Супер епизода ми беше претходата, 21та, се изнасмеав, една од подобрите епизоди сезонава. За прв пат не ме нервираше Ајми, чудно, многу чудно.
Me изненадуваат, последниве две епизоди беа одлични, во стариот дух на серијава, па и во последната ни Ејми ја немаше Нека продолжат вака во овој стил, барем до крајов на сезонава, повеќе со глупостите на Шелдон него со неговиот љубовен живот, кој ми е тотална глупост. Раџ и Хаурад како секогаш се екстра. Берни ми е најдоба женски лик во серијава. Чичево да го остаат уште некоја епизода, цар е.
Се согласувам со Хипстер добри беа последните две епизоди. Шелдон како и секогаш најдобар, ама и Бернадет ептен ми беше интересна на Раж кога му се дереше. Мрднати се сите од еден До крајов на сезонава има уште две епизоди
за сите кои ги барате постарите сезони ги има на glowgaze.com мене ми е најјако она што го вадат од снимањето на епизодите во текот на целата сезона, па колку се имам смеено на тие видеа ... не знам сеа сум малце назад во последнава сезона неколку епизоди ама ќе надохнадам
Добра беше последната епизода, со Професор Протон, кој лик го ставиле. Шелдон ја одржува серијата, ама и Раџ со кутрето, се изнасмеав. Колку е само серијата подобра без Ејми.
Да, страшно е подобра без Ејми, аман нека ја откачат веќе. Добри беа епизодиве, ептен се изнасмеав, само нека си продолжат вака, а не да ја тупат со глупости и непостоечкиот сексуален живот на Шелдон.
Очекував некој бум завршеток,ама ништо. Ни должеа ептен, за никаква сезона. Дали има смисла да се продолжува не знам но ќе има и 7ма. Не ме воодушеви сезонова дури и ме разочара. Не ја очекувам со нетрпение следната, тешко дека после оа ќе се оправат.
Ајмо људи нова сезона! Денес излегоа две епизоди, за тие што немаат календар на серии (ццц) Првата епизода не е нешто ваууу, ама втората сум се згазила од смеење. Иако Шелдон е фаворит на сите мислам, Раџ и Хауард се незаменливи во оваа епизода. И да, тажна вест. Ејми е уште тука, не, не знам зошто. и ова
Добри беа епизодиве, се вратија конечно. Spoiler Онаа па глупачана Ејми уште се навреди од тоа што и го рече Берни, а самата потенцира дека и фали секс постојано. Па што се вреѓаш? Глупача. Ајде веќе нека си оди, бреее ама е досадна. Инаку останатото беше супер, Хауард и Раџ ме изнасмеаа, и беше слатко колку му фалеше Ленард на Шелдон.
Не беше лош почетокот на сезоната, само навистина се воодушевувам на храбрата одлука уште да ја држат Ејми во серијата. Сериозно крајно напорна е, и по други форуми имам читано и ретко кој го поднесува ликов, нема поента нејзиното присуство. Мене и Бернадет малку ми иде на живци со тоа гласчето, ама ајде сега барем има некаква функција како сопруга на Хауард, па нејсе... Инаку 100 пати ми беа поинтересни првите сезони кога беа само мажите и Пени, без овие две кокошки.
У принцип да не се Раџ и Хауард со нивниов броманс, серијава ќе биде чисто срање. Не дека не беа океј епизодиве беа, али не на она ниво кое беа од пред една сезона. Првата беше комси-комса, втората беше подобра, но кога ќе ја ставам на кантар со првите две од модерн фемили, не ми беше ни половични смешна. Јас не знам зашто никој не не чита и не ги слуша поплаките на гледачите, Ејми побогу не знам што прави у серијава сеуште, поантипатичен лик нема ни ќе има у историја на сериски филмови. На некого му е смешна и одвај чека да ја гледа? Зарем има и такви? Па и самиот Шелдон не ми е тоа тоа како порано. Да не се Раџ и Хауард нема да ја гледам серија однапред знам. Се смеев многу на нивните сцени, ама премногу, каква спојка се неверојатна. Мислам како да не се смееш на ова Башка Раџ во нормална облека е многу кјут, од оние бабскине елеци ми делува како дедо 90 годишен, а баш е кјут.
Првата епизода досадна. Втората Раџ и Хауард ја спасија со цицките Ејми стварно е досадна, ама ми изгледа дека ке се скараат со Шелдон и ке ја исфрлат од серијата. Или барем да и направат преобразба, малку да ја зачинат серијава. Сите некако напредуваат, само она и Шелдон стојат у место.
Не знам за вас, ама јас многу се смеев на третата епизода. Целата беше симпатична и одлично спакувана, имаше добар хумор и ова е една од подобрите епизоди во BBT.
Многу добра им беше епизодава, ги тргнаа сите типични шали и се покажаа со инвентивност. Имам чувство дека во последно време многу ги зближуваат Пени и Шелдон. Дури и Ејми се поднесуваше во епизодава.
Јас Ејми ја поднесувам, ме нервира само кога е со Шелдон во комбинација и кога замараат. Инаку најдосадни ми се Хауард и Раџ.