Аахах...Последен пут....Коа сум се степала со Женско пред 1мецес на одмор со другарка ми ....Се степавме асално и тоа со апостолки....За кој да напраи кафе....Глупости ама ми зовре....хххх....
Јас сега не сакам да се брукам така и да се тепам со девојчиња,а другите од страна да гледаат и да ми се смеат.Ама ако некогаш почнам да чурам можно е да и ја лепнам една на некоја. Инаку како мала повеќе машки тепав.На едно дури и главата му ја скапав....упс
Еднаш во 4та средно и ако можам воопшто да ја наречам тепачка бидејќи не добив фидбек. Во принцип сум многу мирна особа не сакам кавги, а општо тепачки ми се многу прост начин на решавање на работите. Ама во секој од нас живее насилникот и треба само добар тригер механизам за да си ги покажи рокчињата. Не верував дека воопшто можам некој да треснам, ама една глупача од училиште ме просветли. Не само што сум можела, туку и добар удар имам да се пофалам . Се спречкавме за некоја глупост ама скроз безвезна, и упорно неколку денови провоцираше за јако да се скараме. Ама јас таков карактер сум што на такви провокации воопшто не паѓам, таа си збора јас се понашам исто ко мува да зуе. Изгледа моето такво однесување ептен ја вадеше од такт, при што реши да ги помини сите граници и тресна нешто на што не можев да се исконтролирам. Фино лепо и многу мирно ја турнав во зидот, ја фатив така малце посилно за вратчето, и кажав два збора очи в очи, и на крај како јаготка на шлагот и треснав едно квалитетно боксче. Имаше после посети кај директорот, викање родители ама секое чудо за 3 дена, па се се заборави.
Онака тепачка на шала со другарките, штипење некоја клоца да летни по г`з се дешава, а инаку да си трошам енергија на некоја будала, не !
Oh, dear. Сум била во две. Победив во двете, и дознав дека сум баеги силна. Иста вечер, иста личност. Две на две, она баш сељачки и филмски воедно. Девојката заврши со потечено око од мене, доста потечено. Другата без коса, братучетка ми цела и ја искуба па после цела вечер вадеше од себе долги прави влакна. Јас играм фраерски, боксот и готово. Спојлер Со сестра ми се немам тепано, доста години сме разлика.
Пред 4 години...затоа што рекла дека сум глупача...и се степав ...и сега сваќам дека стварно сум била глупача
Кога бев мала, обично откако некој ќе мамеше во некоја игра... Малата сестра ми е избувлива, па секогаш јас морав да се тепам. -.- Сега, брат ми малиот и сестра ми по малку, колку да разберат дека мораат итно да станат од компјутер!
Со сестра ми до пред некоја година не поминуваше ден,а да не се искубиме за коса,да не се поклоцаме,ама не не болело и сме немале друга работа...не дека сега од време на време не ни се случува,ама овие сега се пожестоки и пократкотрајни А иначе со некој друг се немам степано,не ни планирам,оти тоа ми е најглупав начин за решавање на некој "проблем" Чудно,смешно,мизерно ми е кога ќе разберам за некоја женска тепачка...низ градов моментално имаме неколку доста познати девојки по тепањево,не дај боже да им згрешиш нешто опасни се одма За машкиве ај не е толку невообичаено, тие демек сила покжуваат,ама девојкиве.... без зборови ме оставаат ..
Не сум правела тепачка со никој (совен со оние со кои сум во роднинска врска,ама и тоа беше одамна па не се сеќавам баш како беше) Иначе простачки ми е бре да се тепам, па не дај Боже и пред народ, сеир да им правам! И досега не сум паднала во искушение да и шлапнам на некоја шамарче или да и бапнам бокс, а и ситно сум јас нема многу сила во мене Спојлер Еднаш ме предизвикуваше една бивша мувачица на дечко ми, ме буткаше во кафич ама силно ептен и јас само се смеев, дополнително ја провоцирав! Она ќе помине покрај мене и во гужвата ќе ме турне,јас не реагирам Ама девојката претеруваше и еднаш мојата другарка која е бајааги крупничка и ја возврати ,,бутката,, од мое име! така силно ја турна што оваа се тресна на земајата и другарка ми се прави на Тошо,вели ,,вода и дајте лошо и стана,, Посе тоа и се лутев на другарка ми што падна на тое ниско ниво, ама брзо ми мина и стварно беше смешно! ме тешеше дека никој не забележал во гужвата што се случило, оти не сакам скандали и такви простачки настани!
Ауу даа се имам степано во прва средно еднаш и никад више .Бевме кај една другарка во викендица и таму имаше една што јадеше г*мна за нас и толку ни фалеше па и се пуштивме,глупачи .Добро е никој не дозна за тоа освен луѓето од таму,па мирно си го напуштивме местото и од тогаш дали двапати сме отишле
Против тепачки сум независно за каква ситуација се работи. Животните се тепаат за да решат проблем и за да преживеат, цивилизираните луѓе имаат ум и разум и способност за говорење и можат да го решат секој проблем со разговор. Во живот еднаш се степав со братучетка ми. Бев мала, прво второ одделение и не знам што ни влезе, таа ми зборуваше ме нервираше и јас ни две ни три, шамар, ова она. Таа (разлика сме девет години) се стори уште помала од мене и ептен многу се истепавме. И да, уште еднаш ама тоа не го сметам за тепачка. Бев трето одделение и имаше едно девојче многу ме нервираше. И еден ден мислам дека ме удри по г’з и јас тап репот в рака. Ја искорнав квалитетно. Не ми врати, знаеше дека е крива веројатно. Оттогаш ми стана заштитничка На таа возраст не знаев да расудувам како што треба, ама сега веќе не. Тепачка не доаѓа во обзир, иако ако некоја ме нападне ќе вратам. И тоа ќе и биде за цел живот спомен од мене.
Многу мразам тепачки, тоа не е правилниот начин за решавање на проблемите и затоа избегнувам вакви работи. Само еднаш сум учествувала во тепачка, ако може така да се нерече, и тоа пред неколку години. Криво ми е што паднав на провокација, што мене ретко ми се случува, ама овој пат беше претерано.
Како помала се имам тепано многу со брат ми. А сега јас го закачам ама тој не ми враќа па го провоцирам многу и на тоа паѓа. Инаку сум присуствувала на тепачки. Две девојки во школо се караа за еден дечко. Се кубеа, литаа шамари . А јас само еднаш бев испровоцирана од едно машко, е тогаш не си ја знаев силата па кога му сврзав еден шамар. Е тоа така си го памтам најубаво
последно се степав во 8 одд со една проблематична девојка во класот болно љубоморна ми беше незнам од кои причини и нон стоп бараше кавга ми пукна филмот ја фатив за коса добро се начукавме дојдоа нејзините 2 другарки па и брачедами и најдобрата ми другарака се приклучија боже цело училиште се собра наставникот по физичко не разделваше бруки се смирија страстите јас вриев сеуште фатив и ги закопав во снегот нараквиците капата и ги изфрлив неможеше да ги најде,ајде после мајкаму кај мене дома кавги леле мори мајко од тогаш не сум се степала и против сум тоа многу ми е проста работа но ете проблематично дете бев понекогаш сакав само на моето да е и никако да попуштам опасно бев
Како помала се имам тепано со брат ми за глупости , јас сум многу по избувлива од него А во школо многу пати се имам тепано и со женски и со машки.
Хахаха коа ќе се потсетам ...до 8г се тепав многу со другарка ми хаха ии потоа паузирав не се тепав ама знам дека убаво на 12г се испотепав со едно девојче...јас сум многу голем инат и таа мене и другарките не бркаше низ улица со метла јас првиот пат избегав ама после и реков само смеј удри ме па ќе видиш што ќе ти се деси и тоа и го викав неколку пати и она ме удри со метлата по нозе и јас така повисока подебелка од неа она е многу ситна слаба ниска коа и ја шутнав метлата коа ја зграбив за коса до земја и јас не пуштам ама јас неам осет кога некој ме кубе може ке се чудите ама така е и јас ја провоцирам и и викам само толку ли можеш хаха јас уште толку навали на неа хаха и после тоа дојде мајка и не делеше и таа си го доби ќотекот
Порано. Ау,е тоа беа тепачки. И ден денес сакам да се испразнам на некое машко како што го правев тоа порано. Абе не столеви,не шамари,боксови,се леташе. Цигли,камења,абе се убивавме. Леле,стварно,сега се присетив.. Колку бев машкуданка порано. Ц ц ц ... Сега не. Сега било каков вид на удари и такви ствари ме иритира. Сега си го имам јазикот за такви удари.