Леле и јас сум алергична на боите, не се ни фарбам на коса, за веѓи едни ме унаказија и фатив страшна алергија пред 2 години, ако најде некое решение околу бојава, баш пиши.
Препорачајте ми каде да отидам во Ск за да ми ги исцртаат веѓите, она микроблејдинг, ама стварно добри да ги направат а не крш. И од прилика колку пари е
Кога бев помлада ги сакав подебели, сега некако повеќе ме личат потенки. Препорачајте место каде што ги прават природни, јас на пример имам светли ама мн ми се ретки и морам постојано да ги цртам. Сепак страв ми е да не ми ги направат катран црни...
Како помлада имав доста потенки, таква беше модата тогаш. Сега средни, ниту премногу тенки, ниту премногу дебели.
Здраво феминки. Би сакала да Ве прашам да ми препорачате салон за обликување на веѓи во Скопје со пристојни цени. Имав многу убави дебели и густи веѓи но ниедна козметичарка до сега каде што бев не знае да ми ги направи да личат на нешто. Ми ги упропастија скроз, имам дупки и морам да ги пополнувам и едната ми е подебела другата потенка и пократка. Знам дека веѓите не се исти и никогаш нема да бидат но барем да изгледаат слично.
Thank me later Најдобар производ за веѓи евер, никогаш повеќе ни молив ни гел нема да ставам. Идеално е што има 2 врвови, црташ како сакаш, во кој правец сакаш, како природни влакна буквално. Интензитет од скоро невидлива линија до јака исцртана, зависи со кој притисок. Туку рицинусово масло за нега ок, ама кое рицинусово точно некој да препорача?
Мислам дека Revox имаа рицинусово масло, провери во ДМ. Нивните масла се добри. Некоја фина low budget верзија би биле Галафарм маслата, Sensilis пишува на кутивчето. Мене ми се фини Sensilis маслава, користам други ама и ова сум го вртела во употреба и ми беше скроз океј.