Јас како слушнав имаат договор за уште две сезони Инаку пред неколку дена ја почнав и се навлеков, интересна е
Јас ја почнав Young Sheldon и ми се допаѓа. Дефинитивно добра одлука им е што не е ситком па нема laughing tracks на секои две секунди. Детето фантастично ги копира движењата на Џим. Исто така, новите ликови се закон, особено сестра му и бабата. Ми се допаѓа повеќе од сегашните епизоди на тббт.
Заврши. Крај. Spoiler Ми се допадна говорот на Шелдон, не ми се допадна дека Пени беше бремена, во една епизода не сака деца, другата трудна е и среќна. Не оди така тоа и не им требаше. Хумор веќе некое време немаше и не ми е нешто посебно жал што заврши. Повеќе премина во навреди едни кон други, него шеги.
Една од најдобрите серии евр! Си поплакав малку на крајот, ќе ми фалат. Spoiler Ми се допадна крајот, говорот и на Шелдон и на Ејми а особено последната сцена. И лифтот проработе на крај! Ни остана Young Sheldon.
Серијава беше феноменална до пред некоја сезона. После тоа што се случи не ми е јасно. Баш прочитав погоре дека е сведена на тоа што ликовите се вреѓаат едни со други и потполно се согласувам. Незнам дали е до мене или уште некој има приметено ама и актериве некако како на сила да снимаат и глумат, ја немаат веќе истата енергија некако ја замреа серијата што знам... А жално, имаше капацитет серијава.
Убава завршница. Баш одговараше да заврши со Нобелова награда. Можеше и по iconic да биде крајот, не велам не. Последните зборови се thank you од говорот на Шелдон, мех. Ама супер беше и вака. Ми се допадна шлаканицата што ја доби Шелдон. Како и да е, иако серијата го загуби својот сјај во текот на годините, мислам дека сите имаме некоја емоционална приврзаност кон неа. End of an era... Ќе ми фали Шелдон.
Навреме заврши Доволно беше... И мене ќе ми недостига, ама веќе и последниве епизоди ми станаа досадни. Деновиве кога ќе имам време ќе ја почнам од почеток Тогаш беше интересното. Spoiler Кога се запознаваа со Пени, кога Хауард беше очаен и се пушташе на секое женско суштество, кога Раџ не можеше да зборува со женски, кога Шелдон не сакаше никој да го допре.. Е по тоа ќе ги паметам нашите јунаци Шелдон и Ејми заслужија Нобелова. Немаше да биде целосен крајот без тоа, навистина Единствено не ми се свиде дека Пени е бремена, а 1000 пати рече дека не сака дете, па сега како демек мора за хепи енд да има бебе...Неисе. Исто и за Раџ не ми се свиде што остана сам. Но, се на се, во ред беше
Апдејт: Ја догледав. Добар финиш, после последната епизода гледав и некои инсерти и коментари од актерите, се полигавив малку и јас со нив. Тие со години работеле на овој проект, на ова снимање, ама и јас со години ја гледав серијава, така да, емотивно беше.
Гледа некој Млад Шелдон? Ако гледа да си направиме нова тема оти моментално сум заразен. Ми излагале инсерти на ТТ ама не ме интересирало толку. Ја почнав декемврито и сега сум до 5 сезона, 10 епизода. Седмата уште ја нема на нетфликс и затоа под закочив за да не мора да ја чекам да дојде. Прочитав умрел Џорџ. Не знам но во секој случај предобро. Првата сезона беше само за Шелдон, ама сега се повеќе и повеќе приказната се раширува и повеќе за работи за сите членови од семејството па и пошироко. Meemaw и Missy се легенди.
Слободно отвори нова тема за Young Sheldon. Неодамна и јаа пишував за серијава, сигурно ќе се најде уште некој што ја гледа, баш актуелна е последнава сезона моментално.
Да предложите некое сајтче каде да ја почнам TBBT? Јас ќе одам хронолошки, Шелдон скоро го завршив ама многу ќе ми фали и затоа планирам да ја почнам. Каде гледавте вие?