Мене ова епизода ми е една од многуте омилени а исто така добра ми беше и од 2 сезона 5 епизода кога Шелдон го учат да вози. http://www.youtube.com/watch?v=r6MfwLhA ... detailpage А најинтересен момент ми е Раџ кога пее, е на ова се имам пресмеaно http://www.youtube.com/watch?v=PCXMpOW4 ... detailpage
Омилена серија Шелдон ми е hilarious Не можам да издвојам насмешна сцена, сите ми се! Ејми ми стана еден од омилените ликови, а Рааџ ми е срце! Едвај чекам да дојде четврток(ние дури во петок) за нова епизода
Новата епизода Spoiler ах Шелдон, Шелдон! Па девојчето ти се нудеше на тацна Али добро, имаше напредок, стаса до галење Урнебесна епизода!
Ух, ама навистина е премногу јака серијава Си го обожавам Шелдон,ептен ми е срцка може и девица да е во серијава што е толку педантен?! Како и да е мислам дека на секој што ја нема гледано најтопло им ја препорачувам да си ја изгледаат и да видат што всушност претставува хумор Шелдон Купер рулз
Искрено и мене ми дое преку к*р од Ејми, ја отупеа и дефинитвно ми е јатапа лик од сите, дури и Бернадет ми е поекста! Шели како и обично не го коментирам, али мораат малце да го ушемаат Ленард, некако ми се губи од време на време! Исрено последнава епизода беше малце тапа, особено во споредба со претходната, се помочав на последната сцена кога шели му излезе од тросед, па и фацата Раџ човеку ќе прозбориш ли некад, колку му треба да се опуши па 100 години ги знае
Значи секоја епизода ми е појака и појака.Во 9тава епизода од 5 сезона Шелдон заклучува дека има фобија од птици.И како и секогаш почува да експериментира за да ја избрка од неговиот прозор....Хахахаха...значи серијава стварно никогаш не станува досадна...
Конечно ја изгледав најновата епизода. Најдобра од оваа сезона Spoiler Шелдон и Ејми во врска.......Relationship agreement .
ах серијава е моја нова љубов. значи почнав да ја гледам минатата среда и веќе сум на средина на 3та сезона. така слатко си се смеам значи неможам да ви опишам. мислам дека е прекрасна. интересен концепт , интересни ликови и луда забава. се разбира најинтересен лик ми е шелдон. се надевам дека ќе продолжат да снимаат бидејќи серијава е priceless
Значи серијава ме изнасмејува нон-стоп. Се заразив со неа, буквално 3-4 епизоди на ден гледам Најсмешно до сега.. http://www.youtube.com/watch?v=BZNLFw8_pDM
Една од најинтересните серии, дефинитивно. Имам гледано епизоди ама онака измешано, и сега почнав по ред. За ден ипол ја изгледав 1 сезона, чекам нов интернет следниот месец, за другите сезони. Омилен лик ми е Шелдон, најинтересен и баш ми е сладок. Омилени сцени: http://www.youtube.com/watch?v=Wav-mP9EUMc и http://www.youtube.com/watch?v=sIp77PUvLTE. 11 епизода од 1 сезона е мојот фаворит !
Кревам два прста, и се вбројувам во многуте пациентки во темава со иста дијагноза - го сакам Шелдон и тачка.
Убедливо серија со најоргинален хумор во последно време. Прекрасна е серијава,имаат многу добар концепт, ликовите им се одлично одбрани, од епизода во епизода се по навлечена сум на нив. Да не се повторувам со сите пред мене Шелдон е генијален лик, наомилен од сите дефинитивно. А Ејми за чудо ептен се уклопи во серијава. Лудница е кога се труди да заведе а мулево абер нема Spoiler how could this human being be gay Море среќа, нема да можеше глава да крене од жени
Вечерва е новава епизода, т.е на нет сигурно тек утре сабајле Амн претераа со паузава, ќе забораам што била последна епизода додека дадат нова. Инаку ќе биде јако, во наредниве, Spoiler за едно 3 епизоди ќе се смират Ленард и Пени, т.е ќе размислувале да се смират, различно пишуваше, дај боже ќе видиме
Една од најдобрите серии што ги имам гледано, всушност е втора на списокот. Да не беше Шелдон и неговите реакции, теории (кои всушност не ги разбирам) и објаснувања, воопшто немаше да ја гледам серијава бидејќи како што реков не разбирам ниту збор од нивните теории поврзани со физиката. Плус актеров, Jim Parsons многу добро си ја врши работата. Баш му прилега улогава. Срце ми е. Long live Sheldon Cooper.