Инаку никогаш не сум се степала со други освен со брат ми и уште понекогаш се тепаме, ама не е толку страшно ..... Не ми паѓа на памет за дечко да се тепам, а тепачки сум гледала ехееееее многу Иако можат лесно да ме изнервираат сепак до сега немало некоја причина за да кренам рака или нога на некој и мислам оти тешко тоа да се случи, бидејќи не сум агресивна личност и не занм што треба човек да ми направи па да му залепам некоја
Многу смирено реагирам на секоја провокација,иако од внатре вријам,ама па така другата страна уште повеќе се нервира,па вербални шамари давам ко од шала,тоа е во мој стил.Не е во описот на дама физички да се пресметуваш,а е и примитивно.Но,едно ми рекол татко ми,ако гледаш дека некој сака да те удри,очигледно е,удри прва...и го имам применето...јбг мораше,се збуни,пребледе и се засрами.За ум тоа се вика,плус некои луѓе не се разбираат со зборови...иако пречесто ги оставам да останат неписмени и ограничени,па не се ни расправам.А во типична женска тепачка,тој луксуз бога ми никогаш си го немам дозволено,ниту пак некогаш ќе си го дозволам.
Како помала многу често се тепав со брат ми .. кубење за коса шамари боксови гребење клоции абе и со перници се мававмедури некогаш и предметилетаа од моја страна (по некое пенкалце тетратче пижамчиња абе од све по нешто ) Иначе се имам и тепано со едно машко а со девојчиња се иам тепаноо ухуу и тоа многуу иначе стварно некој треба јако да ме испровоцира за да кренак рака на него .. Иначе никогаш не неам тепано за машко а ниту планирам ..
Со брат ми кога бевме мали тоа ни беше игра Инаку еднаш сум плеснала една типка, ме изнервира, се премаше да се тепа, па и закачив една и си заминав со тресење на раката, болеше у п.м Добро, и на машко му имам еднаш двапати врзано шамар Другпат не, а за сведок, ехее, сум била често пати, ама одстрана си стојам , не се мешам, имав една другарка во основно немаше со кој не се тепа, уште си има таква навика, велат во БТ ршум правела со тепачки. Искрено на една девоjка стабилна не и доликува мразам мажи што се тепаат за едно пивце па не жени.
Леле ова ме потсети еднаш пред едно 6-7 години ...... нешто брат ми ме изнервира како по обично и не сакаше да се тргне од мојата соба и јас заманав со едно пенкало што ми се најде до мене и лелелелеле ....... окото ќе му го извадев на детето за малку .... го погодив точно под окото, за пола сантиметар ќе му влезеше во око и ќе го ослепев детето која будала сум била ..... фала му на господ ништо не се случи, само на местото кај што го удрив со пенкалото му беше малку помодрено иначе цел живот ќе се каев и знам оти животот ќе ми се сменеше и мене, и нему, и на моите ....... Затоа од тогаш не мавам по него со никаква таква остра работа, само перници и слично ....
Никогаш не сум се тепала, сила би употребила само доколку треба да се одбранам. Не сум се тепала ни си сестра ми , ни со машки , ни со женски...е сега малото шамарче што редовно го добива дечко ми не се рачуна нели Тоа е од љубов
Кога бевме мали со сестра ми многу често се тепавме, мајка ми викаше дека сме како куче и маче. Инаку во друг случај не сум дигнала рака, против насилство сум, затоа што сметам дека зборовите можат да нанесат многу поголема штета отколку тепањето. А многу од луѓето што ме знаат ми кажале дека "тепам" со поглед, кога некој ќе ме изнервира.
Епа сеа мене ова ке ми биде поука друг пат да не мавам со пенкало .. ама добро е што не си го погодила во око ..
Да го погодев не знам што ќе правев после тоа Арно што ништо не биде, а можеше да биде страшно . Како бев исплашена кога се фати за окото ццццц ... затоа никогаш повеќе со таква работа не мавам, оти за 1 секунда се може да се смени. И ти не мавај по брат ти со такви работи веќе, поарно со перници или со шамари Позз
Јас и брат ми како помали(а и поголеми богами) се кршевме од ќотек. Еднаш за малку раката не ми ја скрши. Ух не знам колку инциденти сме имале вакви, мајка ми ќе полудеше И бидејќи бев вака истренирана и во школо се тепав малку почесто. Ама го јадеа машките
Kako би испотепала некој во моментов, зашто сум нервозна и би сакала да ја истурам нервозата на некој..Ама нема кого да тепам во моментов...
Прити удри дома по перници, по нешто таму истури нервозата Ајде без нервози само. И така ќе помине што и да е
Заборавив да кажам, со брат ми како помали секогаш се тепавме, а знаеме и сега некогаш да изненадиме. Иако он секогаш победувал и памтам еднаш цела модрици ме направи дури. И еднаш братучед ми го претепав. Многу ме изнервира и го бутнав на земја и го мавав со клоци.
Како помала се тепав.Имаше тогаш и кубење на коси,мавање шамари,гребење пред се и имаат уште лузни некои од нив,удирање 'боксови'... Во последно време не сум се степала со никој и подобро е . Имам гледано многу тепачки низ училиште,дури и такви каде што детето има скрешно ребро,рака,заби.. Треба некој многу добро да ме изнервира,испровоцира за да го истепам
Се тепав во основно, со поголемите мушки..Сега се тепам со зборови, и секогаш победувам нормално хе хе
Дали некогаш сте се пресметале со некого физички? Само со сестра ми, како помала, а со некој друг од страна никогаш, добро братучед ми, ама и тој не се брои како некој од страна нели. Колку треба да ви згреши некој или испровоцира за да ве предизвика да го удрите? Не паѓам на провокации, можеби внатре во мене вријам, но не дозволувам тоа да се примети. Најинтересни се женските тепачки, гребење и кубење за коса Сум присуствувала на многу такви и тоа најчесто за некој дечко кој фаќа сеир во публика Во училиштето каде што учам, чести се овие кавги и тепачки, па имам можност да гледам и да фаќам сеири. Секоја година мора две-три девојчиња да се испотепаат за некој дечко. Ритуал е тоа.
Како помала се тепавме со сестра ми,онака кубење,шамари...ништо страшно...Пред неколку месеци во еден клуб направивме тепачка(срамота ),али стварно не бевме ние виновни (иако сите го зборат тоа,ама не бевме виновни),другарка ми ја нападна една кокошка за ред во WC-то,а јас скокнав да ја бранам и тие кокошките попија по два-три шамари и неколку клоци и ги избација надвор,ама не се откажаа и се собрале 10,а ние бевме само три и не чекале во заседа и кога ни скокнаа...среќа дечко ми и еден негов другар што влегле по нас во WC-то,па ги тргнаа од нас,добро поминавме...па обезбедување,па полиции,па муабети после тоа како ке не тепаат,па закани по фејсбук...милион глупости...али ништо од тоа не се случи,само се закануваа,али во секој случај беше срамота
Тепањето со сестра ми не го рачунам, а и не е кој знае какво , ако и дојде нагон да ме тепа и попуштам и на крај јас останувам удрена, иако сум физички појака од неа, можам да ја смачкам Единстевно што памтам тепачка имав во основно со една типка што ми идеше на нерви, ама не беше кој знае каква тепачка, обична со тргање, мавање, бркање , ама типкава вистина претера, ни и правев ни ништо , сама без причина ми се нафрлаше и прва почна и и вратив.Не гледаа само соучениците во паралелка. Имам присуствувано на машки тепачки и мразам да се најдам во просторија кај што има тепачка аууф, се ежам од последиците после
Не сум учествувала во некоја тепачка. Ќе се степам со некоја, и сите други сеир да ми гледаат. Ох, но само јас си знам колку сакам да се тепам. Така кога имам вишок енергија, нека ми дојде некоја прчла-ќе се тепаме. Само никој да не не гледа Сум гледала многу тепачки,посебно милувам да гледам женски тепачки. Имам сестра,ама не се тепам со неа. Леле треба со некој да се тепам!