^После толку сезони,ја уште така си ја пеам Имаат глупави епизоди,ама многу си ги сакам,посебно Шелдон
Се смејам како ненормална кога го гледам Шелдон. Последните две епизоди се малку досадни, но сепак се надевам дека ке продолжат убаво. Ако ми ја уништат и оваа како HIMYM, не гледам веќе ни една серија!!!
Со сила прават смешни моменти, тук таму ќе каже Шелдон некој бисер, Пени и Ленард ми се пролив досадни со тие нивни запросување, е уште Раџ и Хауард што тук даму си имаат моменти, другото ми е тотален промашај. Што ќе гледаме уште цели две сезони не знам искрено, само ќе се мачиме како со ХИМЈМ исто,ако не и бетер. Spoiler Шуќур ова ме изнасмеа...
Ја обожавам серијава! Ко луда се смеам на Шелдон и си размислувам дека на ТВ е премногу смешен, ама да имаш таков човек покрај себе секој ден...уфффф...би излудела 100%!
Ау ау серијава лелееее.. Пени заедно со Ленард неподносливи, Раж сменет 100%, со него и Шелдон не бега мн далеку, жити Хауард и Берни што тропаат глупости. Па и потпишале за + 2 сезони.
Има некој како мене што со нетрпение чека да излезе првата епизода од осмата сезона? Јас многу сум навлезена во серијава, една од поомилените серии ми е веднаш после Friends(No.1)
Многу слаб почеток на сезоната,никакви комични моменти,ниту пак интересен настан да ми го задржи вниманието. Сите се млитави и како да престанаа да се трудат со глумата,посебно Пени.Исто така и Шелдон го губи шмекот,дури почна да ме иритира,а многу си го сакам. Ако не најдат некоја интересна приказна,не знам како ќе им издржи сезонава.
Мене не ми беа лоши епизодиве, баш си се посмеав. А и Пени ми се свиѓа ептен со косата, некако посериозно делува, повозрасно. Spoiler
Ова ми е една од ретките хумористични серии што ги следам и не планирам туку - така да престанам. Нормално дека порано беа посмешни, но се' уште не се зарибани, си вадат добри смешки. Не може со ликови како Шелдон, Раж и Хауард да ти секне инспирацијата за глупости. Сега особено ми се смешни и сцените кај мајка му на Хауард, успеа некој да ја скроти и таа жена Пени е ок вака со косава и фала богу што ја унапредија малку во кариерата, редно време беше малку да стане посериозна
Некаде прочитав дека сезонава ќе има голема промена во дејствието, и тоа меѓу некој од паровиве, мислејќи на Шели и Ејми и Пени и Ленард. Прочитав од типот како Пени ќе се промени со оглед на тоа што заработува сосема добро, не зависи од Ленард веќе ќе и се крене самодовербата и можеби ќе го шутне Ленард? Не знам, ама само некоја таква шокантна вест може да ја мрдне серијва, зашто е попредвидлива него снег во зима. Мене ми е предосадна сезонава и стварно не знам како ќе има 10 сезони.
11 епизода ми беше пресмешна изгледе дека немав гледано одамна нешто нормално,па супер ми легна. Како ја бркаа птицата,будали едни Шелдон ми е право срце,се врати во колосек,и стварно само заради него ја гледам серијата. И Воловитз има свои моменти,ама со Шели никој не се мери.
Мене па конечно последните 4-5 епизоди ми беа интересни, можеби не урнебесно громогласно смешни, но сепак забавни и ми изнудија насмевка. Шелдон ми е најсмешен сеуште и девојката на Раџ е комедија, треба почесто да ја даваат наместо Пени, Берни и отокот.
Никој не го прокоментирал крајот на сезонава? А баш заврши бомбастично. Spoiler Три пати ААА!!! Дури ни раскинувањето од страна на Ејми ни варањето на Ленард не ме зачудија и шокираа толку. Барем ме натераа да чекам да видам со нетрпение што ќе се деси во 9та сезона.
Spoiler Многу смешна серија уживам во секоја епизода! Крајот беше феноманален и ме изненади стварно.. Не знам зошто изгледа како да Ленард и Пени не се спремни да се земат Глупо ќе биди ако раскинат мислам... Ама се се очекува од овие сериите, па и од животот хаха. Цело време навивам јас за Ејми да го заведи Шелдон if you know what i mean хаха срцка ми е загрев. Се на се многу интересно серифче и одвај чекам 9та сезонаааааааааа
Spoiler Јас си ги изгледав последните 5 наеднаш,многу добро ми дојдоа. Како ја пееја "Its a hard knock life",па како им текнува само,будали И финалето беше одлично.Ме изненади Леонард,стварно ја повреди Пени иако само се бакнал,ама се надевам дека конечно ќе се венчаат и раат. Најголемото изненадување беше раскинувањето на Ејми.Каков тажен израз на лицето имаше Шелдон,срце ме заболе,злато убаво.Порано многу ме нервираше Ејми,добро и уште ме нервира,ама ми стана прифатлива,дури и незамисливо ми е без неа.Си одговараат бре со Шелдон,двајцата се чудаци со тапија И не престанувам да ја гледам дефинитивно,се приврзав со смешките Чудна работа,полесно ми е да прекинам некоја крајно комплексна серија,со поиздржлива содржина,ама оваа и некои други ситкоми уште ги носам при срце.
Ја обожавам серијава..Дефинитивно е мојата омилена..Шелдон ми е душиче и си го сакам премногу..Само што ја догледав 8мата сезона и едвај чекам да дојди 21 септември за 9та сезона. За оние кои ја немате почнато ви предлагам да ја почните нема да зажалите..