Моите веѓи на краевите ич не се густи, а баш сакам, плус од чупкање ми беа доста истенчени. Ги пуштив да пораснат, потполно и сега ги чупкам само минимално кај што ептен штрчи, а ги обликувам со безбојна маскара само, не ги цртам воопшто и многу ми се свиѓа како изгледаат природни.
И мене исто. Можам да ги избројам влакненцата дури, а ко шо ми се светли Ај сликни ја маскарата ко ќе можеш.
Да има во ДМ на Алверде но можеш да пробаш и со рицинусово масло, јас месец дена ставав секоја вечер пред спиење и имам одличен резултат
Не знам дали е соодветна темава ама секој пат кога се чупам ми излегуваат поткожни бубуљици над веѓите. Сега од скоро почнав и со онакво razor да ги средувам и пак истиот проблем, меѓу веѓи, над веѓи бубуљици. И се случило на некоја вакво нешто да каже чаре?
Мене така ми се случуваше но купив од дм едно О3 мислам се викаше и навистина ми помогна иако не очекував. Има малце не убав мирис на оцет ама стварно помага и мирисот се трга за кратко
Средни, прилагодени спрема формата на лицето ми се најубави. И кога се цртаат бојата да биде слична на природната, ич не ми се допаѓаат црни веѓи кај смеѓи/плави особи.
Моливчево од Алверде ми се покажа како најдобро, бидејќи е тенко. И тие обичните од кетрис се убави ама некако бидејќи се подебели, чудна е линијата. Цената му е околу 150/200ден. Патем да напоменам имам многуу ретки влакна, едната веѓа скоро и да ја немам. И со моливчево океј изгледа, не е вештачки
Јас ги растам моите природни веѓи и веќе се израстени до некоја незгодна должина и не можам повеќе со сенка да ги пополнувам затоа што ќе изгледа прелошо, затоа ми треба на местата каде што сеуште немам влакна само да пополнам..
Земи вакво самооштечко моливче, бидејќи другите моливчиња, класичните што ти треба да ги оштриш даваат малку по груба линија.
Девојки, препорачајте салон само за обликување на веѓи. До сега во сите салони ми ги прават претенки иако им е нагласено што сакам, плус напнуваат за боење на веѓи, перманентно и трајно