Јас искрено не верувам во теории на заговор, ама интересни ми се за читање и тепање досада. Еве неколку што јас сум ги прочитала: 1. Дигиталната телевизија ги шпионира луѓето - Во целиот свет се спроведува присилна транзиција од аналоген на дигитален ТВ сигнал. Приврзаниците на теориите за заговор тврдат дека со овој чин се проведува концептот глобален „Big Brother“ надзор на луѓе. Според нив, во приемниците за дигитален сигнал се скриени микро камери и звучници. На тој начин сите луѓе се следат и преслушуваат. 2. НЛО е пронајдено кај Розвел - Теоријата се базира собраните тајни материјали од подрачјето Розвел (Ново Мексико, САД) во 1947 година. Американската армија и денеска тврди дека на таа територија е собран таен воен балон кој се урнал на ова место. Теоријата говори за тоа како во Розвел паднал вонземјански брод. Американската војска го превземала, а на бродот се наоѓале сè уште живи вонземјани. Целата операција е спроведена во најголема тајност. 3. Јосип Броз Тито бил светски шпион - Наводно, според некои приказни, Тито загинал, а Коминтерната на негово место поставила двојник кој бил шпион. Според една теорија Тито настрадал во Русија во 20те години од минатиот век, а според друга загинал во битката кај Сутјеска, но и во двете теории е заменет со двојник – советски агент. Наводно „вистинскиот“ Тито немал три прсти на десната рака, а двојникот дури свирел и клавир. 4. Луѓето ја создале СИДА-та - Приврзаниците на теориите за заговор тврдат дека СИДА-та е биолошко оружје кое го произвеле американските научници. Според некои, целта на СИДА-та е да ја контролира популацијата или дури да го истреби црното население.
Ај нова тура Даме Груев бил вмешан во убиството на Гоце Делчев Ленин бил агент на Западот со задача преку револуција да ја уназади Русија Сталин бил отруен
1.Порано имам нешто слушнато, дека овие тајни владетели на светот, во иднината ќе одредат нов систем кај што секој човек ќе мора да поседува чепче, и со помош на тоа ќе може да контролираат се што мисли човекот, без чепчето не ќе може да купуваме, да продаваме, буквално како бар код ќе не куцаат. 2. Постои топчеста молња. 3. Врз водата влијае нашата енергетика, според тоа може од нас да зависи дали таа ќе е здрава за пиење или не.
Јас имав една професорка која ни кажа дека и без чипови можеле да влијаат на нас. Демек во храната и воздухот имало некои честички кои сме ги внесувале и со тоа можеле да имаат секаква контрола над нас.
Демек клонови,овие на првата длика се тие кои биле познати пред 100-200 години и познатите сега и се мисли дека дека се клонирани. 2.9/11 бил планиран од страна на влдата во САД.Се мисли дека претседателот Џорџ Буш и/или други лица во неговата администрација знаеле за нападите претходно и намерно дозволиле да се случат.Рандом луѓе кои што знаеле/приметиле дека е наместено сето тоа биле убиени. 3.Се смета дека Елвис Присли е жив бидејки година дена по неговата "смрт" некој човек видел иста личност како Елвис Присли во куќата каде што живееле Елвис Пресли.Друга терорија за која се мисли дека е жив е дека по една година откако демек умрел Елвис е дека се појавил некој нов пејач кој личел на него но,носел маска кај очите.
Еве ви една најнова теорија на заговор: http://www.telegraf.mk/zabava/zabav...-a-so-vistinskite-drzel-oruzje-fotovideo.nspx
Проблемот е што со демократизацијата на виртуелните платформи секоја будала може да изгледа клипче на нет и да се зарази со секакви теории. Но тоа што барем 70% од фринџ теориите се срање не значи дека сите се срање, примери има многу, порано и постоењето на мафијата било отфрлано како фринџ идеја. Прифаќањето 100% од официјалниот наратив, без разлика од кој извор доаѓа е знак на тешка патологија. Тоа е сигурен пат кон тоталитаризам па така блиската историја сведочи за милиони лешеви, невидени страданија и разурнувања и финансиски малверзации од невидени размери како резултат на тоа што официјален став бил прифаќан од мнозинството како вистинит. Непостоечкиот напад на виетнамски торпедни чамци врз амерички разурнувач, непостоечкиот напад на полски диверзанти на немачки град, наводното финско гранатирање на советска територија - тоа биле сосема непостоечки настани кои послужиле како оправдување за монструозни војни и злочини. Да не одиме подалеку, случајот со т.н. бомби кои тогашната опозиција тука ги изваде на виделина со милионски кражби на државни пари би биле окарактеризирани како фринџ пред тоа. Сомнеж кон тоа би бил оквалификуван како "теорија на заговор". Кој може да каже со 100% сигурност дека 9/11, 7/7 или бомбите во руските блок-згради во 1999 не беа асистирани од тајни служби за правење срања кои се случија? Од друга страна пак, секакви глупости како оние за рамни и шупливи земји служат за одредени лица да си даваат себеси значење како просветлени,, поинакви, на "ти" со "vistinata" и со тоа ги убиваат оние фринџ теории кои може да се вистинити бидејќи све се става во ист кош. Двете страни на медалот, онаа која 100% прифаќа све што доаѓа од власта или онаа која 100% не прифаќа ништо се две слични патологии со различна фреквенција Но не е лесно понекогаш да разграничи што е точно а што не е, но како и да е, треба претпазливост, посебно во време на максимална достапност на секакви теории на нет.
Ви го препорачувам овој канал ако сакате Теории на заговор,Мистерии и чудни случувања од порано. https://www.youtube.com/channel/UCaCRd1IGZVq-Upwkc51uLUQ
Деновиве еден радио водител и конзервативен политички коментатор од Флорида, САД се глупираше дека ураганот Ирма (еден од најсилните во историјата) бил само теорија на заговор. За набргу да си се евакуира, онака за секој случај https://www.yahoo.com/news/rush-limbaugh-says-hurricane-irma-141627581.html
Или она дека нападот на Перл Харбор бил намерно испровоциран, за кај Американците да се јави расположение за влез во ВСВ, оти претходно не сакале да војуваат.
It is a bit far fetched that one, иако забележивото отсуство на носачи на авиони кои биле главниот капитал во тоа време во Перл Харбор е чудно... Јапанците и онака биле западнати во националистичко лудило и имале планови за доминација со пацификот, самиот напад бил дно потег ако се земе во предвид потенцијалот на САД за да ја мобилизира гигантската индустрија и човечка сила за еден таков судир...
Омилени теории на заговор ми се рамна Земја, дека Австралија не постои и дека моментално живееме во 18 век. За последнава дознав денес. Трите најголеми глупости на едно место http://all-that-is-interesting.com/...n=pdtol&utm_source=facebook&utm_medium=social