1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тенки или подебели веѓи?

Дискусија во 'Лице' започната од suGarBaby, 5 февруари 2010.

?

Какви се вашите веѓи?

  1. Потенки

    411 глас(а)
    28,7%
  2. Подебели

    1.021 глас(а)
    71,3%
  1. Dinche

    Dinche Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Моите се златна средина :D сама дома си ги средувам.. не ми треба многу време за тоа.. 2 минутки и готови ми се.. :)
     
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Копнеам по подебели веѓи (јас имам некоја средна дебелина), искрено ретко на која девојка и стојат, ама ми се преелегантни :) ахххх
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.615
    Допаѓања:
    8.469
    Пол:
    Женски
    Дури сега видов дека си прашала :) Не верувам дека ќе дојдеш до местото кај што живеам за да одиш на козметичар.Не сум од Скопје.Поздрав :lol:

    *Се извинувам за офф топик. :$
     
  4. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    дебели веѓи се посекси и поубави јас ги чупам кога излегувам ретко
     
  5. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    Порано имав тенки веѓи и ич не ми се допаѓаше како ми стојат, дека сама ги чупав и ги упропастив :D
    Сега ми се негде со средна дебелина :)
     
  6. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    моите се апла дебели веѓи :D
    мене лично ми се допагаат подебели веги повеке отколку тенки, а па ептен тенките ми се ко без вега :^)
     
  7. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Моите ми се потенкички и сама си ги средувам.Ама лично сакам подебелки, но што да правам кога такви дебели не ми стојата на лицето, имам ситно лице и ако ги пустам ќе бидам хаос.
     
  8. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Моите се гајтан веѓи како од народните песни :lol: Кога ќе погледнам слика од основно, сама на себе си се смеам. Сега ги средувам тенко, со дебелите добивам фаца на машко :emo:
     
  9. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Mоиве веѓи моментално се хаос и на ништо не личат :D ...ама ке одам деновиве да ми ги средат :) а иначе повеќе ми се свиѓаат подебели веѓи :)
     
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Блазе си ви на сите со подебели веѓи, можете барем да си ги обликувате
    ја едни ретки што ги имам, башка и светли, ми иде да ги избричам за да ми се згуснат хихих. се шалам

    ама си ги доцртувам некогаш со моливче за потемни да ми дојдат, а обликот сам по себе ми е ок, ретко да се деси да зачупам некое да засмета, дури жал ми е да ги чупам, сакам густиии и да си ги напраам како што сакам
     
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Моите се...ете проценете сами,средни :lol: сама ги средувам....
     

    Прикачени фајлови:

  12. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Подебелки. Мислам, не некоја гајтан веѓа, ама и тие тенките пијавици ми се одвратни и некако
    курвински
    :^)
     
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Јас незнам убаво да си ги направам :| затоа си идам на козметичар бар знам дека на човек ке личам :mm:
    Не сакам ни дебели ни тенки...средни ;)
     
  14. 4upeto

    4upeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    ААААааа колку си ги мразам веѓите значи одма растат 4 години сменвав козметичари и пред 2 години се пронајде спасителот за моите веѓи преубај ми ги прај средни накај слаби оти мало лице имам и со дебели веѓи како пакистанка личам хахахаха :D :D :D ама овој козметичарот ке го затворал салонот.....и сеа си викам шо ке им прам јас ....има да бидам како во цртаните сама да си ги искубам ке ги направам лом хахахах :) :)
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Eве ја една од најубавите жени во светот имала тенки неубави веѓи а сега се подебели. и дури и ги чешлаат нагоре за поголеми да изгледаат.
    [​IMG]
    Не се модерни тенките веѓи, иако нема некоја мода во однос на веѓата, треба да и се најде добрата форма. Сепак немаме 2 исти веѓи, најчесто ги исцртуваат за исти да се. Некои имаат тотално различни 2 веѓи не по своја вина секако.
    Сепак текни веѓи ич не почитувам :geek:
     
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас имам средна дебелина повеќе кон подебели. Не обожавам многу тенки веѓи, особено оние исцртаните само, кај што нема влакна :lol: :lol: :lol:. Некако повеќе сум за подебелки, ако средна големина не е можна. :lol: Сепак се зависи и до лицето :)
     
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Јас почитувам подебели веѓи затоа што изгледаат поприродно нормално да не бидат премногу дебели туку да бидат добро средени да имаат убава форма.Тенките веѓи не ми се допаѓаат воопшто не изгледаат вкусно и прибрано.
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Во слаб и ужасно здодевен момент додека патував, ми тутнаа во раце француско издание на Гламур кое земав да го листам и читам. Презирам модни списанија заради плиткоста и пред се заради тоа што ништо не ми даваат освен реклами за скапи марки, ама добри се за тепање време.
    И имаше специјална статија за тоа колку се модерни дебелите веѓи со приложени слики. Морам да констатирам дека тоа што видов беше можеби убаво но за некоја авангардна изложба на некој постимпресиониозам или суреализам.
    Сакав само да кажам, дека утре ако се модерни истенчени веѓи сега сите ли треба да си направиме такви? Нема врска. Моите ги чупаше една доста позната и искусна козметичарка и ми рече дека на секоја фаца и одговара различен облик на веѓи. Така да баталете моди и бакрачи, не се што е модерно може да ви стои.
    Уосталом, сите сме посебни - ајде сега сите во униформи во согласност со тоа што е „модерно“. Модерно е само она што е убаво и што ви стои ;)

    За моите веѓи веќе пишав, средени, средни накај дебели и таман. Задоволна сум максимално.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    6.475
    Се согласувам со Пирамитка. Модерно е она што е убаво и што ВАС убаво ви стои, а не на некој друг. Сега ако е модерно да се носиме голи, нема јас сигурно гола да идам. :) Јас ќе си се облакам и средувам по мое, како што јас сакам, а не како што некој друг ќе ми каже и како што се модните трендови. Сакам средни веѓи, тие подебелите ме нервираат иако на некои стварно такви им стојат и ќе изгледаат ко чудаци некои со тенки, сепак не преферирам. Средните ми се најдобри. Јас имам средни, накај дебели. Ама мене ме мрзи да ги чупкам, ме боли а ги немам ни живците ни времето. Ги чупам само во средина. :)
     
  20. natural.beauty

    natural.beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    476
    Јас имам средни накај дебели, сама си ги средувам и баш си ги сакам. Ми одговараат на обликот на лицето,најбитно е да ги обликувате според обликот на лицето :)