Пак за Бијонсе Некаде прочитав дека всушност оваа Бијонсе која сега на нас ни е позната последниве 15 години е всушност клон.Се мисли дека таа е почината,па зошто била многу позната решиле да направат клон. Еве и слика како изгледала порано како сега т.е 2013 година. 2.Се мисли дека Кардашианс се донесени/направени од страна на илуманати за да привлечат големо внимание,демек кога низ светот ќе се случуваат некој страшни работи место сите да бидат насочени кон тоа,сите луѓе цел свет е насочен кон Кардашианс и за тоа дали Кајли пак ѓи направила усните,дали Ким пак се сликала гола или дали Кендал конечно се здебелила.Всушност ова мене и малку ми изгледа како точно. Размислете кога Кајли ѓи направи усните,потсвесно или не сите читавме за тоа а низ светот се случуваа разни страшни работи(терористички напади,војни,убиства).Баш ме интересира што мислите за ова? 3.Волт Дизни сигорно сте слушнале за него и знаете дека тој боледувал од рак.Некој теории велат дека тој е замрзнат и кога ќе се нашол лек за ракот да биде одмрзнат.Се мисли дека неговото тело се наоѓа во некој од Дизни парковите,некој луѓе тврдат дека го виделе неговиот дух
Факт е дека за време на катастрофални случувања, погледите се насочуваат кон ваквите ѕвезди ко Кардишијанки и останати. Во времето кога Бритни наводно имаше нервен слом, па стана келава, кога Линдзи Лохан стана лезбејка, кога Парис Хилтон правеше пијани скандали, сообракајки, ги покажа гакичките итн беше конфликтот помегу Русија и Ѓорѓија, конфликтот и терористичкиот напад во Либан, протестите за железниците во Франција итн. Сите овие ѕвезди се од таква причина познати, а не дека имаат квалитет со Селин Дион или Кајли Миног.
Интересна тема и морам да признаам дека ми се интересни овие теории на заговор, иако не верувам дека се вистинити. Ми делува смешно некој кој е дел од таа "светска сила" да носи перниче на стомак кое при седнување ќе се превитка. И кога веќе се светска сила, сигурно нема да дозволат вистината да дојде до наши уши. Ова за Бијонсе. Јас читав некаде дека Блу Ајви е на сестра и. Додека Бијонсе наводно била бремена, сестра и воопшто не се појавила во јавност. Иначе и мене Бијонсе ми е многу сменета од времето на Destiny's Child, ама кога ќе видиш и Викторија Бекам ти треба доста време да ја познаеш која е од групните слики на Spice Girls. Титаник демек никогаш не запловил. Тоа бил бродот Олимпик, за кој се знаело однапред дека ќе потоне. Во тоа време имало економска криза и поради тоа требало да се намали и населението, како и самата невработеност. Имам читано дека и ние луѓето сме дело на вонземјани. На Кајгана читав дека во гробот на Тито имало подморница која водела на некој мексикански остров. На тој остров оделе сите луѓе кои си ја завршиле мисијата пред јавноста. Како Хитлер, Тупак, дури едно време се шпекулираше дека и Тоше бил виден на тој остров.
Oтвoри јa темaтa нa кaјгaнa, типoт е мaгистер нa електрo, гo пoзнaвaм личнo...не знaм кaкo зaвршил. http://forum.kajgana.com/threads/Земјата-е-рамна.76641/page-3#post-7112288 Јaс пaк бaш спрoтивни искуствa имaм нa oвие теми, мнoгу луѓе нa технички фaкултети верувaaт у тaкви тешки глупoсти, псевдoнaукa дa се чуди чoвек Штo е скрoз пaрaдoксaлнo и жaлнo. Инaку, СOРOС
Теории на заговор уште се викаат и БOШ МУАБЕТИ колку да помине времето да има шо да се прави муабет мегу луѓето.
1. Јасно се гледа дека е истата личност, со поинаква фризура и попрофесионална шминка, можна корекција на носот и 10 години повозрасна. Да умрела навистина Бијонсе, од самата фама за нејзина смрт ќе направеа страшно добар бизнис. Во врска со бременостa, ништо чудно поради имиџ да не сака да открие дека употребила сурогат-мајка (ако се воопшто реални тие слики на лажен стомак и не е фотошоп) 2. Можно е медиумите во САД да ги користат испадите на Кардашијанови и други селебритис со цел одвлекување внимание од политички збиднувања, ама на тоа наседнува раја која и онака не мисли и не би имала свој став околу некоја војна на Блиски исток, па лесно ќе прифати наметнат. Замајување на широката јавност со небитни теми барем резултира со избегнување тензична атмосфера. Кој го интересира политика, секако ќе биде информиран. 3. Волт Дизни и да не е замрзнат, замрзнување мртви тела не е никаква тајна, никаква теорија на заговор, тоа се случува. Во духови не верувам Не би рекла дека е налудничаво да се запрашаш околу 9/11, атентатите над Кенедиеви, смртта на Мерилин, Дајана, Осама Бин Ладен... Сомнежот природно се наметнува. Ама ова рептили, клонови, рамна земја, план да се истреби незнтиколкупосто човештво, Хитлер со сите тие болести во себе да бега за Аргентина и да доживее старост... тоа се конструкти на шарлатани и психолабилни личности
Југословените ги пратиле Американците на месечината? Комплетниот документарец излезе 2016 год по име Huston we have a problem.
Мора да има некој момент у равенката што не го знаеме Уште верува во ова? Ако да, би сакал да ми договориш кафе со него. Сериозно, убав муабет ќе си имаме. Ако знае синус косинус и ако ја верува Питагорова теорема, има надеж за него. Сум слушнал рамноземци што ја нарекуваат Питагорова теорија... пошто она е само теорија нели
- Сечени, монтирани, надмонтирани, прелепувани и долепувани разговори. - Турски тек. - Диме Спасов и албанско-сицилијанска мафија (нормално плус Сорос) - Баба Рада е невина.
Јaс слушнaв декa Витни Хјустoн не пoчинaлa oд дрoгa туку и јa зеле душaтa и кao чупетo нa Бијoнс и Џеј Зи јa имaлo душaтa нa Витни.. oбoжaвaм теoрии нa зaверa и знaм мнoгу зa тoa..Нo, кaкo некoјa тaјнa oргaнизaцијa честo слушaм зa Илуминaтите..кao тие ќе гo дoведaт нoвиoт светски пoредoк. А интересни ми се и темите зa Сaтaн.
Истo тaкa семејствoтo Кaрдaшијaн билo нaменетo зa луѓетo дa се зaмaрaaт си нив и дa не мислaт нa свoите прoблими. Имa и теoријa зa белите упaљaчи. Сите ѕвезди кoи пoчинaле пример: Ејми Вaјнхaус, Џејмс Дин, Мерлин Мoнрo итн. имaле дo себе бел упaљaч. Штo знaчелo декa белиoт упaљaч нoси несреќa.
И да не ја заборавиме најјаката ни балканска љубовна сага на Цеца и Аркан. Аркан е жив и живее на Кипар.
За мене, еден од најголемите од заговори против човештвото е екстремно профитабилната фармацевтска индустрија.
А гробот на Александар Македонски што е во Свети Николе? Дури имаше и некој хрватски документарец на оваа тема. Исто и за светскиот поредок дека еврејските семејства Ротшилд, Рокфелер итн го контролираат светот и дека за да остане нивната лоза "чиста" се женеле, мажеле со братучеди...
Најновиот заговор-Тоше е убиен и потоа намонтирана сообраќајаната несреќа за да се знае дека несреќен случај е неговата смрт.