Па некогаш сама си ги потфаќам некои подраснати влакненца,а еднаш месечно одам на козметичар за веѓите и мустаќите хехехе мене лично ми стојат дебели веѓи такви и ги носам.Е сега,дебели или тенки сето тоа зависи од обликот на лицето и како тие стојат на лицето
И моите веѓи се средно дебели и си ги средувам сама со чупкалица. Се сложувам дека тенките веѓи изгледаат невкусно.
Јас редовно одам на козметичар, затоа што сама не можам сакам средни, ни многу дебели ни многу тенки..онака таман да бидат. Затоа што имам и светли веѓи, па не ми се ни познава, ми предлија да ги исфарбам! и сега за сега еднаш ги исфарбав и еве веќе 1 месец ми стои бојата.. па ако има некој светли веги, нека проба само не со фарба за коса, затоа што ќе си ја изгори кожата, нека иде на козметичар со специјална фарба ќе ги средат
последниот пот другарка ми коа ме чупаше ми ги утна али не по нејзина вина јас сакав издигнати али не ми исдкоција па сеа затоа си ги растам ги мачкам со рицинусово масло од тоа веѓите и трепките распат побрзо иначе сакам не многу делеби веѓи
Зависи на кого како му стојат, на некој му стојат подебели на некој послаби неможам да кажам дека вакви или такви се поубави. Мојте се средни засега
До сега немам отидено на козметичар за веѓите,сама си ги чупкам.Иначе моите веѓи се средни накај подебели а се чупкам еднаш неделно.Имам рамни шишки и не ми се гледаат баш веѓите.Затоа некогаш знам и да ги запоставам
јас ке ви кажам вака на плавите девојки со плави- светли веги подобро би им стоело подебели веги а не тенки па да изгледа како да немаат веѓи нели дека се светли и не се приметуваат многу па затоа е препорачливо подебели веѓички а за црните девојки и оние со потемни веѓи може и тенки да си ги прават, сега тенки, мислам тенки ама не 2-3 влакненца сепак тоа си е индивидуално и треба да си ги обликуваме веѓите според обликот на лицето
Јас најмногу ги мразам моите веѓи ! Значи, најмногу се нервирам кога ќе си ги видам Моите се ретки, а јас сакам да ми се погусти. Нема никаков препарат на пазарот што ги згуснува веѓите .. Многу пати сама сум пробала да ги кубам,ама изгледам СМЕШНА и затоа одам на козметичар
баш така мислам дека сега на мода се дебелите веѓи, али треба да се обликуваат според обликот на лицето како што кажа плавуша.
Девојки, имате искуство со поправање на формата на веѓите? Колку време треба да се пуштат да израснат? Некој совет? Фала многу
ќе ги оставиш максимум еден месец и ќе ги мачкаш со рицинусово масло за побрзо да ти пораснат и после ќе одиш на козметичар колку формата да ти ја направат
@ snake: Фала многу. Еве втора недела ги пуштам и сега и почнав да мачкам со маслото,сега засега доста раштракано растат...на секоја светска страна ама ваљда ќе подпораснат како што треба?! Слушнав дека не мора се да порасне ко претходно?! ах, ајде се надевам ќе се исплати чекањево
Јас имам средни, сеа ги пуштам да си ги направам подебели, фала Цуци за Маслото, ке си ко купам, па да почнам да го користам
Веѓите ми се средни ни премногу тенки ни дебели.Вакви и ми се допаѓаат несакам ептен тенки цртани веѓи.
Јас пред 3 години ги пуштив моите веѓи.. и растеа баш како што викаш на секоја светска страна.. ама веќе во 4тата недела спласнаа и се средиа... јас за време на растењето на веѓите си направив шишки па така немав гајле. Потоа си бев на козметичар и ме среди супер. Оттогаш уште 1 бев, а потоа сама си ги кубав. Иначе ми се средни по дебелина.