Ретко кој од ваквите производи им ефект. Подобро порасни ги влакната и оди на козметичар да им даде убава форма.
Ужасно искуство од Јета!!! НЕ ме послуша што сакав јас за форма и боја туку си работеше како и одговара на неа и веѓите не ми беа иста форма и должина, а бојата беше темно сива/теѓет катастрофа. Морав да ги цртам со кафена боја неколку месеци за да ги прикријам надевајќи се дека бојата ќе избеди но немаше никакви промени па неможев да ги гледам повеќе и се одлучив да одам на ласер (и таму слушнав дека многу други го поминале истото од Јета) а толку длабоку е работела што имам вдлабнатини како лузни на краевиете што не можат да се прикријат со ништо и бојата од таму не излезе целосно, а додека ме цртеше многу крв ми течеше, но мислев дека е нормално а буквално ми ја режеше кожата и ми остави лузни за цел живот. Размислете добро пред да си ги уништите веѓите и кожата!!
Предложете во Битола каде за веѓи да ми направат форма да заличат не само со восок и пак едната да дели од другатасо препорака" дека нареден пат ке си личат двете малку да потпораснат и да се пополнат".
Женски, ми излегува на реклама некој серум за згуснување на веѓи, Барбамс мислам се вика, многу било ефикасно, растеле нови влакна, веќе буквално нови тазе и дебели веѓи добиваш со едно шишенце. Дали е лажно или да?
Исто сакав да прашам. Дали воопшто има ефект? Мене на инста ми излезе едно од rossen natural за веѓи и трепки, па ако некоја има користено нешто вакво нека каже искуство.
Кажете спас..Имам слаби тенки веѓи.Носам шминка само за викенд и немам време секое сабајле да ги цртам а и не знам баш.Ачергична сум на фарба за веѓи ламинации чуда итн.Не знам што да им правам
Пробај некое време мачкај рицинусово масло, можеби ќе поттикне раст колку-толку. Некои луѓе си имаат природно поретки веѓи и нема баш некои опции во вакви ситуации, ама вреди барем да пробаш со маслово.
Мене трепки ми имаат пораснато од маслово. И за опаѓање на коса е добро. На лице го ставав и акни ми имаат спаднато. Е сега за густо, густо е, али вреди секоја секунда дискоморт. На веѓи не ми е пробано, природно ми се ко исцртани и нејќев да им ја расипам формата, ако почнеа на пример нови влакна да растат. Али добра препорака и даде, маслово е фантазија за се што е за кожа и влакно.
Здраво на сите Дали некој бил во студио Полена,конкретно за обликување на веѓи,да сподели искуство ♥️
Мене една козметичарка кај што ги чупав веѓите ми кажа да ги мачкам со рицинусово масло. Инаку јас имав густи веѓи, ама ги изретчив од чупање, и тоа баш од кај што почнуваат веѓите, ги пуштив и отидов на козметичар. Сега ако ми штрчи влакненце не го чупам, туку малку го кратам со ножички и сега ок ми се веѓите.
Девојки предложете ми студио за обликување на веѓи. Некој што добро се разбира и работи само со тоа, за цена не е проблем доколку ме направи како што треба. Имам ок форма на веѓи, никогаш ги немам чупано па сега у последно време нешто си ги гледам и сакам да сменам минимално форма, и затоа сакам кај некој кој што се разбира и би ми кажал дали ќе ми стои или не Најмногу ме нервира долниот дел ‘опашката’ , и сакам да се скрати за да се дојде до facelift. Пример слика
Си ги упропастив сама веѓите, сама си правев облик. Е сега од профил кога се гледам или на слика кога ќе се видам, едната веѓа ми е многу ниска што дури окото ми изгледа како позатворено од другото. А другата веѓа ми е повисока.. Многу ме боде тоа во очи, ме нервира..Ми го менува ликот буквално.. Совет каде и како да го средам тоа..
Предлог за козметичар ти треба или совет за како да ги пораснеш? Ако е второво би ти препорачала рицинусово масло. Маслово е топ за коса и за сè што е влакно ко на пример веѓи и трепки. Помага и против опаѓање на коса. Исто и за акни ми има помогнато. Јас лично го немам користено на веѓи, но го имам ставано на коса и на трепки и има разлика во раст, отколку кога не го ставаш воопшто.
Ти верувам, и гледам има доста негативни искуства од кај неа.. али се прашувам зошто така работела и не те послушала во врска со формата? Па тоа е желба на клиент.. и плус да имало крв и се и пак да терала со иста јачина наместо понежно? Просто чудно е.. А вака на инстаграм кога ќе ги видам сликите не изгледа воопшто лошо.. е сега да, секако дека природно е најубаво и цртано е цртано али пак не изгледаат лошо туку релативно природно. Само не ми е јасно зошто има толку негативни искуства, па жената е и искусна и се.. :/