Ова за Австралија тука го прочитав и сѐ уште не ми се верува, како бе може до толку да се забега еј, не знам дали да се смеам или да плачам Ај и да свариш некако за историја, за формата на Земјата што не е толку ,,опипливо“, може да се објасни со игнорантност во наукиве и желба да се биде посебен и просветлен... ама за цела држава=континент на која во моментот живеат милиони луѓе и уште колку од цел свет ја посетуваат, да велиш дека нѐ лажат и дека не постои – тоа стварно е случај за психијатријата Реков јас, можда ме лажат роднините и колешкава од факс што се пресели таму, или пак нив ги лажат Нема граници на бујната фантазија на луѓето, да не речам на погруб начин како Ајнштајн...
Тие роднините се implanted memories, одвреме навреме се даунлодира во нашите мозоци понекој наводен братучед, пријател, роџак кој живее во Перт, Мелбурн или Бризбејн, места кои иначе не постојат Или во најдобар случај се холограмска проекција која се емитува од сателит.
Спојлер: шокантно! нема да им верувате на своите очи!!! Имам уште 3 вакви слики едитирани тип-топ, на кои јасно се гледаат chemtrails Кој планира да се снима и да се прослави на Јутјуб со научна теза дека нè опрашуваат со алуминиум или кој било хемиски елемент/соединение по негов избор и стручно знаење, нека ме контактира во ЛП, за 500 евра по слика ги продавам за доказ при откривање на вистината
Зависи кој е консензусот за реалност, атомите се 99,9999 празен простор, цврстата материјална реалност која ја живееме е плод на празен простор со мало јадро од протони/неутрони кои се држат поради нешто наречено нуклеарна сила а по чии граници се мотаат електрони поради електромагнетна сила, food for thought there Искуствата на раја под дејство на ДМТ (Диметилтриптамин) укажуваат на постоење и на други реалности
@Црна Ружа ако гледаме според консензусот на реалноста (кој според мене целосно зависи од тоа како умот на еден поединец по сопствени убедувања ја сфаќа реалноста), како и според ефектите на ДМТ, би рекла дека нема да помина долго време пред луѓето да почнат да гледаат "Machine Elves" ... Инаку, светот е полн со раја која не може да сфати што е навистина важно во животот, не можат да ја видат големата слика. Инспирирани од фактот дека постојат луѓе кои имаат многу поголема моќ од нив, стануваат параноични и во својот ограничен ум си замислуваат свет во кои тие се всушност помоќните ама од умствен аспект, односно дека не можат да бидат "прелажани" кога во реалноста самите себеси се прелажуваат И додека гледаат conspiracy videos на youtube, не сфаќаат дека компјутерот во кој зјапаат, столчето на кое седат па дури и тие самите, главно не се таму.
Има селебрити конспираси тиорис во кои верувам. Ништо екстремно како рептили, ама дека двајца се во тајна врска иако едниот има дете, а не излегуваат поради хомофобичен менаџмент апсолутно сум убедена. Всушност, тажно е што има некои вистини кои се така скриени што се принудени да излезат само во форма на конспираси тиорис. Факинг Холивуд.
@Lella тоа е точно, но мислам дека луѓето, иако се заинтересирани за деталите од животот на славните личности, сепак повеќето ги сметаат како за предмети кои треба да ги смеат, забавуваат или пак да им побудат било какви чувства и храна од културен аспект. Тоа е всушност и целта на Hollywood - максимално да ги искористи актерите, пејачите и останатите артисти за да прави профит; Сепак, според мене, зависи и од каква перспектива поединецот ги толкува артистите во Hollywood, односно фановите ќе бидат заинтересирани - што е нормално, но кај останатите тоа нема да биде така.
Штета е што сите алтернативни хипотези се обележуваат под заеднички назив "теорија на заговор" па така сосема издржани сомнежи во официјалниот наратив и некои безвеза ствари како шуплива земја се ставаат во ист кош. Официјалниот наратив за земји како Сауди Арабија е дека се ок места а реалноста е сосема поинаква. Или агресијата на Ирак во 2003 и наводните ракети кои за 45 минути ќе стигнеле до Лондон на Тони Блер. Понекогаш прифаќањето на официјалноста доведува до загуба на милиони животи... А ликовите кои сметаат дека земјата е рамна се тотално безопасни и надвор од блага иритација не прават зулуми. So there`s this to think about
Oh well, since you're asking... Спојлер Harry Styles и Louis Tomlinson. Жими сè не е тинејџерска налудничавост, сериозна работа е.
Омг целосно заборавив на ова, во шесто се изначитав еден куп блогови каде што имаше детално анализирани интервјуа и видеа како докази дека се пар. И се разбира, тука беа и фан фикциите.. Ах детство.. Спојлер: Уште позабегани ситници од обожавателството на One Direction Иначе се сеќаваш на фрката со mr. X? Јас не, само на имево ми текна, треба да пребарам на интернет за да се потсетам.
Awkward, ти во шесто, а јас во втора средно. Не, сериозно, сигурна сум дека се пар, такви работи не можат да се скријат. Има докази кои апсолутно не можат да се негираат. Спојлер Јас никогаш truly не сум била дирекшнер, па навистина не знам за што зборуваш. Само гејовите ме интересираат . Damn, I really have a problem.
Теориите на заговор ми се омилени за читање, само се гледа колку далеку можи да оди човековата фантазија.
@Lella Лелке ма, овде какви прашања и дилеми се отвараат – дали постои Месечината, дали за формата на Земјата нѐ лажат, дали и постоењето на еден од континентите е фарса, па и ние дали воопшто постоиме или сме холограми а она пак за гејови се фатила Биди малку поозбилна, молим те!
Цело време мислев дека темава е за некоја серија Теории на заговор, па ја отворив за да прочитам дали да ја почнам Ајде да се вратиме една година порано: -Се откри дали Бијонсе била бремена или не? -Вонземјаните навистина не контролираат? Еден другар уште порано тврдеше дека вонземјаните се тука помеѓу нас, ама нашиот мозок и око не можат да ги забележат зашто би се шокирале од нивниот изглед Не сме доволни силни за да го поднесеме нивниот физички изглед, а тие си доаѓаат на гости на Земјава и некои си живеат со нас. Не дека се невидливи, туку човечкиот мозок ги игнорира од шок...А животните може ги гледаат, па затоа често прават неочекувани потези и си зјапаат во една точка.
Ако некој верува во нешто поразлично немора да значи дека тоа е веднаш теорија на заговор... Всушност и она во што повеќето веруваат е теорија и само теорија ама е прифатена од повеќе луѓе, како на пример биг бенг и еволуцијата. Не очекував вакви шеги од образован и возрасен човек како што си ти.