Види ме која сум јас -Јас сум човек кој не знае да се брани со зборови; -Во мојот речник има само зборови од типот к*рва,квачка,крава и не допираат до тебе, не ми е јасно од која причина; -Ти немаш храброст како мојата за да ми го пукнеш носот; -Од сега па натаму кога ќе ме видиш ќе бегаш 100 км подалеку од мене и моето момче; -Сите ќе ми се клајнаат бидејки сум најдобра и на фејзбук ке си ставаат профилна од мене Е само ваквите женски, со вакви мислења работите ги решаваат со тепачка. И додека мислат дека се најсилни всушност сите позади грб им се смеат и ѓи покажуваат со прст колку тоа тие се интелегентни
Најниско нешто, како воопшто можат да си го дозволат тоа, небаре сме дивјаци, крајно простачко однесување ми е тоа. Причини поради кои се тепаат: дечко, муабети рекла казала, ненамерно подбуткување во дискотека започнува голема тепачка, копирање стајлинг, гледање на криво, оговарање ....
Неможам да те спуштам со зборови, па ај ке помогне ќотекот. Нешто многу бедно, се однесуваат ко да се симнати од планина.Па кога ке се насоберат други околу нив.Па ке почнат добацувања од типот:Не биди пи*ка удри ајде, боксот!Мислат дека се наоѓаат у боксерски ринг. Прва никогаш не сум почувала тепачка.Добро е што сум јака на зборови па можам да ги спуштам на земја.Него ако веке ме мавнала оваа, вракам. Сум се тепала али како мала, прав дифтар сум била . Сега не. Најчесто ваквите тепачки се дешаваат поради некоја Х личност.
Никогаш не сум се тепала,тоа за мене е на најниско ниво.Па луѓе бре,ако сакаме да си го зачуваме дигнитетот и нивото на кое што сме,како можеме да помислиме на такво нешто-тепачка??Со тоа се покажува дека сме очајно изфрустрирани од животот и демек тие биле храбри се тепале незнам што..Глупости во секоја смисла. Па ние сме дами,госпоѓи,нежни и убави какви тепачки...Проблемите не се решават на тој начин.Ако сакам некого и со ЗБОРОВИ можам да го убијам.Всушност нема потреба од реферати за ова.кратко и јасно се тепаат луѓе кои мене воопшто НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРААТ.
Само како мала се имам тепано со другарка. Детски глупости хахахаха. Иначе стварно мислам дека е многу глупаво. Воопшто не женствено!
Се имам тепано како мала неколку пати па кубење коси, па клоци, шамари од се по малку Сега сметам дека поглупаво нешто од две женски да се тепаат не постои. Не ги личи на девојки...
Посебно убав момент е ако и двете се на 17 цм штикла и допи*њак минич....Која глетка, да не знаеш дали да се смееш или да им шлапниш и ти по една воспитна што ти го срамат родот.
Јас прва се немам почнато да се тепам, само 1 една ми плесна толку силен шамар и јас дотрчав дома со другарка ми и кажав на тетка ми и таа отиде отрча и и го пукна носот и ја донесе за коса да ми се извини!!! не го знаете тоа чуство какво е инаку машки сум тепала, а вака на женски им се имам многу заканувано ама се надевам и тоа ќе доживеам некого аслно да натепам.
Јас мислам дека главна причина е недостаток на внимание од другите. Но, може да се случи и поради "меѓусебните преоблеми". Мислам дека тепањето е една голема глупост и дека ниедно девојче/девојка/жена не треба да си го дозволи. Во моите 19 години ниеднаш се немам тепано со женско.
Чист простаклук ........... никогаш не би можела да паднам на толку ниско ниво да дозволам некоја дебилка која нема грам култура,а камо ли мозок да западнам во конфликт со неа па дури да си ја направам раката нечиста едноставно нема да и дозволам да ми се доближи а камо ли......... Според мене се се решава со разговор........
Никогаш нема да си дозволам да се тепам со женско, да паднам на нејзино ниво, и цел град да ми се смее? - Не фала.
Нешто најпонижувачко според мене, и мислам дека нема ниту оправдување ниту пак причина. За се има решение.. но не секој знае да го пронајде. За жал некои луѓе има што капацитетот на мозокот го мерат со силата. Ова апсолутно во никој случај не го оправдувам !! Незнам како може човек да се спушта на толку ниско ниво, баш чудно за нивните сваќања.
Колку ниско ниво е тоа. Девојкиве се тепаат,која ке испадне поголема фраерка,а машки собрани од страна да пукаат сеир. Никогаш не сум се тепала,ниту па сакам да се спуштам на нечие ниско ниво.