Многу сакам подебели, потемни и полни веѓи, ама на друг да гледам зошто јас имам мало лице и не би ми стоеле. Природно, имам средни веѓи, ама откако отидов на козметичар многу ми ги истенчи, таман им даде убава форма, отидов кај една друга, таа ми ги упропасти ептен и од тогаш скоро и да не одам на козметичар, еве неколку месеци ги пуштам, малку ми се пораснати па ќе одам сега само да ми дадат форма.
Јас сакам средни, ниту дебели ниту тенки. Важно да имаат облик кој одговара на лицето и да бидат уредно средени, исчупани, пополнети и фиксирани.
Го видовте ли новиот "тренд" на обликување на веѓите? Брановидни веѓи. Јас само едно ќе кажам - никогаш. Спојлер
Мене ми личат баш на пијавици. Овие "нормалните" беа имитација на пијавици, сега имаме ептен репрезент и за тоа. Не знам што се случи со нормалното обликување на веѓи претходниве неколку години. Избегнувам да посетам козметичар баш поради таа причина - имам многу светли веѓи и не памтам кога сум имала успешно средување веѓи без да ми упатат коментар "ее ништо што не може да се среди со малку моливче". Па гелови, сенки, фиксатори за веѓи, диплајнер...јадното моливче очигледно одамна заминало во историјата како "демоде".
Навистина се претера со модава за веѓи, на што личи она погоре , јас сум против следење на мода туку на кој што му прилега убаво на лицето. И да тие сенки , гелови , маскари за пополнување веѓи , лепенки и што ли уште не , се гледа од километар дека се е неприродно - ма златно моливче , колку и да испробуваме нови работи се на него на крај се враќаме
Нормално исчупани веѓи. Ниту тенки, ниту дебели. Ми се лоши кога ќе видам веѓарки, па уште исцртани со молив...
Средна големина но целосно полни. Ретко кога ги пополнувам, а и кога го правам тоа гледам само некои мали празнини да ги затемнам и толку. Мразам молив преку цела веѓа, а особено на самиот почеток кога се исцртани преголеми, многу вештачко.
Имав природно густи и feathery што велат сега популарно веѓи но притисокот на општеството во раното тинејџерство на некои си 14 години ме натера да ги искубам зошто тогаш беше жив срам да шеташ со природно густи веѓи и така јас млада и неискусна земав да ги кубам сама што доведе до катастрофален исход. Потоа кога сфатив колку ужасно изгледаат решив да почнам да идам на козметичар и така неколку години со ред си идев кај "професионалец". Имав убава форма како за тогашната мода (слаби како знакот на nike ) ама тоа што нон стоп идев на кубење направи сега да не ми растат влакна на одредени места. Фала му на бога нешто ме освести и еден ден прекинав да одам на козметичар и ги оставив веѓите, не ги гибав воопшто реков не се замарам повеќе со нив нека тераат. Од тогаш има поминато добри 5-6 години и сега буквално веѓите ми се како препородени. Ми се врати природниот изглед и густина само напред неколку празни места кои морам да ги пополнувам со моливче или сенка. Никогаш нема да си простам што ги слушав другите али јас ајде да не ми се смеат, арно ама другарка ми шеташе цело тинејџерство со жбун веѓи - и се смееа ама затоа сега и се преубави.. Ако би имала ќерка нема да знае пинцета како изгледа, има да бега од неа како од ѓавол
Би сакала да прашам нешто во врска со формата на веѓите. Кога прв пат си ги исчупав, ги упропастив, и потоа со тек на време одев на козметичар ги обликував .. Но секогаш едната веѓа ми беше повисока од другата.. Но тогаш не се замарав.. Пробав сама да си ги средам но секогаш ги упропастував.. Пред една недела отидов на козметичар и реков дека формата не ми е иста на двете веѓи и да ми ги среде да ми бидат исти.. Козметичарката ми ги среди и ми рече да почекам во некои делови да ми пораснат и пак да отидам.. Е сега формата ми е иста, барем така изгледа.. НО сеуште левата веѓа ми е повисока од левата, левата ми е поспуштена.. Земав да барам слики од кога сум била мала кога не сум се чупала воопшто и тогаш забележавв дека исто така едната ми е повисока.. Сега ме интересира дали некако може да се среди тоа, и веѓите да бидат во иста висина, бидејќи не ми изгледа на себе убаво..
Секој треба да се држи до она што е природно. Убаво исчупани, можеби и убаво исполнети ако има желба особата (со соодветна боја и во соодветна количина) Не сакам кога некој има мала фаца и крем банани место веѓи.
Не можам да се одлучам дали малку да ги отенчам вегите некако како да не ми многу личат волку дебели на лицето, што мислите?
Ау никако, толку прекрасни веѓи да ги тенчиш. Имам впечаток дека си крупна девојка, имаш големи усни, истакнати јаболкници, високо чело, сето тоа е пропорционално, тенки веѓи би биле една огромна утка.