Леле јес, на МТВ, јас од како ја изгледав некои епизоди ги прегледував пак и нон-стоп на youtube гледам најсмешни сцени и слично, од што ми фалеше и од што не можам без Шелдон. Ќе си гледам сега редовно. А ќе има секој ден, или? И да, немам ич коментирано на темава, друг пат повеќе, сега само да ја ставам една од омилените и најсмешни сцени: http://www.youtube.com/watch?v=LapXZBkWQSg
Си почна и новата сезона. Хипстер? Кај си да постираш сликички и гифови? Spoiler Не ми беше нешто посебно смешна епизодава, сум знаела и повеќе да се насмевнам, но несомнено ми недостигаа. Ќе видиме за понатака.
Ја изгледав новата епизода, и искрено не беше ништо посебно, смешни ми беа само сцените со Стуарт и Раџ, другиве некако ко изгубени ми делуваа. Но ајде, сепак е прва епизода, ќе се вратат на старо, бар се надевам...
Мислам дека Биг Бенг Тиори нема шанси за камбек како првите 3 сезони. Со доаѓањето на Ејми Фара Фаулер се' тргна надолу. Добро, читаат ли сценаристите дека - никој не ја сака во серијата? Трета сезона по ред како ја фураат, тотално антипатичен лик им е на сите, па кога публиката искажува мислење, обично ги тргаат бре од етер. Кога ја видов уште во првата епизода на 6та сезона, ми се смачи искрено. И не само заради неа, не беше воопшто смешна, ниту инвентивна епизодата, целата беше... чудна. Пени на почетокот ми беше и слатка и секси, сега многу ми е заоблена луѓе, во фацката е збумбарена, во рацете како кечер... dare to say... she's fat!? Продолжувам да ја гледам, ама не со таков мерак како порано. Ретки се тие што после 2 сезони срање во боја, се вратиле со сјајна серија. Тоа само Декстер го може.
^ Не само што Ејми е досаден и антипатичен лик, туку и Шелдон кога е во комбинација со неа, не е оној Шелдон во правото светло, од првите сезони. Дијалозите им се монотони и исфорсирани, што знам... Штета само за неговиот лик, го уназадија со неа. А за новава епизода што велиш чудна, јас имав впечаток дека многу брзо преминуваа од една сцена во друга, на крајот од секоја сцена бев - толку?! Ко недокажано оставаа... Како што кажав погоре, само Раџ ми е уште у форма, а другиве... изгубени.
Ја следам на МТВ ама официјално ја изгледав мојата прва епизода во Грција на одмор, имаше еден канал каде ја даваа серијава. Предходно бев скептик, не ја сваќав, ама откако изгледав 1 епизода, јас бев навлечена! Во првите пет минути, јас се смеев како лудак. Преубава серија, само пофалби за тие што ја осмислиле Омилен лик - се разбира Шелдон! И Актерот исто Џим Парсонс ми е срцка невидена
Како нема да биде здебелена кога во секоја епизода само јадат брза храна, нема нешто здраво зготвено. домашно
И плус, во секоја епизода Пени обавезно пие вино, значи тоа е неизоставен момент. Веќе почнав да се напнувам кога ќе ја видам со тоа чашката Он топик, и мене шестава сезона некако не ми е толку интересна. За Ејми да не правам муабет, досадна е, не е смешна и мислам дека тотално веќе нема потреба од неа во The Big Bang Theory. Сепак, Шелдон се уште ми останува светла точка (зборувам за сцените во кои не е со Ејми, нормално). Дај некој нека ја плесне веќе еднаш Ејми, па да ја снема од серијава Очигледно напатена е, а богами и очајна
Дечко ми не загледал BBT неколку месеци наназад, последната сезона мислам дека не ја ни гледаше и прва реакција вчера додека ја гледав новата епизода - ова Пени е? Трудна е??? Леле колкава е! Мислам стварно девојката ја огрдеа. И не ми се верува дека ќе раскинуваат со Ленард - по кој триумфален пат ќе биде ова? За Ејми сите зборови се излишни, немам веќе што да коментирам. Хауард се разубави во вселената или мене така ми се чини?
Хау`и и мене ми е разубавен во вселената. Што да кажам, се сосгласувам, на Ејми мислам дека и е доста веќе. Нит ми е пријатна за очи нит ми е смешна. Ај нека го раскинат договорот за врска и па-па. Сe' на се' не сум воодушевена, ама има нешто што ме држи да продолжам да ја гледам. Да не биде да престанам како со HIMYM и ич да не ми е криво.
Ја обожавам . Се чудев што е толку фората со Шелдон ама стварно е легенда . Па и овие другарчињата сите по ред се кој од кој позабеган. Буквално да се згазиш од смеење е серијата .
Новиве две епизоди ми беа стварно интересни, добар им беше хуморот и не беа изгубени ко у првата епизода, чак што више и Ејми ми беше смешна на неколку наврати. :up: Само имам забелешка за фризурата на Шелдон, изгледа ко 70 годишен.
Каде без мене бе сте тргнле м? Ем не бев тука ем немав нет и за два дена ги изгледам сите епизоди од сите серии кои си ги пратам И баш дојдов да се пожалам ама гледам сте ме преткрале. Дали тоа некако Биг Бенг ми го губи стариот сјај? Незнам ама мене не ми е тоа што беше, не ја гледам со стариот интузијазам. И Ејми, амн до кога ќе се форсира. Уф колку ќе ми се исполнеше срцето да се октачеа и да не се појавеше више, густа И пени, што па сака сеа, што, не и чини Ленард, марш таму ако не ти чини и не му давај лажни надешжи на чоекот У стилот на Спаркс, само ако ми ја уништите серијата со Ејми the queen of pateticus и Пени
Aj малку позитивни зборови, добра ми беше епзодава, НЕ брилијантна, но ми беше смешна. Најјака маска, дефинитвно епизодава И Шели будалата тешка Но маската му беше катастрофа Си имаше он најјака маска, што неможе да ја надмине никоја повеќе! Тоа беше најјака епизода, ever! Дали премногу беше добра предходната сезона, па сега што и да направат неможат да ја надминат,па затоа сме така малку како разочарани од новиве епизоди, па и јас некако не ги чекам више со душа као лани и прехлани
Која епизода е ова вака маскиран , сите ги имам гледано ама на ова не се сеќавам а тешко е да се заборави оваа слика ако се сеќаваш или барем која сезона . Шелдон е
^Не беше ова баш маска-(епизодата кога Сивен Хокинс беше во универзитетот, Хоуард работеше на неговата количка, и Шели го молеше да го упознае, ама Хауард му рече ако правиш се за мене што јас ќе ти кажам ќе те упознаам, и една од зезанциите и условите му беше да ја носи облекава, сезона 5, епизода 21-The Hawking Excitation.
Woah не сум знаел дека Штрумфета може да изгледа толку секси Али најдобри моменти беа кога сопственикот (не го памтам по име) се пушташе на таа девојката и секоја кавга што Шелдон ја има со девојка му
Добра беше новава епизода имаше интересни моменти. И мора ли толку да го исмејуваат Стивен Хокингс, греота човекот