А си видела некоја девојка со плава коса и вегите исцртани со црн креон? и тоа ептен упаѓа у очи грозно за гледање.... Моите ниту се текни ниту дебели,ги цртам но многу малце,се разбира со моливче кое ми одговара
од секогаш сум имала подебели веѓи, освен кога прв пат сама се исчупав и ги направив тенки тенкии.. мајка ми ме зезаше ми викаше веѓите ти се како Кривопаланечки пат и после тоа ги пуштив скроз дури ми станаа без облик и убаво како што треба ги исчупав и од тогаш ми е формата погодена како што одговара на моето лице
Koga pocnav so cupanje mi bea tenki zosto togas takvi se nosea. No ,sega deka se vo trend podebeli samo gi oblikuvam no ne gi iztencuvam mnogu.
Природно ми се во форма како сега што се носат само на краевите морам да ги тенчам за да бидат на лик убави. Тенки никогаш не сум имала, само еднаш си ги избричев и двете веѓи до половина, и при чупањето сега ме боли, но не како што беше..
Природно имам подебели веѓи и на времето ги носев тенки ептен и претерано ги истенчив и последнава година решив да ги пуштам да пораснат бидејќи нели подебели беа во мода и ги откако пораснаа сфатив дека сум направила огромна штета со тоа што претерано сум ги кубела и сега некаде има влакна некаде празни места и затоа морам да ги доцртувам за да изгледаат природно. Затоа девојчиња примете поука од мојот пример и немојте да ги кубете веѓите претерано затоа што после ќе ви биде жал.
Поубаво суштество од Кара и веѓи како нејзините за мене нема... мене ми е многу заводливо жена со подебели ама средени природни не цртани или тетовирани, тоа ми е одвратно.
ако имаш густа коса подобро е подебели веѓи ипак потенки појќе ми се допаѓат инаку немам живци сама да се чупам секогаш одам на козметичар
Кога бев помала,веѓите сама си ги чупав и ми беа најужасни во историјата на веѓите..Потоа си ги пораснав и си бев на козметичар таму ми направија форма,ми ги погодија.Сега ми се зараснати,ме фатило некоја мрза за на козметичар...
Имам нормални веѓи, дебели, со убав облик, стално исчупани. - Колку нарцисоидно звучам Едно да подникне го чупам одма.Не сакам не средени веѓи, прецртани веѓи или тетовирани. Никогаш ама баш никогаш не сум ги цртала.
Рицинусово или кокосово масло, побрзо растат па може и ќе се згуснат. Пробај , нема да ти паднат, проверено
Feminki aj predlog za nekoe studio vo centar ili okolina na univerzalna ,debarmalo..nekoj sto cupa ubavo I ste zadovolni
Средина, не ми се ни многу тенки ни па дебели. Ги пополнувам со моливче и супер изгледаат. Не ми стојат дебели и не ми се допаѓа кога ќе видам такви веѓи.
не знам, жената се вика Кика, на самиот кружен тек, нели има менувачница на ќошот па фризер па она е. не сум била 6 месеци но ваљда таму е уште.
Моите се потенки откога ме осакатија во еден козметички салон и од тогаш не сум отишла да ми ги чупат сама дома се чупам. Инаку не сакам ни многу тенки веѓи ниту пак многу дебели, средна дебелина најдобро, ако има некој недостаток ќе ги нацрташ , ќе ги средиш и готово.
Ајде кажувајте некој добар салон низ Ск од кои сте задоволни во однос на веѓите, не бидете себични , многу девојки ни шетаат ги гледам со прекрасни веѓи