Првиот пат ми ги искуба мајка ми, после тоа јас продолжив, и потоа на козметичар. Но тоа беше една од најголемите грешки во животот. Ми ги направи во полукружна форма и оттогаш јас самата ги кубам и еве конечно успеав да имам ваква форма, откако ги опоравив од кај козметичарката, а ми требаше подолго време за да пораснат.
Моите не се ни ептен тенки ни обраснати,средни ми се.Најчесто таа обврска сама си ја завршувам а понекогаш знам и на козметичар да се префрлам.
Сакам дебели веѓи затоа што ги немам Во последно време на козметичар одам,тие најубаво си ја завршуваат работата А инаку и не ми се гледаат многу многу па со моливче ги затемнувам
првиот пат кога ги чупев бев на козметичар за да ми ја направи убаво формата а сега сама си ги чупам...и се ми така подебеи не само тенка црта мразам такви некако грубо стои само една линиичка ама секој со различен вкус...
Ја мислам ШО ПОПРИРОДНИ ТОА ПОУБАВО, да се исчупа само онаа што штрчи пред месец дена една комшика ми ги "среди" уффф која мака додека да пораснат , и уште не ми се стабилизитани, а и така ми се ретки и долги затоа јас најубаво знам да си ја завршам таа работа, и веке никому не давам да ме чепка
девојки ај споделете позитивно искуство со козметичарки кои добро средуваат веѓи (назнам дали е за овде прашањево но неможам да најдам посоодветна тема)
Имав премногу тенки веѓи кога прв пат фатив да се чупам. Се унаказив. Едвај ми се гледаа. Самите веѓи можат да дадат катастрофален изглед. Така што се одлучив да ги пуштам да растат. Се чувствував како шума да имам над очите. Кога и да излезев од дома и кога и да разговарав со некој мислев дека чудно ме гледа зошто навистина е грдо кога ќе видите некој со неуредни веѓи. По тие 2 месеци си се исчупав но што е најважно ВРЕДЕШЕ! Сега си имам подебели веѓи, што иако имам ситни очи, поубаво ми прилегаат
Подебели, неможам некако со тенки. Ми изгледаат како од седумдесетите некако...незнам. Ич не ми се природни
Девојки ајде малце помош тука Имам прилично дебели веѓи, ма не многу дебели онака нормални ама скоро ми се прави, а јас ја сакам оваа форма Идеа како да направам, а да не се унаказам? Ако може линк на youtube дајте ми.
И на YouTube да гледаш пак можеш да згрешиш. Најдобро ти е на козметичар да отидеш да те среди како што треба. Повеќе од 100денари сигурно нема да ти земе.
...на секое лице му одговараат различни веѓи па така да не можеме сега ако биле во мода подебели така да ги носиме иаконе ни стојат или обратно...секое лице само си одредува какви веѓи треба да се носат...и факт е дека веѓите се огледало на едно лице тие можат мнооогу да направат но и многу да расипат исто така !поздрав девојки
Подебели веѓи имам и сметам дека тенките на ништо нема да ми изгледаат. А и факт е дека ме мрзи да се чупам па може и затоа сакам да имам подебели веѓи