За сите коишто веруваат дека „тајна сила“ го води светот, или едноставно се „прскаат“ од смеење на заговорите во светот во кои се верува.Ја отварам темава со цел да дискутираме и споделиме некој тероии на заговор за кој што сте слушнале. 1.Се мисли дека познатиот космонаут Нил Армстронг никогаш не стапнал на месечината и дека прикажаните слики биле направени во студио,причината за која се мисли дека тој никогаш не стапнал на месечината е американското знаме кое било поставено на "месечината" и се веело,е сега докажано е дека на месечината нема ветер а како би можело знамето да се вее,и другиот доказ е сенката на Амстрон која била на обратна страна и така не би можело да биде на месечината,можно е ли Армстронг никогаш да не стапнал на месечината? 2.Вонземјаните не контролираат сите: Ова верување го почнал еден новинар на BBC, Дејвид Ик, тврдејќи дека човештвото е под контрола на вонземјански рептили кои консумираат човечка крв за да останат со човечки изглед. Тој посочува голем број светски лидери, од Бил и Хилари Клинтон, до Обама и Џорџ Буш, заедно со целата британска кралска фамилија, дека всушност припаѓаат на овој вид на крвожедни рептили од ѕвездениот систем Алфа Драконис. 3.Принцезата Дијана е убиена од кралско семејство 4.Бијонсе всушност никогаш не била бремена .
Сорос ХААРП Евреите владеат со светот Тајни друштва владеат со светот Американците сами ги срушиле кулите близначки Осама Бин Ладен не беше убиен во 2011 Адолф Хитлер умрел во Аргентина, 1962 Тито го присвоил идентитетот на починат човек по име Јосип Броз Мерилин Монро била убиена Елвис Присли бил таен агент на ДЕА Планетата земја од внатре е шуплива и населена и таму грее второ сонце Сите познати личности се shape-shifting рептили
Ја спомна британската кралска лоза која низ владеењето е полна скандали, ете би го спомнала кралот Едвард кој се откажа од тронот под изговор ради љубовта на неговиот живот-американката Волис која била два пати разведена, што било недозволиво за еден крал, тој абдицира, но сосема други причини за абдицирањето се наведуваат. Бидејќи имал и германска крв, некои сметаат дека бил шпиун и дека работел во корист на Хитлер, затоа е и тргнат од тронот. За принцезата Дијана и јас верувам дека е убиена, доста контраверзии има за неа, привлекуваше внимание секаде, луѓето од цел свет ја обожаваа, после разводот беше во врска со моќен милјардер муслиман кој би можел да и помогне да ги одземе децата од кралската фамилија, а и со самото тоа што е во врска со муслиман беше како 'трн во око' па и затоа се ослободија од неа. Мене најинтересна ми е руската историја и романови. Најраскажувана приказна на ХХ век е онаа за најмалата ќерка на Николај принцезата Анастасија. Одкако болшевиците ги убиле кралот, кралицата и петте дечиња, некои сметаат дека Анастасија успеала да преживее и побегнала. Во оваа теорија јас лично никако не се сложувам. Кенеди не е убиен од Освалдо кој е убиен неколку дена по смртта на претседателот, тврдеше до последно дека е невин. Интересен факт е што сите членови на фамилијата Кенеди се убиени. Сопругата во деновите на жалост изјави дека ја мрази Америка затоа што ги убива Кенеди. Има нејзини документи и досиеја кои ќе се обелоденат 50 години после нејзината смрт.
2Pac не бил убиен, сето тоа било само добро сценарио за да се повлече од јавноста. Пол Мекартни настрадал во сообраќајна несреќа, не ми текнува која година... тогаш Битлси биле на врвот на славата па несакајќи да се уништи сето тоа, нашле двојник на Мекартни и продолжиле од каде што застанале.
Сѐ, сѐ, ама ова со рептиливе - сериозно? Колку треба да живееш у sci-fi филм за да веруваш у ова, еве не знам...
Една од најјаките што ги имам слушнато е дека цвеќарите од цел свет се договориле да ја убијат Дијана за да профитираат на погребот. Патем, порано верував во она со Месечината, сега не ми е толку гајле, другиве со селебритис се чисто смешни, а заговори ми се интересни за читање ако се добро осмислени и склопени (на пр. во книгите на Ден Браун)
И тогаш се знаело дека нема атмосфера на Месечината, па затоа ни ветар. И затоа однеле знаме од поцврст материјал за да може да стои исправено. А бранувањата на знамето се обични осцилации предизвикани при прицврствувањето на знамето во површината на Марс, а траеле малку подолго затоа што немало атмосфера да даде отпор на осцилациите. Ова со сенката на Амстронг не ми е познато, ама треба да се има превид дека покрај Сонцето како извор на светлина, имале и рефлектори за осветлување. Иначе постојат и независни докази (надвор од НАСА) за слетувањето на Месечината. И тоа не било еднаш, туку 8 пати имаме пратено луѓе на Месечината, а сонди имаме пратено дури и до Марс и на други планети.
Адолф Хитлер не се самоубил, доживеал длабока старост во Аргентина. Руското царско семејство Романови не биле убиени. Сончевиот систем е составен од 10 планети. Луѓето можат да размислуваат и се движат без своето физичко тело. Нил Амстронг никогаш не стапнал на месечината. Планетата Земја може да си ги смени половите. Универзумот се собира. Во сите верувам освен во последните две, нелогични се според мене, нема никакво објаснување.
Распутин ја преживеал сопствената смрт. Потоа се заортачил со комунистите и директно влијаел во пропаста на царска Русија. Тоа била негова одмазда кон царистите затоа што го убиле.
Интересно е што теориите на заговор најчесто произлегуваат од необразованите луѓе, од луѓе кои едвај завршиле средно образование, но луѓе кои за себе имаат високо мислење, мислејќи дека интелектуално се над другите - што веројатно претставува комплекс на ниска вредност кој го имале цел живот заради тоа што не можеле да се истакнат во класичното образование, па сега им се рефлектира со тоа што они ги знаат „тајните“ за кои што цел свет е во заблуда. Најинтересна теорија на заговор ми е онаа „Рамна Земја“ Верувале или не, во светот, а неодамна и во Македонија има некои поединци кои веруваат дека Земјата е рамна плоча, но дека НАСА, во соработка со светските влади, образовни системи, Google, други астрономски и воздухопловни организации го лажат светот дека Земјата е топка. А всушност светот е рамна плоча заобиколена со 60 метарски ѕид од мраз кој ја држи водата од океаните да не истече надвор од плочата Гравитација, ѕвезди, планети, метеори, све се тоа глупости за мали деца На една америчка фејсбук (Official Flat Earth & Globe Discussion) група каде што тогаш имаше над 3,000 членови, а сега гледам има над 20,000 членови и повеќето верници на овој заговор им го поставив следново прашање: Ви се верува ли дека не се огласи ниту еден единствен член кој што имаше завршено факултет? Истото пршање им го поставив и на македонските рамноземци и ист беше одговорот. И така заклучив дека тоа еден заеднички именител на сите верници во заговорот „Рамна Земја“, никој од нив нема високо образование. Еве и директен линк од фејсбук постот ако сакате да се изначудите на човековата интелигенција, но и на манипулативната моќ на теориите на заговор: https://www.facebook.com/groups/1276465849031989/permalink/1303252949686612
Сите политички превирања во светот се резултат на судирот Језуити-Масони (извор Во центар, Васко Ефтов ) @EvAngelos, „Рамна Земја“ не е теорија на заговор, тоа е ретро-мода
A sto ako zemjata e ramna ploca , sto ako e vistina , mene voopsto toa nisto vo mojot zivot ne mi menuva
Менува. Кога ќе поверуваш во тој заговор, мозокот од тродимензионален, одеднаш ти станува дводимензионален
Јас цврсто верувам дека славните и моќните луѓе се рептили. Исто така и дека Хитлер ја доживеа својата старост. Многу, многу работи се изменети и скриени. Точно е дека и масоните т.е. илуминатите владеат со све. А за земјата дека е рамна и не баш.
@EvAngelos живееме во ера на изобилие на информации, размислуваш со своја глава, нешто што беше незамисливо во време на комунизам, тоа што ти е сервирано тоа го примаш. По падот на комунизмот доста податоци се обелоденија и допрва ќе излегуваат. Сметам дека во денешните книги по историја се прикажани доста неправилности. Наш автор на теорија на заговор Александар Донски Тајната на бакарната книга, смета дека гробот на Александар Македонски се наоѓа на Беласица.
Интересна тема. За Бијонсемање битно што не била трудна туку другаи го осела бебето. За Елвис Присли, Ту Пак и останатите ѕвезди исто не е многу битно. Е сега верувам до некаде со ова за масони и илуминати. Само 8 луѓе ( семејства) поседуваат половина од богатството на земјата. Многу има да се пишува на темава.