Имам тенки веѓи.. Секогаш кога одам на козметичар да ми ги средат ме убедуваат дека формата ми е иста. Но не е така.. Веѓите не ми се симетрични.. Како да ги средам.? Веќе долго време ми се вакви..
Па не би рекла дека ова се тенки веѓи, не се ни дебели, баш таман се. Тенки се оние на почеток на милениумов што беа тренд, две влакна над очи Според мене, убаво ти стојат, не мора ни потенки ни подебели, а ако сакаш само обликот да го смениш, или смени козметичарка (ако мислиш дека моменталнава не ти ги погодува убаво) или пробај сама да си ги средиш, од кај знаеш дали нема да ти излезат поубаво отколку друг да те чупа
Веѓите се сестри, не се близначки. Потешко можеш да го постигнеш тој изглед на инстаграм веѓи, но скроз исти веѓи не делуваат воопшто природно. Со бело моливче можеш да ги оцрташ деловите каде што сакаш да се исчупаш, потоа кога ќе ги искубиш несаканите влакненца можеш со мали ножички да ги скратиш веѓите. И да, таманка ти се веѓите
Па можеби е тоа до конструкцијата на лицето и природната поставеност на веѓите Јас по ова што го гледам на сликиве добри ти се.
И мене порано ми беа такви веѓите. Ги оставив да пораснат, па со моливче мерев дали лакот има иста висина кај двете веѓи, па потоа искорнав се што не беше под конец. Треба само трпение
Салон каде ќе средат веѓи како што ќе побараш? Не Амели, еднаш сум била и крајно незадоволна поминав. Ај што ми ги истанчи тотално непотребно и со денови после не можев да смирам кожата со црвенило и точки, туку ми ги направи толку како со лењир до милиметар како сечени од сите страни па и одозгора, не знам да објаснам, многу грдо. Сакам далеку поприроден изглед од тоа, ако има низ Скопје некој што знае да ги среди ве молам предложете.
И мене Амели ми ги истенчи па ме убедуваше дека на моето лице не стојат дебелиа не знам колку време ги пуштав,ми се плачеше. Последен пат бев во Диор Автокоманда и ми излегоа страшни бели гнојанки,над веѓите кај што ме поминуваше со восокот.Гадотии.
microblading е најдобрата одлука што сум ја донела, веѓите ми се симетрични,идеална форма за моето лице и никогаш немам веќе потреба да ги цртам освен ако не сакам малце да ги затемнам.
Девојки ве молам споделете искуство со microblading Сакам да си ги средам веѓите и да не се замарам да ги цртам Дали ви ги погодија,каде ги правевте?
Dali navistina ricinusovoto maslo pomaga za da se zgusnat vegjite i posle kolku vreme koristenje ima rezultat ?
Искуство кај Spa Harmony (Маја Балова), преубаво прави девојката, со квалитетни бои, траење 7-8 месеци (индивидуално е тоа сепак), нема никакви белези после тоа, бојата само полека избледува и треба пак да се обноват. Еве како изгледа тоа:
бев јас во принцес академи или како и да се вика кај министерство за одбрана се наоѓа,по лошо работење немам видено,катастрофа жива,џабе парите си ги дадов,за 3 дена ми се излупија цели,нити маст помагаше ни ништо
Najdobro kozmeticko studio vo Skopje za vegji? Ama mi treba stvarno da se jaki posto epten sum perfekcionist za vegji. Vo odlicna sostojba mi se no kozmeticarkata se preseli vo stranstvo i baram nova. Da bidat iskusni, ne e vazno kolku naplakjaat I da ne gi pravat pretenki I shablonski tuku spored lik. Fala odnapred.
Здраво моите веќи се мн ретки не ни ги чупам дали некој знае како што да користам за да ми пораснат ?