Не знам за вас, ама мене Пени одвратна ми станува. Делува како воопшто да не го сака Ленард, што к** бара со него не ми е јасно. Многу ми е никаква. па таа фацата во последната епизода и мене ми се споврати дури. Ејми ќе биде поинтересна од неа. А мислам дека тоа сè кажува.
Го делиме сосем истото мислење, и мене Пени ми е одвратна, почнувајќи од физичкиот изглед, напумпана како со компресор, ко некоја крофна е, ниту ми е повеќе счатка, ниту секси и сериозно ништо не ѝ значи Ленард, врска немаат како пар. Се надевам дека на Ленард ќе му најдат нова и подобра девојка. А да - и глупава е.
^Aj што е здебелена, ај тоа, ама само мене ли ми се чини дека е се позлобна и позлобна? И глупа е ко точак. Како му се исмеа на Ленард, ми стана жал. Абре, што ја трпи не сваќам, нека ја откачи, секако он е премија за неа. Океј, можеби не е лепотан ама е стварно многу добар и грижлив. За се и преќутува, очигледно е кој ги носи панталоните во нивната врска. Ме изнервира последниве епизоди Пени, и тоа ептен што се прави многу јака и силна, и како демек она го трпи Ленард а не обратно. И косата и е грозна, поголем дел од времето и е мрсна. И Шелдон напна со Стивен Хокинг не беше интересен, ама ич. Затоа Раџ и Хаурад беа многу смешни Хауард, најјак е кога го емитира Раџ,ѕвер Добро и ова ми беше смешно, Али ова не е ништо во споредба со лани, и претходните сезони,кога секоја сцена беше посмешна од претходната. Едно големо разочарување. Или нека ја завршат серијава во брзо време, или ќе им се намали рејтинг како на HIMYM и ќе ја отупат да крај да ти се одмили да ја гледаш.
Искрено последнава епизода ја изгледав со сила, со 100 паузи, нешто што не ми се случило до сега со Биг Бенг. Можам слободно да кажам дека беше најдосадната и најглупавата епизода што ја направиле. Дури осеќам дека и смислата за хумор им се менува, нормално кон полошо. Не знам што им беше замислата во сцените каде Пени испушташе некои неартикулирани звуци, во комбинација со фаца на раскенкано детиште, ама буквално ми се блуеше и ушиве ми прокрвареа Многу лоша глума прикажаа сезонава, дај аман нека се вратат во нормала, ми треба доза петочно смеење
И што се деси во претходнава епизода? Ништо. Шели едино го откри непријатниот дел од пијанството, ете и тоа го видовме,Шели пијан. Ејми досадна, да некажам ко што Ленард не можеа помалку да го покажат. Едно Хаурад уште ми е интересен, и Раџ, ама Раџ го немаше ич епизодава Да Ејни нека ја има поише, Раџ мавнете го, the right move :up: Само ова ме изнасмеа, како во старите денови
Девојки, може ли торент за последната епизода? Барам од петокот, и не можам да најдам ниту еден асален..
Мене последната епизода ми беше ептен интересна, иако претходната кога Хауард се врати од вселената беше ептен досадна. Интересно беше пијанството на Шелдон,интресно беше снимањето на Fun with flags ,и кога Ејми сакаше да си иде, а Шелдон и кажа Стварно??? Тоа би било супер ! И морам да кажам сума сумарум гледам дека Шелдон ја прави само интересна серијава
Зошто јас се осеќам како хуморот малку да е спаднат во новава сезона? Некако се чувствувам дека не е тоа што беше. Ги користат истите финти за да се направат исти смешни сцени со нив. И да, Пени е крајно неподнослива.
Мојата нова омилена серија ! И порано ми ја фалеа серијава, но не се нафаќав да ја гледам. Јас сум сеуште на почетокот, уште малку и ќе ја довршам втората сезона. Омилен лик - кој ако не Шелдон.
Новава епизода баш ми се допадна, не дека беше нешто WOW ама се изнасмеав слатко, што не се случи оваа сезона до сега... Spoiler Раџ најјак, колку сум се смеела за ова Али добар пренк им направи Шели А само незнам зашто не претпоставив нешто вакво И колку ми е мило за Ленард,ако ме нервира Пени, ама се усреќи Ленард, наивчина смотанчина П.с знам зашто добра ми беше епизодата ја немаше Ејми,а ги имаше Раџ и Хау у акција Keep them like this, pls! И флешмоб, на снимањато на биг бенг, сигурно сте го го виделе куружи веќе цела недела на нет http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... auNrr9EaE#!
^Хаааа не сум го видела ова, браво, се гледа колку им е забавно, си се изнасмеав. Само Шели не се придружува ццц.
Леле јас денеска го гледав видеото дури, ептен ми е јако посебно играњето на Хаурад, и секако Базингата на Шелдон на крајот. Закон е нема што И мене ми беше интересна последнава епизода добро е се подобрија малку Како и да е Ејми не се сменила многу од младоста дури може и да се каже дека тогаш и била погрда
дефинитивно една од најјаките серии! Како се смее Шелдон хахаха ѕвер е! до каде се со епизодиве на мрт? која епизода е оваа денес по ред ?
Утре ќе ја почнам првата епизода од третата сезона. Секоја епизода, ми е се поинтересна и поинтересна. Браво за глумата, навистина немам зборови. Имаат одлична смисла за хумор. А да, се каам што не ја послушав другарка ми за серијава, да знаев дека е волку добра одамна ќе започнев да ја гледам.
Oдлична беше новава епизода, одамна толку не сум се смеела. Spoiler Е не, ќе се зафркаваме, тренинг е тоа. Spoiler Откачија сите, а богами и жените. Ееее колку злобни можат да бидат. Spoiler
Јас неколку епизоди од последната епизода немам гледано, планирам вечерва да ги догледам до крај. Мене ми е ептен добра серијата, јез да некогаш се губам во тоа што го зборуваат ама слатко се смеам. Знае на моменти да се досаднички некои епизоди, ама за тепање време добри се. Нај нај најсмешен момент ми е кога шелдон ќе му дозволи на кутрапали да стави биро во неговата канцеларија па кога ќе излезе кутрапали и ќе му рече дис изнт оувр. Инаку јас сум заљубена во Кутрапали, ај леле го обожавам начисто, ми иде да го грабнам да го изгушкам да го згмечам... многу го сакам