Јас сакам средни веѓи, т.е моите веѓи од почетокот се подебели и понатаму се поистенчени. Тоа уствари само едната веѓа зашто ги упропастив со моево чупање, следен пат на некој друг ќе му дадам да ми ги чупа. Многу тенки веѓи не сакам иако и такви би ми стоеле. Порано мразев дебели веѓи ама сега ги сакам зашто има едно девојче со многу дебели густи веѓи ама прекрасно и стојат.
Сега сум пресно чупана и баш вакви ми се. Порано козметичарката ми ги чупеше многу тенко,ми ги правеше исто како на бугарска певаљка затоа сега ме чупа братучетка ми и супер ми се вака.
Ич не сакам темки веѓи, не вкусни ми се..без навреда. Мене ми се природно подебели веѓите, само на крајот го истенчувам. Иначе сакам подебели веѓи затоа шта даваат убав поглед.
Моите се слични како тие на сликата Bunny05.Нема врска тенки дебели,само да не изгледа вештачки.И за тоа ли ќе следиме мода на секој најубаво му одговараат на лицето баш такви како што има,нормално средени само од страните за да изгледаат уредно.
Јас имам подебели веѓи ама не многу дебели , ги чупам поретко ама посекси се подебелите Сега вакви ми се Спојлер
Не сакам тенки веѓи, или пак оние во облик на запирка Moите мислам дека се средно дебели иако би сакала да се подолги малку
Јас лично преферирам подебели веѓи, никако тенки како како што вика сањалица ^ како запирка познавам една таква личност, и воопшто не ми се допага, но нејзино си е нели. Сепак не е правило, треба секој да си ја најде формата која најубаво стои на нивното лице, а тоа не секогаш е дебела веѓа..
Моиве веѓи на почетокот се подебели,а на крај се тенки. Значи комотно да си кажам моиве се средни веѓи xP За чупање ме чупа татко ми.Одлично ме чупа,махер е човеков,ќе земе негово ламбиче за на глава(као докторите што носат) и ќе почне да ме чупа.И ниедно влакно не останува,веѓите ми се цакум пакум.Тато тато махер си бее А за сама имам пробано со конец ама ептен се оддолжувам,додека го направам конецот,па овака да се намести вака да се потегне ќе утепам пола саат за една веѓа.Со чупалица коа се чупам сама влакната не ги вадам него ги кинам,а како помала сама се правев со ленти и комотно можам да кажам дека имав кратери на веѓите и затоа никогаш повеќе не ми доаѓаат на памет ленти.
Порано имав подебели веѓи,но одкако ги оформив и ги направив тенки,сфатив дека токму тоа ми требало. Многу ме измени на лик,и баш ми се допаѓаат вака.
И јас имам потенки, некако ги истенчив и сега ми се тамам има место и за шминка, ми го отвара погледот, добри се вака!
Средни де ни танки ни дебели инаку јас се немам чупано сакав за НГ да се чупам ама само одоговлекував и ништо не бидна
Конечно ги средив како што треба! Десната веѓа беше многу поинаква, но јас не се плашам да ризикувам, и обично по 1 наутро ми текнува да ги средам, кога е тишина и кога никој не ми пречи. Максимална концентрација е потребна.
Обликување на веѓи Дали ги обликувате и чупате веѓите дома или практикувате нивно средување во козметички студија? Ај ќе ве замолам доколку го практикувате второто да ми препорачате некое студио каде што можам да ги средам моите, зошто имам проблем со нив, едната ми е поразлична од другата хахах и сама ми е потешко да ги погодам. Порано одев во едно студио, меѓутоа таа во последно време ми ги депилираше и средуваше и ми ги правеше многу тенки, а мене тоа не ми се свиѓа, така да се откажав. Фала ви за помошта.
Тенки биле па што? Не биле во мода тенките? Мнооооогу ми е гааајле, јас ваква си се бендисувам . А и баш ми се сексиљави
Подебели. Е моите се исти ко на сликава: http://casmith90.files.wordpress.com/20 ... emily.jpeg Си ги сакам, сметам дека подебелите даваат посебен шарм на едно лице ако се средени. Башка и полесни се за одржување, ако си ја следиш природната форма. А и повеќе ми се допаѓаат, а не да се правам џоа Едит Пјаф.
Пак ја утнав левата, да му се сневиди! Другата е океј, баш таква форма како што ми одговара, ама оваа левата никако да ја погодам и секогаш скубнувам некое влакно повеќе, па ми дели. Ќе ја пополнувам со моливче и овој месец.