Морав овде да го поставам ова прашање, бидејки темава е поактивна. Прашањево до црнокоситe (фарбани) или природни, не е битно, каква боја ги цртате веѓите? Јас со темно кафеаво да ги правам на километар се познава дека се кафеави и некако не ми оди со косата дека веѓите ми се природно црни, дури и една другарка ме праша дали ги фарбам и нив a со црно да ги правам пак е too much. Се мислам за темно сива, имам пробано и не е лошо, сакав мислење од вас
Природно немам многу дебели веѓи така да многу малце време посветувам на нив. Сепак потенки ми се допаѓаат повеќе Дебелите воопшто не ми се убави, туку одвратни и мислам дека не се воопшто женствени
јас ги правам со црно креонче малку да се затемнат и идат како темно сиви и баш убаво се согласува со косата(црна секако ) а за да ги фарбаш веѓите, не!
Мн убаво се осељќам кога веѓите ми се за нијанса посветли од косата,преферирам кафеаво моливче или кафеава сенка за очи (многу убаво изгледаат и така)...и секако послаби...а косата ми е природно црна боја
Јас одам на козметчар зашто ми е страв ако се чупам сама да не искубам нешто што не треба и да изгледам глупаво Ако немам време за козметичар тогаш сама се чупам ама не така целосно туку само некои повидливи влакна. Се чупам на 3-4 недели бидејќи не ми растат многу брзо. Инаку ми се подебели веѓите а и такви ми одговараат на лицето. Мислам дека дебелите веѓи се поубави од тенките, сепак се зависи и до лицето.
Пробано докажано вдливо на мене Во шишенце СТАКЛЕНО ќе измешате маслиново масло+ бадемово масло+ масло од витамин Е капсули се купуваат една е по 7/8 денари зависно од сазмерот на масла колку ќе ставате, пример 4кафени лажици бадемово, 2 лажици маслиново, 4 капсули витамин Е, ќе го нанесувате секоја вечер пред спиење со четче од стара МАСКАРА претходно добро измиено со врела вода . Значи смесава е чудо и за трепки и за веѓи. мене на козметичар пред месец и пол ми ги направија линија , полудев кога се видов во огледало ке ја отепав козметичарката, ама еве сега сум со бушави веќи Вива ла Масла
какво е тоа масло од витамин е, само така ли да прашам? зашо денес си купив маслиново,бадемово дома имав и прашав масло од витамин е, и оваа зачудено ме погледна и рече нема иначе ќе има ефект ако само маслиново и бадемово?
имам природно тенки веѓи за жал самите изгледаат ко чупани постои ли нешто феминки што би ми помогнало да ги згуснам веѓите освен моливче масло некое или слично...?
Веѓите сама си ги чупам. Порано имав тенки веѓи малку подигнати а сега ми се на почетокот подебели а на крајот потенки.
Јас се чупам еднаш неделно Малку само, на крајот, оти нели модерни се природни, густи убаво оформени дебелки веѓи и уживам во реткото чупање (Господ здравје да му даде на тој што го изнесе трендот дебели веѓи ) Еве ова се моиве веѓи:
Срцка остави ги да растат, знам дека е тешко и на почеток ќе те нервираат ама откако ке пораснат ќе ги кубеш само влакненцата ептен што шртчат, ќе си ја следиш природната форма и ќе ти бидат најубави на цел свет Исто за побрзо растење можеш да си пиеш витаминчиња б комплекс и витамин Ц.
како нема, од каде си го купи ? Од аптека ќе си земеш 10ттина капсули се делат цената им е од 7до 9 денари за една капсула. И мене прво така зачудено ме праша но после и кажав за што ми треба и дека ми требаат капсули, па ми даде . Селиот ефект се состои најмногу во витаминот Е така да без него не го ставај за џабе еве ти и слики како изгледа пакувањето од кое јас земав.
Потенки мене повеќе ми се допаѓаат. Јас имам средни, значи ни дебели, ни тенки. Според мене дебели веѓи и стојат многу убаво на Cara Delevingne. Инаку кога ќе можам ќе ги сликам и јас моите. Спојлер
Јас се мачкам со рицинусово еве неколку дена и на веѓи и на трепки искрено почнав да забележувам разллика само на трепките како да ми се погусти, а на веѓите засега никаква разлика