Ај за машки, али коа ќе слушнам дека се тепаат за дека едната и рекла ку*ва дека била. Е тоа е веќе бетер од тепање за машки. Ако те нарекла така што има одма да се навредуваш ко демек тоа си.. И почнуваат со кубење коса, па лета на секое страна коса и најстрашно од све е кога ќе се плукнат, е тоа ми е најсмешна работа во тепање. Страшноо...
Тешачка помеѓу женски е најмизерното и најдолното деградирање на една девојка. Понизок пад од ова НЕ ПОСТОИ. Не доликува вакво нешто на една дама.
Случајно си го пронајдов мислењево... Типката забремени и мажена е сега. А ова го пишав пред една година.
Што има овде женствено? Зар им доликува на припаднички од „понежниот пол“ да се доведат во оваква ситуација? Секако НЕ!!! Тепачка меѓу женски, па недај боже, за дечко, е еднакво на глупост и срамота!!!
ХАХАХА досега најмногу се смеам за тепачка меѓу две женски „кокошки“. За мене тоа е срамота и досега со никој се немам степано а се надевам и во иднина...
мислам дека не постои машко кое нема да подзастане на женска тепачка дополнително тоа ако изгледа вака гледам Сеир....немам работа , гледам сеир, денес е сабота, гледам сеир и мува не ме лази ... кој ме сака и кој ме мрази...
ВАЖНО: ЗЕМЕТЕ ПУКАНКИ ПРЕД ДА ПОЧНЕТЕ СО ЧИТАЊЕ Целава тепачка ќе е што збореле за нивната „врска“... 13-14 години се....
Навистина многу е невкусно и неженствено кога две девокји се тепаат.Колку е смешно,толку е трагично. Неколкупати сум се нашла во сиуација да гледам ваква расравија и навистина не можам да разберам како тие девојки немаат ни грам достоинство и самопочит,па си дозволуваат такви испади,кубење за коси,вриштење на сред улица,итн. Сите сме биле во ситуација кога ни пукнал филмот,ама сепак има и други начини,со кои културно може да им го покажеме местото на ваквите.Ама да се спуштам до тоа ниво,никако.
Да јас се имам најдено во ваква ситуација, заради еден тест, таа сакаше да ми залепи шамар ама јас ја задржав и и ја свиткав раката тие не ме оставаа да кажам на класот дека имаме тест и после јас кривата кажав на класот а таа со шамар, како не таа мене што ми може бе. Како и се изнавика мама на телефонот хохохоох и ич ни срам ни перде. хах
Во 6 одделение се степав затоа што девојчето ми досадуваше, на глава ми се качи а гледаше дека јас не сум расположена и упорно ја игнорирав. Женско, не се знае за што ќе се степа, иако мислам дека најчесто сепак е заради љубомора.
Сум била сведок на тепачки помеѓу женски во основно,а богами и во средно...дно дна,само тоа ќе речам.Кој колку што и да ми направил,па не би се осмелила да се тепам,многу е понижувачки,и не личи.Ајде во основно пак,ќе речеш мали едно др.ама во средно секој ден бев сведок на тепачки пожеѓу женски замислете 18 год со една 23 год ...свашта држи земјава.
Според мене многу лошо изгледа од страна женски да се тепаат..Општо и машки...Ама женски..Женското треба да биде дама да знае без навредување со зборови некого да уништи а не со насилство..Многуууу ми е грдоооо и ме нервираат такви хулиганки демек што се тепаат...
Во прва средно бев нападната од една соученичка. Причината беше љубомората од нејзина страна што јас бев одлична, без никаков проблем добивав 5 по сите предмети а таа не беше по учењето и сите оценки и беа многу ниски. И тоа ме нападна на час кога наставникот постави некое прашање а јас кренав рака, демек што сум морала секогаш да се пријавам да одговорам. Стана и грубо ме фати за раката и почна да ме штипе а јас сакала или не сепак морав да се одбранам и ја фатив за коса. Другарите во близина станаа и попречија да дојде до поголем инцидент. Иако не дојде до некоја тепачка, сакам да кажам дека има секакви луѓе, агресивни личности кои умеат да нападнат без причина и од кои мораш да се браниш. Никако не одобрувам било какви тепачки, ни машки, ни женски и никогаш не би започнала такво нешто. Но затоа ако некоја ме нападне, секако дека би се бранела, сигурно нема да стојам со прекрстени раце.
Се степав еднаш во трета средно , и тоа само затоа што бев вербално и физички нападната . Предходно сум се тепала само со 3 машки . Оваа женска тепачка ми беше воедно и последна во животов
Најчесто ради машки се тепаат. Се тепаат пошто со зборови не се разбираат. Јадно.. Се тепаат за да решат некои пресметки. Неможе некоја да ме малтретира мене и да и стојам со скрстени раце.