Средни ми се, повеќе накај дебели . Редовно ги средувам на козметичар. Сум пробала и сама, но не оди цела форма им ја губам сама можам да ги средам само влакната од страна и тие многу што ми стрчат.
Затоа што некој се прави многу паметен и ми го избриша мислењето овде ќе прашам да ми препорача некој козметичар да ми ги среди веѓите во околина на Бисер некаде по можност. Сакам форма да ми даде, затоа ги оставив на раат доста време.
и јас мислам дека најдобро се подебели веѓи а со слабине ко некоји бугарки иц неприродно се знае што е најдобро
Твојата анкета повеќе гласови има за подебели веѓи. Тоа мислам дека е резултат на тоа дека сега дебелите се повеќе во мода, што можеби е точно. Но јас искрено не се сложувам затоа што мене ми стоат послаби веѓи поубаво. Затоа ти препорачувам да не го слушаш микслењето на другите од причина шо на секој му стои различна веѓа. Иначе одам на козметичар ... Поубаво ми е
Не сакам премногу тенки веѓи, премногу вештачки ми се, а не сакам ниту пак пемногу дебели - значи средни
Тенки веѓи сум имала одсекогаш без да ги чупам и горда сум со оглед на тоа што повеќето женски од мој клас имаат дебели веѓи и се жалат цело време, и ја онака нарцис со тенки веѓи само чупам по некое влакненце избацено што ми смета..другото оставам
значи дали некој знае да ми препорача некој козметичар да ми ги среди веѓите? иначе од битола сум. одев порано кај една жена ама ко запирки ми ги праеше и ич не бев задоволна. сега сакам да прашам дали некој од тие што одите на козметичар сте задоволни и како оди цената сето тоа да ми каже. ако сакате пишете овде ако не во п.м. фала однапред
Не сакам ни тенки, а ни премногу дебели, што знам средни ми се убави. Ај некако подебели веги до некаде ок ми се, ама слаби и на високо направени, не ми изгледаат убаво
Посакуваната форма ќе си нацрташ со бел креон на твојте потоа ќе ги изкубиш тие влакненца надвор т.е од околу на веѓата. Кога ќе ја добиеш формата само избриши ги белите линии и тоа е тоа. Јас секогаш кога се кубам сама прво си ги цртам со бел креон и потоа со пинцетата
Дефинитивно подебели. Е сега не претерано дебели ама не ни слаби. Воопшто не сакам слаби веѓи. И моите од секогаш ми се подебели. Најчесто сама си ги правам а за формата мама е заслужна Спојлер козметичарка е.
Не ми е убаво кога видам некој со тенки веѓи.Незнам зошто, може затоа што моите се дебели. Инаку, верувале или не никогаш се немам чупано. Не ми е потребно
девојки дајте некој совет како да ги направам вегите значи светли ми се на 100 места имам бидено и никој не ми ги има погодено сакам малку потемни веѓи средна дебелина и нацртани ама не онака вештачки да изгледаат убаво како тетовирани до моливот за веѓи е до што е? вечна мака имам со веѓите ајде некое советче некоја марка на моливче?