Да ја активирам темава пак? Ја следи некој уште серијава? Јас гледам по околу 2-3 епизоди кога ќе се соберат. При крај се на сезонава, ама ја оплескаа веќе здраво... Буквално ништо не се случува, сцените се прекинуваат како недокажани и ептен ретко нешто да ме насмее. Веќе сите jokes се слушнати и видени, само ја пролонгираат, а со тоа серијава може комотно да се смести во низата серии кои биле упропастени поради алчност. Кога ќе погледнам видеа од првите сезони носталгија ме фаќа, сега серијава е само trash, па и оваа не е последна сезона, уште ќе имало. Мислам дека и на актерите им здосади веќе.
Мислев само мене ми стана досадна. Откако во серијава почнаа активно да ги покажуваат и женските улоги, се изгуби цела смисла веќе. Од 4ца бубалици што не можеа женска да фатат, сега се со семејства и деца. Шелдон не сакаше никого, не дозволуваше никој ни да го допре, ни да му седне на местото негово (всушност по тоа е препознатлив), а сега дури и ја запроси Ејми Ни смешките не се тоа што беа, ни репликите, ни случувањата...10 години снимаат, доста е. Секоја серија над 10 години веќе губи смисла.
И јас уште си ја следам. Јес да порано беа посмешни милион пати повеќе, ама сепак е добра занимација. Нема добра комедија деновиве
Барем цела екипа и актери си се забавуваат дур снимаат Да не ги мислиме де. Постаро е видеово ама јако Само Шелдон ко исплашен не се мрдна од назад И јас ги гледам новите епизоди ама не е тоа тоа. Требаше да заврши серијава многу одамна...Сега веќе ја изгуби цела смисла. Посебно ликот на Хауард Човекот беше многу смешен на почеток, се пушташе на секоја женска што ќе ја види (по тоа е препознатлив), а сега е женет и има деца А Шелдон е заљубен и ќе се жени Абе ај...
Дојдов да видам дали има „преживеани“ во новата сезона, денес има нова епизода. Мене не ми е толку лоша новата сезона, иако повеќе гледам поради емотивната поврзаност со серијава. Секако на почеток ми беа поавтентични и поинтересни, ама пак има некои моменти кои баш така искрено ме смеат, како на пример Бернадет и „непланираната бременост“, па и рекациите за полот. И Стјуарт. Најинтересно ми беше тоа кога Раџ беше срамежлив и не зборуваше, сега го направија како теткица и малку ми е досаден. Смешен, но досаден.
Темава едвај ја најдов Замрела... Ја почна некој Young Sheldon? Пред некое време ја изгледав сезоната, ама гледам нема тема за серијава па претпоставувам никој не ни ја гледал Искрено не е интересна, ама ми беше досадно па си ја гледав колку да губам време. Детето (Iain Armitage) баш си е погодено за улогата на младиот Шелдон. Го гледав на интервјуа и долу читам коментари дека на сите им е одбивен актер иако е дете...Како да не глуми воопшто, туку и во реалност како да е Шелдон. Таков му е карактерот. Сака да се истакне, не им дава на другите колеги да дојдат до збор, му се чини кој знае колкава ѕвезда станал со серијава. Од The big bang theory уште една епизода ми остана за гледање...Свадбата. Ееее до кај се издолжи серијата, дури Шелдон (што не сакаше некој да го допре) го оженивме Фустанот на Ејми Баш си одговараат со Шелдон, двајцата забегани на свој начин. После ова нека и стават точка на серијава.
Ја пратам од почеток и планирам да ја изгледам до крај, чисто зошто толку години ја гледам и сакам да видам како ќе заврши. Веќе подолго време не ми се допаѓа како порано, бидејќи прво и основно, премногу се изменети ликовите, не се тие nerd-ови кои ја правеа серијата привлечна. Второ, премногу се фокусираат (да не речам само и тоа е plot-от) на нивните приватни животи, ги нема оние science fiction елементите што всушност ја правеа TBBT.
Ќе има, 12та сезона која е можно да е и последна. Мене уште ми е полуинтересна, само не ми е реалистично дека Spoiler две деца имаат Бернадет и Хауард, нити пак тоа нешто придонесува кон приказната.
Ја гледав се додека негде во 7/8ма сезона не почна траката со смеа да оди на секој чекор. Многу е лошо кога ќе ја приметиш смеата и неможев да продолжам да ја гледам. Би сакал пак но незнам.
Spoiler Тоа е бидејќи актерката навистина остана бремена, а не немаше како да направат да ја нема цела сезона, па затоа остана бремена по вторпат во серијата и во кревет беше цело време. Иначе мене ми се измачување епизодите веќе. Веќе сè е видено, немаат оригинални идеи, мех... Спиноф-от не планирам да го гледам бидејќи ќе го замарам ликот.
Ја гледавте ли најновата епизода? Топење со Spoiler Лук Скајвокер. Тој ми беше the star of the night. Ејми беше многу убава невеста и имаа многу романтичен говор и двајцата. So cute. Мајката на Шелдон е царица. Му најдоа девојка и на Стјуард, уште Раџ остана сингл и ваљда конечно ќе ја завршат серијава, доволно беше.
Го изгледав финалето и ќе излажам ако речам дека не беше емотивно. Ама веќе се е видено и исцрпено во серијава. Секоја смешка, секоја реплика се повторува дури да ти стане досадно. Ете им направија свадба, сите беа среќни и весели па доста им беше.
И мене ми се допадна финалето. Имав слична реакција како Хауард кога се појави Лук Скајвокр. Омилен нов лик ми е таткото на Ејми. Исто така, целата работа со откритието и пишувањето на огледало со кармин беше ептен fitting. Сега стварно не знам што ќе прават следната сезона. Никаков плот немаат.
Хахахах сфатив дека сум ептен навлечена на серијава кога братучетка ми ме остави сама со нејзиното бебе и дур заспиваше, несвесно почнав да му пеам Sooooft kitty, warm kitty ,little ball of furr Се согласувам,го нема више серијата истиот шмек што го имаше во првите неколку сезони ама пак си ги сакам бе. Прочитав у Септември ќе излезе нова сезона која и ќе биде последна. Како и да е, со душа ја чекам, ми треба closure на шоуво.