Моите се различни, ама така ми растат и никако неможам да ги направам како што треба. Овде ми се баш исцртани, а инаку почетоците ми се поретки и не ми изгледаат убаво без да ги пополнам. Имам среќа што мн. бавно ми растат и ги чупам на 2-3 месеца, знам само со ножичка да ги поминам некогаш.
Масло од рицинус. Во аптека имаш во мало шише за некои 80 денари. Не знам колку често треба да се става ама јас еднаш неделно ставам на веѓите, ми стои така 3-4 саати и го бришам после. И има ефект. Ама прави ова ден коа ќе си дома зашто баш се познава дека ти се мрсни веѓите дур стои.
Девојки каде да одам да ми ги средат веѓите?Постои ли некоја метода освен тетовирање влакно по влакно привремено да е?
Веѓите ми се ретки, но со долги влакна и изгледаат густо и убаво, но малку ако згреши козметичар додека ме чупа, одма дупка ми се прави. Баш би сакала некако да ги тетовирам и да ми се пополнат да добијат убава форма, но не ми се дава толку пари, сепак не е трајно, велат 6 месеци трае, но знам дека мои блиски плаќаа за Phi Brows по 300-400 евра и за 2 месеци им се избришаа...
Microblading... Многу природно изгледаат траат година ипол до две јас сакам за себе но сакам уште инфо да соберам. Ако имаш и ти инфо или другите девојки да пресечеме и да се пролепшаме
Јас се мислам за microblading, ама многу ми е страв да не ме зафркнат.. Кај некои девојки многу ми се свиѓаат, ама некои катастрофа.. Кога би ги правела би отишла кај Јета. Ми делува дека убаво работи вака по слики. 6000 ден. е двете сеанси. Има ли некој искуство со неа?
Нели е микроблејдингот тетовирање? Јас имам клиентка правела пред 2 години, тетоважа е всушност нејзиното , и ги утнале, црна боја и ставиле а она смеѓа, божем ќе избледи, ама тешко, ја унаказиле скроз. И не и мрдаат... Е од тоа ми е страв. А и не сакам ко на сите дебели ептен, сакам убава, средна дебелина... Ако ме разбравте...
Те разбравме Јас на 100 ума сум таман ќе се решам се предомислувам Девојчето ми рече дека би ме исцртала прво да видам форма, дебелина и ако ми се допадне би правеле ама јас еве уште се размислувам
Го користев пред некое време веќе не. Ми згуснаа бајаги не можам да ги средам сега. Инаку се шлапав цело време и преку ден коа ќе ми текнеше и навечер. И на трепките ставав само таму малце гадно е во очи коа ќе ти влезе..