Епа најчесто за некоја к***а што се меша во врска или заради дечкото најчесто заради тоа или ако некоја вадела муабети за друга
НЕ меѓу женски, тоа се вика меѓу две или повеќе КОКОШКИ! Навредливо е за кокошките така да ги наречам, ама мора со нешто За што?? За кој и да се тепаш, за што и да се тепаш, не си поразлична од животините! Луѓето се разбираат со зборови, па каков и да е проблемот, секогаш постои решение и компромис! И не, не ми се смешни, патетични ми се, бетер од шпанска серија!
Навистина многу бедно изгледа. Што и да е, може да се реши без вакви испади. Како мала сум се "тепала" со жеснки, ако може воопшто да се нарече тепање, ама и тоа било ретко. Сето тоа многу смешно ми изгледа. Се држам понастрана од такви работи, преферирам да спуштам со збор.
Ваљда заради машко,и озборување ваа наква ваа таква и на крајот сите окубани кокошки мене тоа ми е многу ниско ниво...
Хахахахаха демек треба некаква причина. Доста е да ја погледнеш нафураната криво и ќе си добиеш ќотек. Озборување- оваа рече за таа вака онаа така па и идат на таа што рекла демек па која си ти ма мене да ми викаш дека сум ова она ии ШЛАП. Или за машко! Знаеше дека мене ми се свиѓа зашто се смува со него најдобра другарка сум ти ШЛАП и почнува. Што го гледаш дечко ми ма?ШЛАП. Си му се пуштала а?(аген)ШЛАП. Или по ново. Што си му савала лајк мори? За тоа знам дека се тепаат за машки или па за која што рекла. Сум се тепала ко мала и со машки и со женски. Ми ја украле играчката, барбиката, ме исккубале, ми го украле чоколадцето. Ама сега срамота е, незрело однесување е тоа, фаќање сеир.
хахахахаа..темава :up: кога бев помала многу често тепав едно девојче што ми идеше на нерви и сега би ја истепала(онака крвнички) добро добро не . ама знаев кога ке ми се спојат жичките убаво да се истепам со некоја шмизла или трачарка..ете затоа ми фалат тие златни детски денови
Па...Со девојчина не сум се тепала, туку сум ги тепала ... Јас се тепав со машки... А иначе еве ќе ве почестам со една случка... Прилично ведар пролетен ден во далечната 2000инекоја, јас 7-одд... И така си седиме на клупите во хол и збориме за триста глупости, јас и уште 5/6 машки и наеднаш слушаме: „ААА!!! Кучко една!!! Леле ме изгреба сега ќе видиш!!!!!!! Аааа косата!!! “ и надоаѓаа цела гужва, сите се движат околу нив и пукаат сеир. И ние вакви се гледаме сите и се газиме од смеење. И доаѓа раководителот и ги разделува додека ние се кикотиме ко луди, и ги носи во канцеларија... И по долгото и макотрпно висење по прозорци, нели за да слушниме за што се работи, испадна се истепале за некое машко од 1-ва година гимназија што учел во нашето основно... (смајлиштосекрсти)
Разбирам машки да се тепаат, ама жени !? Глупо ми е, отсекогаш ми било, немам поим, ваљда ради простотијата, а и глупо е бре - ретко која знае асално да спотепа некоја и обично завршуваат (само) со корнење коси, нејсе. Жални ми се и за гледање, си викам само греотка за умот што го носат и мака ми е и да гледам. Простотија, примитивизам, плус која е логиката да натепаш некоја (читај да и` корнеш коси) што ти го спотерала дечкото или кркнала некое десертче за тебе или уатевр ...
Тепачка помеѓу женски како борба на две змии, мислиш ќе се изедат, страшно, мрзам тепачки меѓу машки а камоли женски, ме вознемирува, секогаш избгнувам разговор кој би довел до тепачка, уфф недај боже да се најдам во таква ситуација.
Тепачка помеѓу две девојчина најчесто има кога се работи за некое машко,па на некоја од нив и е дечко па другата се меша и така натака така натака..Можеби звучи глупо да се тепаш за машко,али кога би се нашла во таква ситуација зошто да не и покажам на некоја да не го чепка она што е мое?!Ако стварно ме сака момчево и јас го сакам би и го покажала местото на таа ку*ва , а ако момчето сака да замине со неа слободен му пат оти не вреде да се тепаш за некој шо не те сака...
Глупи се друго решение нема Демек шо? Само машките ке се тепет? Ко мојме и ние зш да не? --- Еве вака размислуваат тие
Најчесто заради озборувања (не дека навистина ги опгодило тоа озборување) туку да се направи алфа мејл. Како и да е бедно изгледа кога некој тоа го гледа од страна и буквално им пука сеир, а девојките влагаат во филм "Види најјача сум"
Се согласувам дека е бедно,ама ете јас се најдов во таква ситуација,со другарките бевме нападнати од три девојки кои прв пат ги видов во животот и ден денес уште не ја знам причината за тепачката. Не нападнаа физички па нормално не биваше ние да седиме со скрстени раце и да оставиме да не тепаат,па се испотепавме саламски Ги пријавивме в полиција полнолетни се имаат по 18 години.Значи некои девојчиња стварно немаат никаква култура,ниту домашно воспитување..бедно
najdolno nesto,najmizerno,najbedno najbruka.koga ke vidam deka dve zenski se tapaat,pa uste poloso za masko pa pomizerno nesto nema
Заради дечковци, озборување...што знам. Сеедно, женска тепачка за мене е многу мизерна слика. Ај на машките природата таква им е, да покажуваат сила. Ама женските колку толку треба да знаат да се разберат со збор, цивилизирано. Многупати во нервоза сум добила желба да и врзам 2-3 шамари на некоја, но фала богу останало на тоа
сељанки невидени...за овие ваквите затвор бреее...да ги научат малку на ред.Па која и да е причината не паѓам толку ниско бе.
Најчеста причина поради која женските се тепаат е слаба култура и став на диви животињи. За такви -хитно ветеринарна служба, да ги вакцинираат против беснило!