За машки фала богу, ама стварно не ги свајчам појче девојчинава. Дека јас сум средно училиште - економско, баш некни ко стасав на училиште стаса и автобус шо носии деца кои живеат подалеку и едни две се истепаја косите враце си ги дадоја за машко (глупи) . После тоа сите ги озборуваја... за срамота она на ништо не личи.
Само да се обиде некој! Јузинг мај Аикидо скилз! Не ми се десило, и нема да се деси ако некој се обиде. А, стварно е глупо кога гледаш девојчиња да се тепаат... Едит: Еве уште еден гиф: Така започнува. Девојка: Поуба сум од тебе! Девојка1: Дигната си појче од мене, кучко! Девојка: Са че видиш! Девојка1: *кубе* Девојка: *мава шамар и кубе* Девојка1: *гризе, мава шамар, кубе* Девојка: Кучко една!!! *бокс, гризе, мава шамар кубе* Дечко: Девојка и Девојка1: *застануваат една до друга и се насмевнуваат толку вештачки, па и шминката не ги поправа сиротите* Дечко: *се гази од смеење* Девојка и Девојка1: *се ќезат како свињи* Дечко: *ја сретнува неговата девојка и си го продолжуваат патот гушнати* Девојка: Ти си виновна!!! Девојка1: Не ти си!! И така двете малоумни девојчиња ливд тепачко настроени евер афтер.... Така ја замислувам тепачката.
Тепачката помеѓу женски е многу честа.Причината може да е -машко -зборување глупости -за глупости ќе се истепаат.Но не се свесни дека некој може со збор да се разбере... Јас со збор не се разбираммм....само тепање(јас не се тепам женски,туку само МАШКИ)..
Глупо нешто. Ако сакаш на некоја да и се одмаздиш,да ја поразиш искористи го мозокот затоа што зборовите повеќе болат од физичката болка а исто и добро смислениот план за одмазда. D) Однесувај се како дама а не како уличарка без никакво воспитување. И ми се чини дека ваквите тепачки се тренд во последно време,барем јас така сум забележала слушајќи ги другаркиве како се договараат за тепачки или се фалат како "и ја смачкале фацата",а потоа на фејсбук си пишуваат тепач <33333,боксер <3333..... Многу се јаки.
Девојки без самопочит, тоа е. Тие што се тепаат за машки...не слушнале за изреката: Додека двајца се тепаат, третиот добива?
Тепачка со женски, хаха со задоволство гледам кога има, па поготово за машки коа ќе се тепаат, милина ми е.Чупиња без мозок. Аа иначе, да се степаш со некоја ку*ветина што те омаловажува постојано, ии тоа како вреди.Се иаме јас и уште две другарки истепано со шмизлиња од друг клас зато шо не извреѓаа за ништо.И фино лепо им вративме на навредата со тоа шо ги навредивме и тоа убаво.Чупиња без морал, цело училиште ги има фатено за газ и за ци*ки, шатаат со три кила пудра на училиште чиниш лицето во малтер го имаат пикнато, на училиште доаѓаат напукани во ептен тесни пантолони и хеланки и деколтирани до немај каде, иако бевме само 7мо.И ова сето у лице им го кажавме и започна тепечката.
Гледам ама понекогаш е подобро да не гледаш. Многу ми е ниско и неиживеано, богами и просто. Ќе земам ќе се тепам за што и за кого, за да се срамам и за некој невреден и ќе кубиме коси. Никогаш не сум се тепала со женско од било каква причина. За некој да му е мерак да ме гледа и да се кружат муабети после. Мислам дека тоа се исфрустрирани женски да се покажат кои се а уствари се плашат од се. Тоа се според мене проблематични девојчиња кои многу се дигаат па ако треба ќе покажат се за да го задржат машкото. Глупости.
Од една страна размислувам дека не вреди.Не треба толку ниско да паѓам(тоа доброто човече зборува ).Од друга страна па ептен сакам во животот да имам една тепачка
Јас никогаш не сум можела да ги разберам зошто се тепаат, без оглед која била причината. Немам до сега видено девојка што се тепа заради машко. Тоа што имам забележано се тепаат за да се истакнат, да ги видат сите, кои се они и што се. Мене не ми се јасни другите "другарки" што скокаат за да ги одбранат. Демек ако се тепаш и јас скокам. Абре ајде на што личат. Ако има некој проблем со некого, треба да го реши сам. А не се собираат толпи и ќе ја правиме големата, па сите да те гледаат. Јас досега се намам тепано за никого. Али не значи дека нема да и помогнам на другарката со совет. Или пак де ја оставам некој да ја толчи. Ќе ја тргнам. И ќе бараме решение. Иначе имам еден пример. Ова се случи: Излезени сме со друштво во кафич. Си поминувам низ толпата, онака пазам како и секогаш да не истуркам некого и слично. Затоа што ни мене не ми е убаво некој да ме турка. Се погоди пред мене едно чупе. Ме турна. Си продолжив да си одам, како ништо да не било. Следно вретење пак се погоди. Тргни се јас да поминам, ми вели. Помини ама каде и велам, нема место. Беше многу тесно и немаше јас кај да се тргнам за типкава да помини. Ме фати за врат. Ова озбилно не се заебавам. Јас цела збунета, што му е на чупево. Неа ја гледав прв пат во животот. Почнав да ја туркам. Што и е на оваа, што се замислува. Па ја удрив силно. Не сакаше да ги тргни рацете од мене, ко на некоја дрога да беше или појма немам на што. Очите ококорени, ко од хорор филм да е излезена. Потоа се смири. Ги тргна. И другите ја отргнаја. Не ја видов повторно. Едни другарки ми кажаја дека она не сака никој да и стој на патот. И дека редовно се тепа со секого правејки се јаката ми типка. Си велам што стори болен народ. Јас сум против секакво тепање. Без оглед чупе со чупе, машко со машко. Со тепање ништо нема да се постигни. Барем ништо добро. Не сум за тепање, но во смисла да се одбраниш себе и да ВРАТИШ ако некој се зафати со тебе, а ти не си направил ништо сум. Лошо е онака во дискотека и сите да те гледаат како се тепаш. Но да вратиш е подобро. Отколку да си седиш така и некој да си прави што сака.
Мразам и јас и ни на крај памет не ми текнало да почнам... но, ми се случило да ме нападнат и тоа од зад грб(на работно место) бидејки наводно и цум го гибала дечкото а овој па поим немав дека излагал со неа со мене се муваше и вистински шок за типката беше што наместо да ја тргне и одбрани неа тој по мене трчна.... Сепак ги баталив и двата !