1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Теорија на релативност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од meredith, 14 април 2010.

  1. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Тука пишете се што знаете за Теоријата на релативноста од Алберт Ајнштајн
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Епа вака мислам дека гласеше: Да стоиш со прстот една секунда на вжештена плоча - ти се чини како да си стоел цел час. Да седиш во присуство на љубената цел час - ти се чини како да си седел една секунда.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Благодарам за мислењето.Јас гледав нешто на Википедија и теоријата на релативноста беше нешто поврзана со енергијата и брзината на светлината.Некој ми кажа ваков пример за Теорија на Релативноста и сакав да се уверам дали и ова е Теорија на релативноста.
     
  4. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Незнам што конкретно бараш како одговор, но за теоријата на релативноста има да се пишува цели книги... Накратко ако може да се објасни би било нешто вака:

    Се во природата е релативно. Не постои апсолутно движење или мирување. Исто така релативни се: едноврменоста на настаните, временските интервали, должините, формата и ограниченоста на просторот што го зафаќа некое тело. Релативни се во однос на различни референтни системи. Значи ако во однос на еден систем едно тело има дадена положба, во однос на друг не е истата. Или ако земемеме на пример дека времето е апсолутно- а не релативно и замислиме дека двајца патници се возат во мнооогу долг воз. Едниот во првиот вагон, а вториот во последниот. Ако удри гром во на почетокот на возот тогаш за првиот патник ќе биде тој настан во еден момент, а за вториот во друг- подоцна. Значи неможеме времето да го сметаме за апсолутно, туку за релативно. Зависи што земаме за референтен систем- систем во однос на кој се набљудува појавата, движењето....
    :)
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Алберт Ајнштајн, во 1905 година ги поставува основните принципи на специјална теорија на релативност, увидувајќи ја неможноста да се применат Галилеевите трансформации (кои во себе ги содржат Њутновите погледи за постоење на апсолутно време и апсолутен простор) за брзини блиски до брзината на светлината:

    * Во инерцијалните системи (системи кои мируваат или се движат рамномерно и праволиниски) сите закони на физиката се инваријатни (непроменливи).
    * Во сите инерцијални системи брзината на светлината во вакуум е константна. Нејзината вредност не зависи од брзината со која се движат изворот или приемникот.

    Специјалната теорија на релативност важи само за рамномерни праволиниски движења и при тоа, Галилеевите трансформации преминуваат во Лоренцови. Исто така ги поставува законот за собирање на брзините (применувајќи ги Лоренцовите трансформации), воведува релативистички изрази за маса, импулс и енергија итн. Ја објаснил и појавата на фотоелектричен ефект, воведувајќи ја хипотезата дека енергијата во светлинскиот сноп е концентрирана во “мали пакети“ наречени светлински кванти (фотони), а не по брановата површина како во класичната теорија и воведувајќи ја релацијата за фотоелектричен ефект.

    Последици од Лоренцовите трансформации се контракција на должината и дилатација на времето.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Па вака,не ја знам теоријата на Ајнштајн за релативност,гледам дека опфаќа повеќе работи простор,време,барем колку што ги прочитав претходните мислења.Сепак за релативноста мислам дека не е само просторот,времето,туку и се во животот,па дури и начинот на кој размислува човекот,секоја мисла,секое дело од страна на човекот е релативно,не е константно,исто и за природата но сепак тоа е еден процес кој што не е константен.Токму поради тоа мислам дека има врска и психата кај човекот,затоа и постои психологијата како наука,нешто што сите работи што се случуваат во природата,кај човекот,просторно-временски,па да речам дури и дводимензионалноста,тродимензионалноста,се е на база на релативност.Мислам дека тоа е процес кој што постои и опстојува,од кој зависат можеби и многу работи за кои мислиме дека се само чиста случајност,незнам дали сум во право или не сум,но тоа е моето размислување во врска со релативноста,за кое што сум размислувала.Меѓутоа,нормално дека сум слушнала за Ајнштајн но не сум навлегувала во тоа што тој говорел,нити па ме интересирала физика,туку да речам некогаш некои работи во мојот живот ме потикнале да размислувам за релативноста,најчесто тоа биле и одредени личности што сум ги сретнала.
     
  7. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Благодарам на сите за вашите мислења :D
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не би да преведувам, но http://www.spacetimetravel.org/ има пристојни информациим доколку му треба на некој нешто друго. Барем напишано со различни реченици од википедија. :)
     
  9. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Имаше еден мал текст кој што го учевме по англиски јазик и во него беше објаснето вака: Еден час по математика е 45 мин. а нам ни се чини како да е цела вечност,а додека пак сме заедно со симпатијата 45 мин. имаме чувство како да сме само 5 мин.,значи кога се чувствуваме пријатно времето побрзо ни поминува :)
    Не ми замерувајте на објаснувањево,ова беше само текст во учебникот по англиски јазик и тоа некаде во V-то одд. :lol: и нормално предвиден за да може да се свати теоријата на релативност колку-толку на таа возраст. Ама се уште го паметам!
     
  10. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Моја омилена тема!:inlove: Ако патуваш со брзина поголема од светлината можеш да патуваш низ времето!8)(y)
     
  11. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Теоријата на релативност навистина функционира, а тоа се потврдува низ многу примери од праксата. Факт е дека во одредена состојба времето поминува со брзина на светлината, односно ние така чувствуваме, а во друга ситуација многу бавно. Aко земеме за анализа одредена појава, истата е различна во однос на различни референтни системи и вредности, што претставува релативитет и не може да се земе како апсолутна.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.