Веѓи имам средни, повеќе накај дебели и ми се допаѓаат. Одам да ме чупаат али не многу често. Инаку дома ги потсредувам, околу нив ако имам пораснати влакненца. Инаку тенки веѓи не сакам, подебелите ми се поубави.
A како е со луге и работа? Мислам морам да си закажам или можам директно да си одам до салонот? -> Си го прочитав одговорот на прашањето погоре.
@Leeloo, замисли уште не сум се осмелила да одам. Ги средив одамна веѓите, сега ми се нормални и не експериментирам веќе, иако уште ги средувам сама. Не се распрашав подетално, ќе ја мислам ако некогаш ми се јави потреба за веѓиве. Најделикатна работа ми се.
Ги здебелив некое време, нели беше по "модерно" , ама сватив дека не на секој му седат секакви веѓи, па еве сега ми се некоја средна дебелина и океј се..Инаку никогаш не сум одела во салон, некако и сама си ги погодувам.
Јас бев инаку, и сум доста задоволна. Брзо и ефикасно. Моја единствена желба беше да не ми ги тенчи вегите, така ми се густи и дебели.. и така ми останаа. Формата ми ја даде девојчето и како што реков, сум ептен пријатно изненадена.
Не знам,случајно прочитав на гугл, америчка работа, па ме интересираше дали некоја од вас го прави тоа
Jas licno ne sum,a i ne bi ni probala nikogas,bidejki kremite za depilacija ne gi vadat vlaknata od koren.A stom ne gi vadat od koren,togas mnogu losa ke bide posledicata potoa.
Јас имам тенки веѓи, би сакала да се малку подебели, ама очигледно тие не сакаат не растат... А недај боже да земам да ги здебелувам со моливче е тогаш изгледам како циркузант бидејќи сум екстремно бела Така да женски бидете среќни ако имате подебели веѓи можете да си ги обликувате како ви душа сака
моите се средно дебелки, и имам прилично густи веѓи, тоест многу ми растат, се нервирам коа не можам да ги напраам барем приближно исти или коа ќе ги напраам убави и после ми се разбушавуваат
Секогаш сум за подебели веѓи,а и такви се и моите. Внимавам постојано да ми се средени и најчесто ги средувам сама,но понекогаш одам и на козметичар. Подебелите веѓи можеби се потешки за одржување,но изгледаат многу поубаво и поприродно тенките. И уште кога ќе видам девојка со тенки веѓи и над нив кило моливче или па веѓи во форма на запирка,ми се плаче. Секоја девојка треба да обрне внимание на изгледот на веѓите,зошто некогаш средени веѓи може да завршат повеќе работа и од шминка.
дали поубаво стојат тенки или дебели, зависи многу и од очите. според мене, на покрупни очи стојат (средно) дебелки веѓи и обратно. убави се и тенките веѓи ама не онакви како една црта само и делот до носот напраен како кругче исто така ако се потенки, не треба да бидат многу оддалечени над окото, даваат изглед како без веѓи А и нема секој убави густи веѓи. Некои имаат природно поретки или со лоша форма, па мора со моливче. Сепак се разликува природни веѓи од цртани со моливче кои некако ми изгледаат вештачки и не се совпаѓаат убаво со лицето инаку од што може да се ретчат веѓи? Последно време, на еднава веѓа ми опаѓаат влакненцава. Убаво ми беше така средно дебелка, и почна да ми се ретчи. А исто и другата ама помалце
И јас си одам кај Амели спроти 26 јули што е (отприлика). Кога она ми ги средува ми се подебели, со поубав облик, подолги. Инаку и природно имам подебели и темни веѓи. Кога ќе ми текне на периодот кога сама си ги "средував" тенки и изгледав ко бугарка за пет лева, ми се плаче. А да, се закажува обавезно телефонски, пошто кога и да отидам е гужва невидена.