Моите се средина некоја,ни тенки,ни дебели,таман ми се..Инаку доколку би бирала тенки или подебели-дефинитивно подебели,затоа што ептен тенки веѓи не ми изгледаат убаво,или па кога ќе видам исцртани со моливче,ама она апла се познава А инаку обично сама си ги средувам,а понекогаш знам и да отидам на козметичар
Моите се средни , ги средувам исклучиво на козметичар зашто се некако проблематични и кога ке фатам сама си ги упропастувам , кога би можела да бирам би избрала дебели , густи темни ! Неостварена желба ми се такви веѓи и слушнав имало некој крем што се мачкаш и ти растат забразно и таму каде што си немал баш влакненца и после можеш да ги обликуваш , но кај нас го нема , не можам ни името да му го дознаам , накој да не слушнал нешто ?
Јас сама си ги правам...порано ги правев многу тенки...ама сега ги правам подебели, има помалку работа а и поубави се некако.
јас имам средни веѓи, обично сама се чупам или некоја другарка ме чупа поискусна пошо не ми штрчат. дали сум исчупана или не..неможеш да приметиш баш баш освен ако не ми ги преброиш влакната
Не се чупам! КОсата ми е светло кафеава а кожата малку потемна од светлата ( звучам како несфатен писател, ама не знаев како да опишам), па затоа веќите ми се малку подебели
Повеќе сакам по дебели веѓи Али штета што немам ептен ми се слаби порано ми беа подебели Али јас си ги упропастив и сега никогаш не ги правам сама увек одам на козметичар
На секој различно му одговараат на лицето, но сепак сум за подебели. Тенките многу вештачки ми делуваат
и јас го делам ова мислење дека на некој( машко или женско) му стојат - личат на лицето ... Во секој случај не сум за Викенд на мртовци веѓа или гајтан веѓа да кажам пола лице веѓа
Моите се средни другарки ми ме чупа.Јас неможам да ги оставам да станат подебели ме нервира така несредена.Инаку дефинитивно сум за подебели веѓи поубаво изгледаат од тенките.
Средни. Моите се средни не одам на козметичар само првиот пат бидеќи имаат самите форма, не ми се допаѓаат слаби веѓи исцртани со молив ама ниту пак пуштени како гнездо дип мода..која мода..гнездо..
Подебели веѓи поубаво изгледаат и поприродни се, само сепак секој си има свој начин на обликување, најважно е линијата да е соодветна спрема цртите на лицето
Се зависи од формата на лицето. Јас имам подебели и многу ми се допаѓаат така... Го пополнуваат лицето и мислам дека многу поубаво изгледа.
нормални твоите како што се природната форма со измени прилагодени на лицето, јас средни имам и не можам да имам дебели затоа што не ми растат...а тенки тие што имаат посебно оние како прашалници што им се направени ми се смешни и многу глупаво изгледаат
Мислам дека тоа е различно кај секого во однос на ликот, на пример мене ми се средни ми дебели ни текни ептен, меѓутоа јас со подебели веѓи нема да бидам јас, всушност мене такви и ми се, ако сакам да имам подебели ќе треба да ги цртам Само ги досредувам малце и тоа е тоа. А, има други што не ги личат тенки веѓи и тоа е тоа. Сепак мислам не е како сакаме туку како стои
според мене подебели веѓи се поубави,јас имам не дебели така средни може да се рече,незнам тенките некако не ми се свиѓаат. многу ми е поубава некоја девојка која ке ја видам со дебели веѓи,а не тенки
Девојки јас сакамс редни веги , но гледам дека сум забегала со формава, очајно ми треба некој да ми ги среди профи. Ве молам препорака за средување веѓи некаде во Аеродром- бисер- стара стела...