Мене уште не ми минал ќефот, едвај ја чекам секоја нова епизода. Не знам, можеби бидејќи летово ја почнав серијава, па за месец - месец и половина ги изгледав сите 6 сезони. Од седмава сезона најдобра епизода дефинитивно онаа за Thanksgiving и со пијаниот Шелдон. На патос паднав од смеење
Има некои досадни епизоди,ама не ја оставам серијава во никој случај.Шелдон ми е срце,колку нема социјални вештини,а понекогаш се труди стварно.И баш убаво што му најдоа женска,ме иритираше Ејми на почетокот,ама сега веќе ми прирасна за срце,си има свои моменти Треба и на Раџ да му најдат некоја,колку е фин. Пени и Ленард ми се монотони,најбезвезен пар,кај Бернадет и Хауард има интересни моменти,посмешни ми се.
Spoiler Последнава епизода ми беше хит.Знаев дека нема да можат да живеат без Шелдон Најјаката сцена: And there is Marie Curie -Nevermind she is dead
Развали последнава епизода, и ликовите и сценаристите се согласија во едно Без Шелдон ништо нема да биде исто.
Чекајте малце,бидејќи не сум во тек паузирав со серијата но гледам сте пишувале без Шелдон нема да биде исто...Да не ја напушти Џим серијата или ќе го нема привремено?
Еее,после оние досадните епизоди,оваа последната ми беше закон,на романтика избиваа сите Најбитниот момент Spoiler
Мене бакнежов ми беше многу некарактеристичен за Шелдон. Ми делуваше неприродно некако. Мислам дека ако ја тераат натаму ќе изгуби фанови серијава. Ејми и така е омразена.
Ептен е некарактеристичен бакнежот за Шелдон,ама покажува колку порасна и колку социјално се активира и мислам дека стварно му значи Ејми.Иритирачка е глумицата,се согласувам,ама се надополнува со Шелдон.
Number Episode Air Date S7, Ep16 The Table Polarization Feb 13, 2014 Јас па најдов дека е денес. Дај боже да е денес, кој ќе чека до 27ми.
Почнав да го гледам некни имав послободно време и се заразив.Никогаш не сум гледала серии ама ова е нешто што мооора мора да се гледа!Самиот факт дека сум стигната до 3та сезона кажува се
Ја отупеа со сексуалноста на Шелдон, who are they kidding, еба*иште ќе го направат на крајот. Мислам дека немаат идеи каде да ја носат серијава, па пробуваат да играат на она карта на лигава романтика да задржат фанови. Не се насмеав ни еднаш во последниве неколку епизоди, а серијава беше жанр комедија како што знам...
Инаку на интернет прочитав дека серијава ја прекинале на мтв поради тоа што Џим Парсонс (Шелдон) бил геј. Која јака причина да укинат серија. Јас ја гледам на нет ама сепак беше подобра од се друго на нашите телевизии.