Девојки,прашањево незнам дали е за тука но може да ми кажете некоја добра козметичарка што може да ми ги среди вегите.Зашто многу ми се катастрофа..И која цена ,место..Фала многу
Имав средни, ама сега ги пуштам сакам подебели. Ова ги пуштам страшно лошо звучи, и да, уште пострашно изгледа. Мислам дека почнуваат да ми тежат, некогаш и на видот ми сметаат, ама затоа си ги потскратив со ножички , а тек другата недела пред одмор ќе одам на чупање, депилација и тие ми ти работи. Едвај издржувам вака со веѓиве, уствари ова не се веѓи ова се веќе гајтани, ама трпи бабо за убавина. Од сабајле ако излегувам без наочари никако, а навечер седам во не толку густо посетени кафичи и избегнувам да седам до нешто како ламба, свеќа и слично, туку се бутам во темница. Мајка ми ми вика, од ова подебели и да сакаш не може да ти бидат, а уште малце ако ги пуштиш и низ врата нема да можеш да влезеш. Јбг, подобро мислам дека би ми стоеле подебели, според форма на лице, а и у хороскопот пишуваше као демек дебели веѓи - дебел новчаник па ќе видиме.
vegi треба да се пишува кирилица а за побрзо растење односно за пополнување на веѓите сум слушнала дека треба да се масира со лук е сега незнам ако не ти смета тој јак мирис пробај
Јас сум за подебели веѓи ,но не ептен дебели.. А тенки мразам..кога ќе видам некоја жена со тенки веѓи многу ми е грдо..Како некоја исцртана линија..
Нормални Природно имам многу грди и ретки веѓи,ама секоја недела си ги средувам и си ги цртам со моливче...