1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тенки или подебели веѓи?

Дискусија во 'Лице' започната од suGarBaby, 5 февруари 2010.

?

Какви се вашите веѓи?

  1. Потенки

    411 глас(а)
    28,7%
  2. Подебели

    1.021 глас(а)
    71,3%
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Препорачајте некое убаво моливче за веѓи? :wasntme:
    Инаку најубави веѓи има Меган Фокс и нема рамен :)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Лудо,исти ко моите! :wasntme: :D Море кога ме исчупа една магарица зиматаааа,знаете од кај ми почнуваа?! Од пола веѓа! Сеа ги спастрив,си ги сакам!

    А добро,стварно ги цртате веѓите?! Оти?! Па јас ако ги цртам,веѓите ќе ми бидат ептен воочливи. А гледам има и некој си тренд на цртање на веѓи,ама онака,апла ја сликаш бре на лице,шљак,шљак,логика што не ќе ја разберам. Како драг куин ми се, таааап тоа лакот на веѓата више фаќа кај залистокот на косата. Толку да не може да се помири со формата на веѓите,чудо. Цртање веѓа и шарање на нокти ми се број еден залудно потрошено време во женскиот свет.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Не ги ни чупам :D Само ќе ги извадам влаката ептен што штрчат, инаку веѓите ми се ретки и затоа подебели ги носам. Уште ако ги истенчам, како Волдерморт ќе бидам .
     
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    На секои 2 недели се чупам, на козметичар (не сум способна самата хаха :D ), ни дебели ни тенки ми се вегите, таман ми се :D
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Лилит јас не ги цртам веѓите ама на почетокот малку ми се реткички, од кај што почнуваат, па сакам да ги обојам малце да не се гледа кожата :D
    Инаку да, колку што памтам, тебе веѓите ти се нешто слично ко на Меган :D
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.170
    Пол:
    Женски
    Лудо, земи си моливче на Голден Роуз, убав избор на нијанси имаат и ефтини се. Имам по дома темно кафено и едно за плавуши ко мене, ама никогаш ги немам апла цели нацртано, освен ако не се утнам при чупање, па да пополнам некое дупче или на почетокот од веѓата, дека и моите се прилично ретки раму. :)

    И да, пак ги утнав моите. Мора ли, секогаш да шетам со една унаказена и една перфектна веѓа !? |(
    Пу бе.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Ау, мојата болна тема!
    Мразам несредени, тоа прво воочувам на човек. Моите се некаде на средина, ни многу дебели ни претенки. Сама се чупам и најдобро така. Ако згрешам, сама да се кривам. Првиот пат ме чупаа на козметичар за полуматура, и не се бендисав, имаа облик ко авион во лет и многу ми беа лоши и што е уште потрагично тоа го констатирам на слика. Од тогаш сама се правам и супер е, на неколку дена, па може и секој ден ќе извадам по некое ново никнато влакно, на еднаш или два пати неделно убаво средувам облик да не изгубам. Десната веѓа ми е со две лузни па морам да ја цртам, ама не се познава воопшто, можем и без цртање дека имам долго влакно кое не преферирам премногу да го кратам и сама се покира дупката.
    Еднаш по иницијатива на другарки отидов кај нивниот козметичар да ми ги средат со восок и утка! Бев нафрлана една недела ко релјеф по цело чело и од тогаш никогаш не стапнав и не дозволив некој да ме чепка. Мој вкус.

    Имам и утка кога ги истенчив премногу и бев како ококотена цело време. ^_^ :?:
    Е тогаш морав да ги цртам многу и ептен време ми земаа за да ги средам да не се познава.
     
  8. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски

    може да си земеш на голден роуз самоостречко, водоотпорно :D
     
  9. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Дебели ама не претерано
     
  10. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Моите се подебели :)
     
  11. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Eве една слика за тие што не знаат баш како да ги средат веѓите, мислам дека ќе и биде од помош.
    [​IMG]
     
    На Cacy, koritsaki, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Моите се средни, така ни слаби ни дебели. Првите неколку пати бев на козметичар, ама после си реков ајде сама сега ке си ги правам, ке ги чупам само оние вишок влакненца и не мора да одам на козметичар ама катастрофа испаѓа секој мој обид |( Еве сега чекам да потпорасне нешто во таа дупката што си ја направив последниот пат, па после ке одам на козматичар и никогаш веќе не чепкам сама :lol:
     
  13. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Најубаво е средни веѓи :)
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Dreem.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    моите се тенки ни не премногу, еве вакво нешто како овие во постот на сноу...
     
  16. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Јас сум за подебели веѓи, моите сама си ги правам,затоа што ми се ретки и на козметичар ми ги прават тенки. Не ни имам некоја посебна форма, тоа шо ми стрчи си го фаќам и терам :D оти ретки ми се де :rofl:
     
  17. Jowe

    Jowe Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    јас се чупам еднаш меесечно
     
  18. Anisijaf

    Anisijaf Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    15
    Јас не се чупам.
     
    На Jowe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Сакам подебели веѓи, но не па ептен. Сама си ги средувам, не сум била на козметичар и убава форма имаат. Ама кога ќе ми рече некоја другарка за чупање е тогаш стварно не знам. На друг не можам да ги средувам, само моите не знам зошто.
     
  20. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    168
    Девојки повторно јас со исто прашање :worried:
    Ве молам итно ми е потребна козметичарка што знае да средува деликатни веѓи. Ве молам препорачајте ми некоја во Аеродром. Може овде може и во ЛП.

    И да не бидам оффтопик јас сум за средни веѓи добро средени, но јас не успевам да го направам тоа за затоа барам стручна помош :(