Незнам што толку ја мразите Ејми , треба да бидете среќни што Шелдон има девојка како неа Плус неможат сите ликови на серијата да бидат симпатични и смешни , мора некој да биде црната овца Ај ќе ја биде , сигурен сум за 1-2 сезони има да плачете кога ќе се омажи со Шелдон
Зашо ја хејтате Ејми, па да не беше она Шелдон никогаш немаше да го покажат како вистинско човечко суштество Баш си го сакам каков што си е изгубен во свемирот, ама фаворит ми се сцените кога Ејми го тера да се однесува како прав дечко, да прифати држење за рака, кога ја чуваше дека беше болна и слично. Како и да е, серијата ми е фаворит, често чекам до 3ипол сабајле да ја гледам епизодата чим искочи.
Мене степенот на ретардација на Ејми ми се допаѓа Сите ми се шлакнати на свој посебен начин и ниеден од нив не наликува на некој друг... и тоа некако ми ја праи серијата екстра смешна. Нешто као секој од нив влече на своја страна и интересно ми е шо успеале толку различни карактери да стаат на исто место и тоа да функционира сасвим ок Иначе...Ленард ми оди на живци некако.. шо знам.. Седмава сезона ми е ветувачка некако од сам старт... само да не ја оплескаат на крај. Едвај чекам да излезе 4тата епизода
Сценаристите фатија добар ритам сезонава. Последната епизода ме свитка на земја од смеење. А, бе кога оној Шелдон ќе научи дека не е центар на свет? Мене некако ми се чини дека тој и неговото асоцијално однесување се столбот околу кој се градени и останатите ликови. Не дека останатите се цвеќенца, ама тој е врвот. Spoiler Али, не ме карајте-мој впечаток си е тоа. До следната епизода...
Кога ќе почне пак на МТВ или почната е? Терминот ми беше одличен, кога ја даваа, сега гледам ја нема.
Еј, значи ептен ме бендисува сезонава. За разлика од другите општо-тупечки серии, оваа ми држи ритам. Срцка ми беше Хауард оваа епизода со песната, си ја барам сега на нет, морам да го проучам текстот
хехе бубалиции многу интересна серија шелдон ,пени,ленард,раџ,хауард мн јака серија едвај чекам да почне новаата сезона
Мене не ми се нешто посебно смешни последниве епизоди, онака просек осмех на лице знае да ми се убаци али не она громогласно грофтање ко што знаеше да се деси од 2ра до 5та сезона. Или она го изгуби шмекот, или мене ми прекипа лончето, тоа не знам...
Јас официјално се откажувам и од оваа серија. Spoiler Да си кажам.. Едното исто, та едното исто... Како што тргнало ќе се откажам од многу серии.
Баш ми се допадна последната епизода, The Thanksgiving Decoupling. Spoiler Особено моментот со Шелдон и татко и на Бернадет. И секако, drunk Sheldon rules!
Многу добра епизода, почнав да урлам од смеење на крајот. Шелдон кога е пијан е врв Spoiler Од секогаш ми биле фаворит празничните епизоди од сите серии, има некоја многу убава позитивна енергија.
И јас ја изгледав Биг бенг, стасав до седма сезона. Ништо посебно, не викав од смеење, ама океј, јас никогаш не се смеам на глас на филмови, ептен ретко. Онака лајт, опуштено серииче, пред спиење го гледам, да ми се одмори мозокот. Со седмава завршува или...?
Време е да за ја завршат серијава кога веќе ја туркаат накај дното, предолго веќе. Последните епизоди беа патетични, освен епизодата кога Хауард и` ја посвети песната на Берни, што беше стварно инвентивна и смешно-емотивна.
Мене последната ми беше пресмешна, умрев од смеење за прв пат сезонава. Али една епизода смешна во 5, не е тоа тоа, барем одамна престана да ми биде тоа тоа. Едино Раџ ми ја вади серијата сеуште и Хауард, останатите сите ми се тапа, дури и Бернадед почна да ме нервира. Не ја прекинувам зашто хумористичните ми се бројат на прсти, али се надевам дека нема да ја тупат многу со нови сезони доста им беше. Spoiler Ова ми беше невкусно ама смешно
Мене ми се ок епизодите. Чим сум фатил нешто да гледам нема откажување , до последната епизода има да ги изгледам .
Последнава епизода онака,лајт ми беше за разлика од претходната. Се сложувам со коментарите погоре дека е најдобро со оваа сезона да завршат.Вака ќе си ја паметам како убава серија,а ако ја продолжат ќе ми здосади и ќе ја откажам