Не се многу дебели, а па ни претерано тенки. А и да, никогаш ги немам цртано. Некако многу ми е шубе. Еве нешто вака ми се отприлика Спојлер
И моите се тенки во принцип, такви се што да им правам Не една линија како што некои намерно ги прават, туку не толку дебели колку што на мене ми се допаѓа. Се трудам да ги оставам што подебели, ама тешко слабо и ми растат. Еве нешто како на девојкава на видеото, ама убаво си ги прави таа.. Ме интересира со што ги црта Сакам да се обидам да ги направам така и јас погледнете на 2:55 од видеото. Немам навика да ги цртам, ама морам да почнам не ги сакам такви веќе. http://www.youtube.com/watch?v=-7n-ryGO ... ideo_title
моите природно се тенки и сите ми велат да ги израстам, но како кога не ми растат би сакала барем да ми се ссредни немора дебели. А инаку еднаш пробав да ги нацртам и бев навистина смешна...никогаш повеќе
Ехехе, трик прашање е ова за темава, а. Имам една подебела веѓа што не ми расте и една потанка што личи на џбун. Си ги зафркнав за сите пари, да можев ќе ставев слика - како да НЕ ги правите веѓите. ОДВАЈ чекам да ми пораснат, одвај. Па ќе одам кај тетка козметичарка да ми ги направи асално. Другпат кога ќе посакам да ги чупкам сама, мавајте ме, истепајте ме и ич да не ви е жал. Инаку сум за подебели веѓи. Тие тенките ми се мноооогу аут. Притоа не мислам на тие што природно имаат такви веѓи, туку на тие што со сила се трудат да имаат такви. Воопшто не им одговара на лицето, ама гајле им е, битно имаат тенки веѓи.
Јас имам тенки веѓи и многу брзо ми растат и ако денес ги исчупам на пример, веќе другиот ден како црни точки, ми растат повторно...Не знам што да правам...
Гајтан веѓи љубам јас, ама немам Имам некои светло кафени раштркани влакненца над очиве, кои се ретки како со колец некој да ми ги садел, секое своја прича си тера, и една единствена форма за цел живот. Сакам јас убави дебелки густи веѓи, да ми го уоквират (на мајка ми израз ) лицето и очите да ми ги истакнат, ама немам а и ни моево малечко лиценце не би му стоело. Кажав една форма што ја имам цел живот ке си ја носам, неможам никако да ги сменам, новите влакненца без врска ми раснат и 6 месеци да не ги чупам пак исто