1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тенки или подебели веѓи?

Дискусија во 'Лице' започната од suGarBaby, 5 февруари 2010.

?

Какви се вашите веѓи?

  1. Потенки

    411 глас(а)
    28,7%
  2. Подебели

    1.021 глас(а)
    71,3%
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.160
    Пол:
    Женски
    Јас сама си ги средувам веѓите. Ми се допаѓаат и тенки и дебели, зависи на кој како подобро му стојат. Јас имам забележано дека со потенки поубаво изгледам и тенки си ги правам. На некоја подебелите веѓи добро и стојат, на некоја па воопшто...
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Јас си ги правам многу тенки,таква ми е формата години наназад,не можам да се замислам со дебели веѓи,а кога ќе видам на некоја девојка како убаво и стојат подебели,си велам и јас ќе ги згуснам,ама џабе секое наредно кубење јас пак ги правам преслаби:D
     
    На 2212 и kjukli им се допаѓа ова.
  3. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Моите имаат некоја средна дебелина, ни многу тенки, ни многу дебели...Секогаш ги средувам сама..
    Пред некое време решив да ги здебелам, бидејќи многу ми се допаѓаат дебели веѓи, ама сватив дека не ми стојат, за жал..и така ги вратив на старата форма...
     
  4. kLem23

    kLem23 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Подебели.редновно одам на козметичар..
    Тенки веѓи мразам кога ќе видам не стојат кога се подебели е нешто друго.Но сечуј вкус е различен :)
     
    На mirandaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. beautu17

    beautu17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве молам дајте ми спас. По природа имам кафеави темно и дебели веѓи, и сама си средував дома до сега и си правев некоја форма ок беше, ама јас како јас премногу сакам да екпрементирам и бев на козметичарот за кој се вели дека е најдобар во мојот град. Луѓе од дебели веѓи ми остави линија, очајна сум луѓе, верувате или не моментално плачам. Се заколнив дека повеќе никогаш ама баш никогаш нема да одам да ме средува некој. А замислте оваа недела треба да испадна со дечкото кој долго време се свиѓам, луѓе полудевв.....кажете ми спас ве молам.
    Целиот проблем беше во тоа што не знам како да ги сечам веѓите и со какви ножици затоа бев, ве молам постирајте ми видеа, и ако некој знае како се кратат веѓиве никогаш веќе нема да одам. Ве моламм луѓе како побрзо да пораснат, за 2 дена барем малку, ве молам...
    Не можам ни да ги цртам зашто буквално се линија.....како истетовирана да сум, сосем ми се смени изгледот, ќе полудамм..... Луѓе верувате или не ја такви ми ги направи 20100228_024330_maquiagem-preta.jpg Ве молам помогнете ми ве молам, моите веѓи брзо растат, кажете било каков совет. Овој викенд треба да се видам со дечкото кој подолго време пишевме, а јас нема да можам со такви веѓи да одам никаде. Ве молам.....
     
  6. kLem23

    kLem23 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Пополни ги со моливче на Golden Rоse 113 исцртај и малце по една линија над веѓата и под неа така ќе изгледаат скоро природно :)
     
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Секој ден со кокосово масло мачкај таму каде што ти "фалат" веѓите, ќе ти се згуснат и пораснат. Ова помага и за поголеми и погусти трепки. Исто така можеш и со маслиново масло. На стапче за уши нанеси, и намачкај на веѓите.


    Патем, моите не се многу дебели, а не се ни многу тенки, златна средина. И искрено, такви најмногу си ги сакам и такви си ги одржувам. На почеток се унаказив, ама ми пораснаа на местата каде што треба. Не ми треба цртање за да им се даде видливост, сами по себе се доволно густи.

    А, многу ме нервираат оние танкине ко конец, во вид на лак (голем). Драматични и нападни се премногу. Или оние 99,9% молив, до уши нацртани (во школо секој ден по 10 такви гледам).
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Kolku odprilika ne treba da gi sreduvam doma za da potporasnat,sakam da go smenam oblikot,da posetam kozmeticar,nesum gi cackala dve nedeli sigurno, ama mislam malku e neli?
     
  9. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно подебели :)
    Сама си ги чупам :)
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Се разбира подебели и сама ги чупам :D
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Сама ги обликувам веѓите но сега ги направив потенки и не ми се допаѓаат ама ич.Дали со маслиново масло можам да го забрзам растот? Јас трепките ги пораснав со маслиново итоа имаше резултати по 1 недела, кај веѓиве ќе биде истиот ефект?
     
  12. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Би требало. Рицинусово или маслиново масло за веѓи, супер се и двете. :)
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Мене многу ми се тенки а ги растам еве скоро еден месец.
    Сега сакам да се чупам ама се двоумам каде, ај препорачајте ми некој што убаво ги обликува веѓите во Прилеп?
     
  14. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Леле со постов ме врати на моите почетови со чупањето веѓи.Бев некаде 7 и решив дека треба да се исчупам и мајка ми ми кажа немој да си се чепкала сама, на козметичар ќе одиме и ќе ти ги среди.А јас инат , си мислев голема филозофија е влакна да искубеш! Без знаење на мајка ми, прв пат фатив чупалица во рака и... и... и... што да ви кажам:DEдни тенки никакви, неправилна форма, па и напред едната си ја искубав по грешка па сега викам да се еднакви и другата ќе ја искубам(facepalm)

    Значи не можам да опишам колку беа лоши, ми требаше повеќе од година дена да пораснат скроз напред, на слики не ми се познаваа од што по едно влакно во ред имав оставено.И ова не беше крај на моето патешествие.После откако ги пуштив кога отидов да се чупам , кога ми ги истенчија, а јас толку ги пуштав.И добри година две изгубив верба во козметичарки и сама си ги потсредував ептен по малку, додека другарка ми не ме однесе она кај што се чупа.Таму не можев да верувам , жената буквално направи чудо од моите никакви ретки веѓи.Значи со недели се гледав и не можев да верувам дека тоа се моите веѓи.Од кога се чупам таму и си ги подистакнувам, ги пополнувам.

    Друго што сакам да кажам е дека мислам дека моливче е најлоша варијанта за пополнување на веѓите.Толку вештачки , толку ми е некако непогодно за маневрирање, за да направиш природно да изгледа.Според мене со некоја сенка земјени тонови, со оние сетови што исто имаат структира на сенка или кој може да си дозволи препорачувам на Anastasia Beverly Hills.Има повеќе добри варијанти, мене најмногу ми се допаѓа нивниот бестселер dipbrow pomade, а исто што сум гледала видеа имаат и не моливчиња него пенкалца многу тенки со кои можеш да исцртуваш (имитираш) влакненца на местата каде што немаш.

    Папилон еден совет, не се чепкај веќе сама , пушти ги и оди професионалец да те среди, моите од што многу пати беа упропастени , сега не ми растат на некои места ;( Послушај паталец :D:D
     
    На Papillon.Papi и blueberry93 им се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Јас уште ги растам (сега во должина). Едната ми е подолга од другата и многу асиметрично изгледа... Но, ја префрлам косата на лева страна и долгата веѓа ми е прикриена (and no one knows...). :devil: Сега само од долната страна влакната ги кубам (тие што се вишок).

    Слични се како на сликава (само малце погусти).
    [​IMG]
     
    На Tinushka и LaraSolare им се допаѓа ова.
  16. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Хаха ме насмеа со начинот што си го нашла да прикриеш :)))))) Јас сепак би ти препорачала да се стрпиш некое време и после да отидеш кај проверен професионалец, стварно има разлика :D
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Devojki kazete mi so sto da gi mackam vegite da mi porasnat pobrzo,momentalno mi se potenki,a sakam da mi bidat podebeli i pogusti.Momentalno gi mackam so maslinovo maslo,ama nema nekoj efekt,na nekoi mesta ednostavno ne mi rastat vlaknenca.Pomagajte ocajno sakam da gi smenam
     
  18. Dolores93

    Dolores93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    7
    Дечки ајде препорачајте ми некое место кај што обликуваат веѓи со восок ,ама некои добри
     
  19. Dolores93

    Dolores93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    7
    Пробај со рицинусово масло
     
    На mimi**** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KatarinaLehotska

    KatarinaLehotska Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    За мене зависи од бојата на косата. Кога сум црнка или бринета ги носам подебели, сега како плавуша ги носам потенки и задолжително ставам пудра врз нив за да добијат на светлост.