Бројче, сосема малку ако ги истенчиш...не ќе е утка, можда и подобро ќе е. Ама, да не ги направиш тенки. Да останат дебели.
@Rebecca_R @zhap4e напротив имам ситно лице, порано ми беа тенки инекако ми се свиѓаше ама пак сакав малку да ги здебелам па ептен ги пораснав и сеа дилма. Еве една слика во спојлер Спојлер
Мене повеќе ми се допаѓаат дебелите веѓи, немаме придавка со која би опишала, еве ќе речам "побогато" изгледаат. Инаку не мислев на ситно лице, туку цртите ти се такви, немаш тенки усни, да речеме, и со дебели веѓи се е пропорционално. Е сега, тебе и тенки веѓи добро ти "стојат" а ретко на која девојка и стојат така добро, ама ете, прашање на вкус е.
@1209 прекрасна си и мене многу ми се допаѓа како ти стојат подебелите веѓи, ти ги истакнуваат очите. Доколку ептен сакаш, пробај сосема малку истенчи ги, ама под малку подразбирам буквално само 1-2 реда влакненца одоздола, потенки од тоа мислам дека навистина немаш потреба
Девојки,закажав кај амели студио, прв пат ќе одам, по препорака на повеќето од вас овде. Имало повеќе девојки, кај која да одам или сите се добри?
Имаше една козметичарка во Диор-Автокоманда, Маја се викаше. Девојката работеше феноменално, само таа знаеше да ми ги направи веѓите асални. Но, отиде на породилно и подоцна си замина од таму и не кажуваат каде е преместена. Дали некој можеби знае?
Никогаш не сум го сфатила тоа слепо следење на мајк ап трендови. Значи, дебелината на веѓите се прилагодува на цртите на лицето и фризурата. Што значи дека на секого не му стојат дебели веѓи. Замислете ја Тејлор Свифт со дебели веѓи. Еве некои примери: За мене, ова е несредена веѓа. А кога би ги средила би изгледала супер, вака лицето изгледа не симетрично и подебело. Иако, девојката е очигладно слаба. Убави црти на лицето, ужасни веѓи. Ова може да се случи кога потполно ги оставиш на слобода. Освен тоа споени се. Совршена шминка и одраз на женственост. Ми се допаѓа тоа што основата е оставена подебела, додека пак краевите потенки.
Природно сум црна, веѓиве моментално ги носам подебели иако во последно време ми се доста изретчени, па дури и ги цртам - порано не сакав ни да слушнам за молив за веѓи. Имав период кога бев шатирана плава и тогаш ги носев потенки за чисто да не бидам „плава циганко“. Лично сум за средени веѓи - да не се спојани, да не се познава обраснатост. Другото е веќе прашање на вкус, јас лично со потенки веѓи добивам поостар изглед. Ги депилирам секоја недела и пол дека за месец дена станувам Фрида Кало
Имав стварно убави и подебели веѓи ама една шо ме чупаше лом ме направи, ми ги истенчи, а формата ми е како на некоја пензионерка. Веќе подолго време се немам чупано зошто сакам да ми се здебелат ама влакненца ми растат околу веѓите а формата не се менува. Страшно се нервирам
Ја иам едно место кај шо уопште не ми растат влакна на веѓите, и увек со моливче морам да стаам една линија пошо иначе е као дупка. Бај д вејјј, ич неќам коа ке видам ем темни веѓи, ем прецртани. Не личи
си закажав прв пат за чупање на козметичар да видиме какви ќе бидат.сакам и да ги исфарбам,но неможам да најдам каде.што мислите во домашни услови како би било фарбање на веѓи?
Немој да ги фарбаш во никој случај. Прочитав дека било штетно и без тоа постојано растат нови влакненца и ќе бидеш шарена. Ако сакаш да ги обоиш најдобра опција ти е да си земеш моливче за веѓи.