Дебели. Сама ги средувам, двапати на козметичар досега сум ги правела. На првиот со восок, плус чупалица, плус ножичка, и подегенски неам изгледано у живот. Средени беа, али пресредени. Ја линија до перфекција ко да е цртана не можам да поднесам на веѓа, понеприродно нешо амин. Како и да е, не знам некој/а шо може да ми ги направи како јас што сакам, пошто ова што сама го правам е девеес посто, има некои детали шо не знам сама.
Абе мама стално ми вика абе немој толку тенки, ама јас што да правам мн си ги сакам така потенки веѓите, и понекогаш и самата си ги средувам , добро ми оди, само еднаш така претерав и едната веѓе малку ко пресе4ена ми беше, ама ај не е страшно, малку смеа на моја сметка..
Имам подебели веѓи, зошто не ми се свиѓаат потенките, а и не ми ни стојат.. Одам на козметичар зошто дома ао почнам сама да ги правам една ќе биде ^ другата ~ ... Хахахаха И сеа се мислам дали да идам или утре сабајле да станам и да појдам Мрза ме фатило
тенките веги повеке го отвараат окото,ама сепак не сум за тенки веги, некоја нормална дебелина е нај!
Имам една многу лоша навика, стално станувам во 3, 4 саат насабајле и одам пред огледало да видам да не има некое влакно штотуку пораснато, или некое што штрчи.И онака поспана, се поинаку ми се гледа, па на неколку пати го имам погрешено правецот. Мразам тенки, а и премногу дебели веѓи, обликот зависи од окото и челото, а за опишување на моите - не ме бидува.
Средни: ни многу тенки ни многу дебели. Ама ако мора да се бира, искрено многу ме иритират тенки тенки веѓи, на ништо не личат. А моите какви се, лесно се опишува и тоа со еден збор: катастрофа! Кога сум си дома одам редовно на козметичар, и нон стоп ми се средени ама кога не сум дома, нема ни кој да ме исчупа, а јас сум неспособна со диплома за чупање веѓи и мислам дека повеќе нема што да раскажувам. Е така.
И јас исто така имам дебели веѓи и сметам дека ми дават одредена карактеристика на лицето, без нив не би имала лик. Се согласувам со тебе во врска со козметичарите, ретко кој може да ти ги исчупа и да ти ги среди малку. И ја имам одено неколку пати на козметичар меѓутоа секогаш излегувам со многу потенки веѓи . Сега дома сама си ги средувам и мислам дека супер изгледаат.
Според мене дебели, а вакви се и моите. Кога ќе видам тенки (скоро и да ги нема) веѓи плус нацртани со креон ми се крева нагон за ептен ми е грдо
Јас еднаш месечно одам на козметичар и ме чупа со восок а во текот на месецот кога ке ми подникнат со чипалица
Делот од моето фаце на кое најмалку обраќам пажња ! Искрено немам убаво обликувани веѓи, дури можам да кажам дека ми се онака природни и само подискубувам по некое влакненце кое штрчи! Двапати имам посетувано козметичар за да ми ги обликува веѓите и ме осакати ептен, едни никакви ми ги направи и плус боли тоа чупањето, пусто да остане ! Повеќе ме боли да се чупам отколку да се депилирам! Имам средно дебели и светлички веѓи, сметам дека ми се невпачатливи и многу ги игнорирам ! Понекогаш користам светла сенака и така успевам да им дадам некаква форма, ама и тоа го правам ретко!
Дефинитивно преферирам подебели веѓи. Јас многу не се преокупирам со моите веѓи бидејки природно имаат некоја форма, па само по потреба ги потсредувам таму кај што е потребно. Сестра ми има тенки веѓи и нон стоп ја карам да ги остави подебели бидејки тенките веѓи ми изгледаат многу повештачки, за разлика од подебелите кои даваат поприроден изглед иако признавам на некои девојки според обликот на лицето подобро им одговараат тенки.
Подебели! Мразам тенки веѓи и мене лично воопшто не ми стојат Но,сепак се е индивидуално.Некому со мало лице секако дека не би му стоеле подебели веѓи.
Ни дебели, ни тенки..златна средина. Сум била два пати досега на козметичар, инаку се’ другарка ми ми ги средува зашо ја бидува. Се зафркнав последниов пат сама си ги средував и ги осакатив...сега ми се цртки прави и не знам како ќе им ја вратам формата :/
Негде средина накај дебели ми се, т.е. почетокот дебел а крајот е потенок. Густи ми се веѓите, а и влакната ми се долги па си бараат шишање Несакам тенки веѓи, никогаш и немам пробано да видам како би ми стоеле, ми се допаѓаат моите вака. А најгрозно ми е кога ќе видам претенка веѓа толку реткашто комотно можеш влакната да ги изброиш, или пак нацртани со моливче без навреда ама многу невкусно и кич делуваат, да не кажам курвински
Подебели (не грмушки де) некако ми додаваат мистериозност на очите т.е. погледот, додека тенките пак ги отвараат очите. Се` зависи до формата на очите и природниот облик на веѓите. Моите се некоја златна средина, мислам дека сеуште немам пронајдено облик кој највеќе би ми ги истакнал очите.
тенки веги мразам дебели ... иако треба да се чупам на секој 4-5 дена .. сепак неможам повторно да си го замислам лицето со дебели веги
Дефинитивно подебели. Мразам тенки веѓи, лицето не ми изгледа убаво така кај девојките, празно некако е. Па уште и ќе земат ќе ги исцртаат, бљак.
Ми се допаѓаат и такви и такви. Јас си носам потенки бидејќи имам мали очи, а тенките веѓи визуелно го зголемуваат окото. Не сакам претенки веѓи една цртка само, ниту пак предебели.
Kај мене зависи од расположението. Природно имам убави ,средно дебели веѓи кои не ни мора да ги кубам ,освен неколкуте малечки влакненца на долниот раб на веѓата . Понекогаш ги истанчувам повеќе , некогаш ги оставам какви што ми се ,како што сметам во моментот дека би ми стоеле поубави - така и ги оформувам. Не сакам претанки веѓи или пак бричени и цртани со креон