Кокошки. Неможам да не гледам женска тепачка а притоа низ глава да не ми се вртат звуци на кокошка што бега од петелот низ буниште за да не ја прцне. Причина: Као јас сум демек фаца из Костолац и никој не смее мене да ми јаде гоВна пошто јас сум нели главна и секој што ке каже спротивно љубомори и треба да биде тепан. Мене женските безуспешно пробуваат да ме копираат. Хах, какви кучки, никогаш нема да бидат ни приближно како мене. Машките сите ме сакаат затоа што јас сум главна путка у граду, ама неможат да ме имаат пошто јас сум недопирлива зла и луда кучка што ломи срца. Talk to the hand please. Битни моменат: Што ме гледаш мори краво? Битнији одговор: Кој те гледа мори дрољо? И следат 3 круга една околу друга т.е. душкање терен и тогаш срипуваат една врз друга и следи (воглавно) промашен прв бокс т.е. fist in the air. And the rest is history. Па кога ке се степаат за машко бе. Се кубат коси, летаат ванаби клоци...и многу јасно - по дифолт и двете се курви и и двете се во право. “Другарска“ багра на двете страни од позади навива, а можно е и да дојде до масовно-навивачка тепачка. А ако и типацот е таму да гледа, обично со прст нема да мрдне да ги смири туку ке ужива во двобојот што се води за неговото височество и ке си го мазни прутот. Секако, тука иде и мобиљката со тетрис резолуција за подоцна дотичните тепачици да видат дали им се изместила фЛизурата при тепачката, како и да водат евиденција кој гледал од страна и кој се смеел за да биде ставен на хитлист. По можност истата ке биде закачена на ФБ или ЈуТуб и таму газолижачите на двете ке се поделат и ке викаат како извесната мачкица била најбоља и и` покажала на курвава, па ке се вмешаат и “противничките“ кои ке им кажат да не јадат гоВна кога нивната тигрица била боља и мња мња, ке се закачат нови “непријателки“ и потоа истата прича од почетокот.
Едноставно одредени личности не се доволно цивилизирани и незнаат мирно со разговор да решат одреден проблем или проблем кој обично не ни постои. Интелегенцијата не им дозволува да сватат колку понижувачки и ниско е тепањето за дечко или па за измислен муабет кој обично е чудо за 3 дена... Во средношколскиот период бев сведок на неколку вакви пресметки кои рака на срце е многу смешно да ги гледаш бидејќи ''тепачите'' скоро и да немаат физички контакт - само павтаат со рацете во воздухот и се црвенеат од нервоза. Спојлер И да моментот е кога ку*ва и вика ку*ва на друга ку*ва... (добар речник нема што)
влакно валеше јас на една свадба да не се спукам со една, леле луѓе тогаш се воздржав само од помислата дека на младенците тоа им е волшебниот ден и дека неможам тоа да го направам од причина што не би сакала утре истото на моја свадба да се случи. Дечко ми беше девер кај прв братучед, а старосватицата се живо правеше: -кога бевме кај младоженецот таа застанала до мене и ми вика, деверот брат ти е? викам не,дечко ми е. и она: сигурно? и се смее, јас се насмеав и викам да сигурно и си продолжив да играм, не сватив ништо озбилно -тргнавме по невеста,од невеста у матично - црква и у црква јас се вратив до кола да земам корпата со бонбони,кога типката ја гледам го фатила дечко ми под рака и влагаат у црква да ен бев у црква улицата ќе ја избришев со неа влегов у црква му покажувам на дечко ми,тој не реагира (одпосле го прашувам зошто не ја тргна од себе,вика од кај да знам попот не местеше сите,кумот,мене, јас мислев она треба до мене) лелееее збеснав -после у ресторан пошто бев деверуша имаше шампањско и за мене и и викам тргни се до дечко ми да застанам, оваа ми се смее и се прави не ме слуша, јас пак културно повторив, оваа пак ми се цери у фаца и пак ништо леле луѓе се збуткав некако и кога ја турнав со колкот хехехех дури и на цдто се гледа, па више преку глава ми дојде -некаде на пола свадба јас станав на забавното , на дечко ми не му се стануваше (ова дечко ми, ми го кажува) му приоѓа она (а јас од далеку приметив,кога тргна накај масата другарките и креваат палци-за среќа) му приоѓа она и му рекла ај да играме (па незнам што да е ,јас како женско не би канела машко ама никогаааш) дечко ми и одговорил јас ако сакам имам девојка со која ќе играм, оваа му рекла батали ја неа,ај со мене. овој пак културно и одговорил,оваа пак рекла: ама ајдее мене никој досега не ме одбил; а дечко ми и одговорил извини ама за се има прв пат, оваа збесна се сврте и се врати на столчето и во тој момент ја како што играв и покажав палец надоле абе ме пукна смеа -доаѓа време за бидермаерот, и оваа застанува и ми вика: што бараш ти овде, викам па за букетот-јас барем има дечко, а оваа ми вика ај која ќе го фати нејзин да е деверот, а јас сум си професионалче за букети, и и викам ај. ииии го фатив бидермаерот и и викам а сега? оваа се сврте и си отиде -тука веќе доаѓа крај на свадбата и дечко ми вика идам јас да ја донесам колата до пред главан врата испотена си да не те пресече, и јас го чекам и се гледам на големо огледало пред самиот излез од ресторанот, а она ми се појавува одпозади во огледалото и вика: да даде господ да ти пукне огледалото, лелелеееее тука јас вртење фаќање за коса, веќе не се додржав,ама тука се погоди тетката на дечко ми(свекрвата од младоженецот-мајка) и ме одтргна, луѓе веќе ми се стемни во тој момент пред очи,знаејќи дека веселбата е завршена, можев да ја заколам жими се
поради машко!! глупости живи!! никад не сум се тепала заради машко.. ни не сум пролила ни една солза..а никад нема ни да се деси! според мене не заслужуваат!! а тие што се тепаат заради машко.. имаат мозок? не не ни прв ни последен For the love of god!!
http://kajgana.com/statija_1140.html Од најновите олимписки игри на кокошките, и тоа овој пат не само во дисциплината "Кубење коси", туку и во "Кик-бокс". Напредуваат морам да признаам
Патетика. Не би се тепала за ништо, а не пак за машко! Сега кај нас у школо другарка ми сака да ја тепа една, од глупа причина што на ѕид напишала дека е курва. (као демек не е, има 12год, пие алкохол, сменила едно 2-3 дечковци и сите ги мота на прст) А и двете се слаби. Да и удриш еден бокс со нога и на земја ке падне. Јас сум за спуштање ниско со зборови, а не со шамари (ама ако заслужи...).
Јас бев тепач бр.1 во млади дани, и секогаш прва се закачав и со машки и со женски. Испраксирана си бев и си немав гајле. Последен пат се степав во 6 или 7 одделение со еден другар, зошто не сакајки на физичко ме допре за задникот. Тој кутриот стварно не сакал, ама си доби асален ќотек-васпитна мерка, а потоа сите машки од одделението знаеа дека со мене ниту со мојот задник не смеат да се закачаат. На женските само што ќе им заржев бегаа, немав можност да ги затепам. Но да се разбереме никогаш не сум се ни карала, а не па тепала за некој фраер, оставав фраерите да се тепаат за мене . Од средно па до денес се трудам конфликтите да ги решам на мирен и пристоен начин, сепак не доликува ниту на маж, а не па на жена да се тегне и влече по улици, дискотеки и сл.
Искрено? ... Тепачка е најглупавото и безвезното нешто што може да произлезе од две девојчиња. Женското треба да знае да се одбрани со зборови а не со тепање. Во склоп на тоа, женското не ни треба да се кара воопшто. ДОКОЛКУ, причина за карање е машко - јас би се повлекла .. Ама ето,мерак им е на машките да гледаат каде што се тепаат женски... малце ненормално ама ајде, мери им памет
Нема врска! Жени се тепаат заради завист, љубомора за тоа која има поубави кукли. Озбилно! Кога бев малецка, мојата најдобра другарка се викаше М. Уствари до ден денес сме си многу блиски. Е само што тогаш бевме г’з и гаќи. И стално излегувавме пред зграда со куклите. Арно ама М. беше многу љубоморна на моменти и постојано ме имитираше, што на мене не ми пречеше се додека еднаш не ми ја фати куклата и не ми ја тресна од земја. Намерно А таа ми беше можеби втората кукла која воопшто сум ја поседувала. Сеуште ме боли срце. Ја прашав зошто го направи тоа. Ми вели - затоа што е поубава од сите мои 10 кукли. И тука она ме закача, јас ја закачам, она мене шамар, јас шамар и почнуваме косите да си ги кубеме - зошто о зошто ли имаше М. кратка, црна, рамна, сјајна ЛИЗГАВА коса? А јас плава, виткана, густа?! Зошто? Го јадев у велико и тоа. Еднаш некој ако ги заплеткаше прстите во моите коси, заплеткани остануваа Мислам дека сеуште ја чуствувам болката и го слушам вриштењето. И тука јас ја добивам силата на Сивиот череп и ја налегнувам М. на земја и ја средувам со боксови во стомак и тука поминуваат едни Циганки и не разделуваат и ни велат и на двете - зошто мури се тепате? Не ли е срамота?! Па ние сме Циганки, ние треба да се тепаме а не вие! Ајде да се смирите сега. И низ солзи се смиривме и гушнавме. Ете така, еј уште ми е шубе зошто сме се степале Многу се глупи тие жени кои се тепаат искрено! М. сеуште си ја сакам и сеуште до ден денес се смееме за тоа колку сме биле смотани што сме се тепале како деца за - кукли. За кукли бе?!
Девојките паѓаат на многу ниско ниво кога се тепаат меѓу себе поради дечко или поради било што. Интересни се за гледање.Но едно е сигурно,. плитски се во паметот. Жално е навистина.
Според мене тепачките се најдолен начин за решавање проблеми. Не сваќам зошто некој би се тепал кога со тоа ништо не се постигнува. Па луѓе сме господ ни дал способност за размислување и зборување, а со разговор се постигнува и се решава се. Само примитивците како единствен начин го гледаат тепањето. Сепак силата е во умот, а не во мускулите
Ауу нема поглупаво од женска тепачка стварно на ништо не личат кога ке се закубат за коси ц ц ..Најчесто причина им е за дечко,се сеќавам кога бев помала летно време беше и излегов на улица што да видам тогаш девојките беа доста постари oд мене па кога фатија да се тегнат,па штикли летаа а дечкото што се тепаа за него застанал и фаќа сеир пола улица блокирана акција во живо ..Паметна девојка ке утепа со неколку збора а не физички да се пресметува..
Во мојов живот се имам тепано само со сестра ми. И најчесто за глупости, како мали, знаевме да се кубеме за коси и да се клоцаме. Моите уште од тогаш не учеа дека тепачката не е решение, и дека секој проблем може да се реши со разговор. Сум била сведок на такви женски тепачки, кои мене лично ми се ептен патетични. Не им доликува на такви млади девојки јавно да се понижуваат, пијани да се влечат и тегнат за коси, додека од страна сите го овековечуваат тој прајслес момент на нивните мобилни и никој ништо не презема за да ги раздвои.