подебели веѓи подобро стојат од потанките незнам зошто но сепак поубави се и модерни за денешнава младост
Се зависи од обликот на лицето, мене лично не ми стојат тенки веѓи, и секогаш се пазам да не претерам со чупкање, ја сама си ги средувам па и да ги зезнам сега, си имам шишка и не игра толку голема улога дебелината колку формата, значи најмногу мразам кружен лак, па и на убаво лице, наместо украс, унаказ... жално
Не ми се верува дека постои мода и околу средувањето на веѓите. Побогу! Јас на пример имам тркалезно лице, па ќе е прилично ретардирано да се обидувам да сум ИН со дебели веѓи...само затоа што така било модерно. Природно имам густи и дебели веѓи, ги тенчам затоа што така поубаво ми стојат, а и воглавно фан сум на потенки веѓи.
Моментално имам тенки веги не така една цртка над очите но прилично ми се тенки, не секому му стојат дебели или тенки веги, според обликот и според желбата се чупаат.Не ми се допаѓа некој со многу дебели веѓи, имам една комшика има дебели црни веѓи и ме плаши дури кога ќе ја видам . Инаку порано одев на козметичар ми го депилираше а и не е скапо 80 денари, но во последно време се дома ги чупам и тоа на секој 3 дена не можам да се замислам со несредени веѓи.
имам вакви веѓи, ниту премногу тенки, ниту дебели, а би сакала да им ја сменам формата, но многу споро ми растат
Не ми се многу тенки, ни многу дебели, најдобро ми стои вака бидејќи не ми стојат многу тенки веѓи, па дебели уште по ужасно
Баш пред некој ден гледав филм со Џенифер Анистон, она има тенки веѓи и сфатив дека дебели воопшто нема да и стојат. Она има и тенка уста, такви и се и цртите на лицето. Многу зависи од ликот, на секого не му стојат и дебели и тенки веѓи.
Eдно време имав тееенки веѓи како гајдан и скоро ќе ми се скршеа, ама сега ми се многу подебели т.е. ни тенки ни дебели.. мислам дека ми се таман, се додека не ги уништам и не почнам да се чупам без очила. :geek:
па онака средни ми се мислам и дека такви се најубави ни многу дебели ни многу тенки на почетокот кога почнав да ги средувам имав многу тенки и морав да ѓи доцртувам со моливче ама сега ми се оправени и секогаш сама се средувам така ми е подобро.
Средни ми се веѓите. Уште од почетокот кога почнав да ги чупам, ги правам средни. Не сакам кога видам кај некоја девојка веѓи тенки ко пијавици,а ниту пак ептен дебели. Затоа, средни се најдобри.
Средни, немам воопшто отстапено од природниот облик, само си ги средувам вишок влакненцата. Нејќам да се упадливи и неприродни, девојка со такви веѓи повеќе личи на транвестит.
Мене повеке ми се допаѓаат подебели веѓи. Ама нормално се зависи од формата на лицето. Сонувам да имам подебели веѓи ама за жал моите се средни А што е најлошо многу ми паѓаат и ми се прават ко дупки на некои места, особено на почетокот па сум приморана да ги полнам со моливче. И многу споро ми растат кога ги чупам. Може и месец дена да помине а моите веѓи да изгледаат ко вчера да сум ги чупала, и тоа многу ме растажува Ахх што би дала да имам подебели по густи веѓи, сите форми на веѓи би ги испробала
Многу зависи од самата физиономија на лицето. Но, според мене, главно (од искуство) важи правилото дека на долга и густа коса повеќе одговараат подебели веѓи (што и не мора да значи).
Откако се офарбав плава, морав да ги истенчам за да не ги фарбам, а ми беа темнички и ептен бев вештачка (тие темни, косата плава). Па ги кубам сама, ги полнам дупките со светол молив, ги шишам вишоците, и така.
На моите веѓи им нема рамни во цел свет, ретки се премногу а и си имаат некој свој облик кој сакал нејкел мораш да го носиш. За промена може само да ги истенчам а тоа воопшто не ми се допаѓа па секој пат со нив борба водам . Кога би можела би имала подебели веѓи но и вака не се лоши само да беа малце погустички.
Среднии се моите .. некогаш сама ги средувам, некогаш одам на козметичар, кога ќе имам повеќе време одамм на козметичар..ама можам и сама
Па моите се средни, ни дебели ни тенки и сметам дека подебели се позаводливи инаку сама се чупам, дури и првиот пат сама си ја направив формата...иако ми требаше 4 дена бидејќи ме болеше многу