да, може и овој, малку има непријатен мирис мислам, но може да поминат и тоа како Можеш но во комбинација со бадемовото масло и витаминот Е Витамините кои се наоѓаат во бадемовото, поттикнуваат раст на силни и густи нови влакна И рицинусот има доста бенефити во коренот на влакното Па можеш да ги измешаш пример 5 лажички рицинусово, 5 бадемово , и останатите споменати состојки за подолготраен ефект
Јас природно имам дебели веѓи, но до пред некое време ги чупав тенки.Сега ги оставам подебели и мислам дека така се поубави, односно поубаво ми стојат.Кога ќе видам некој со подебели веѓи ми изгледа некако понаивно и послатко, може и јас така ќе изгледам, а?
Ги чупам потенки бидејки така повеќе ми се допагаат. Несакам дебели веѓи, но не и претерано тенки. Некоја златна средина. Инаку веѓите сама си ги средувам, не одам на козметичар, а и не ми одзема многу време.
Здраво девојки, сакам да ве прашам нешто...Се чупав долго време и формата на веѓите ми беше тенка, но решив да ги направам дебели па еве од летото ги пуштам...Левата веѓа ми е се во ред, ми растат влакна и од доле на десната веѓа не сакаат да ми пораснат, незнам во што е проблемот, ниту ми расте напред од каде започнува веѓата, ниту под неа...Па ако имала некоја друга ист ваков случај, што направила? Зошто уште малце планирам да ги пораснам па да одам на козметичар да им дадат форма, но вака едната ми е сосем спремна да ја средам, а другата, не ми растат влакна воопшто?
Vegi И јас го имав истиот проблем,цел живот се мачам со моите веѓи..но вака направив јас,нели пошто едната баш ми е многу убава вега не и обрнувам многу внимание,а за таа проблематичната бидејки неможе никако да се поправи си купив моливче со иста боја како моите веѓи и така си ги поправам несовршеностите,и секогаш се трудам да ми изгледаат природно.Верувај ми никој не забележува дека користам молив
Јас сум за нешто измеѓу, но ако веќе бирам, тогаш подебели, но средени. Ми даваат поприроден и помладешки изглед, додека другите ме потсеќаат на злобните ликови од цртаните (како што вика gossmakeupartist) и понекогш изгледаат како запирка. Овој туторијал најмногу ми помогна http://youtu.be/ZGjR2aqkbVQ
ги пустам да ми потраснат малу веѓиве и сега сакам да ги ичупам,само незнам како ако има некој идеа или слика нека пише плс
Идеа за веѓи? Јас мислам најдобро да одиш на козметичар и тие да ти ги направат. Затоа што не секоја форма на веѓа му стои на секому. Обликот на веѓите се одредува според обликот на лицето
Јас одам на козметичар секој месец за моите веѓи Инаку не сакам многу тенки а и не многу дебели најдобро средни а и јас такви имам Еве вакви:
Исто и моите се ваквии само јас сама што си ги правам,не обожавам дебели ниту пак многу танки,туку средно дебели како на сликава
Убави се подебели веѓи, но ако се уредно и убаво средени, инаку моите ги правам на козметичај на 2 недели и баш сум задоволна од формата.
јас средини накај тенки, неможам да се замислам со дебели веги...не ми стојат никако ,,,средни најубавооо
Средни ми се , сакам малку да ми се подебели ама никако неможам да ги пораснам, а за со сенка не ме бидува , антиталент сум за шминкање
Јас сум за средни. Ни дебели, а ни тенки. Моите се средни, од кога си ги средив вчера(иначе дебели ми беа, ако ги оставам да си растат, можат скроз до окото да ми растат ) и многу се бендисувам
Тоа зависи не само од индивидуалната желба,туку и од формата и големината на лицето.Моите веѓи се средно дебели и темни и сама ги средувам.Ама како и на секоја човеки дел покриен со влакна(коса,интима,пазуви) и влакната на веѓите ми растат како луди