Незнам дали и вас, ама мене ми е страв кога гледам машки да се тепаат, се мислам дека некој ќе заврши со скршена рака/нога/врат, мислам немаат осет како и каде маваат. А додека да гледам женска тепачка е тоа е нешто прајслес Ги гледаш како се кубат и кокодакаат, сеир пука... Штета немам видено одамна женска тепачка
Не се тепам сега ама во основно знаев да залепам некој шамар на некое девојче . Со машки не се закачав , со нив подобро и се сложував . Се сеќавам сега имаше една лигла , метар и желба за растење додуша и сега толкава и ме изнервира толку што и ја бутнав главата во корпа Кај мене во зграда исто имаше еден што живееше под мене , постар од мене ама низок и тој . Слушнав го закачал брат ми и се симнувам доле а врне т.е истура . И му идам му викам извини да те прашам нешто може ? Може . Што се ку*чиш на деца помали од тебе ? Види колкав си , те нема нигде и најде на брат ми ? И дур да каже нешто му врзав шамар и му реков ако уште еднаш слушнам дека го закача брат ми да бара дупка кај што ќе се скрие
Se imam tepano ! So nekoja sho mnogu se pravi. Mi treba mnogu vreme za so nekoja da se zatepam, ama koga kje mi dojde nad .!.( go nemam ), mrtva e Se imam tepano i so mashki ko pomala jaki tepacki ) Sega poretko se tepam gledam da se strpam, ama fakam seiri chesto
Порано децаа бе..највисока бев во класот и најголема,сите ги строев додуша на машките бидејки тие се закачаа со женските и јас ги бранев..а сега не се тепам срамота е ..
Досега се немам никогаш пресметано со некого физички. Треба некој навистина многу да ме изнервира и тоа фино лепо се да ми се собере па после доколку не можам со навреди да се разберам можам еден шамар да му залепам, повеќе не (не сум по тепањето ).Досега била сведок на многу тепачки, а на тие што сум била биле на некои пијани машки.
Јас се сметаам за добра вила досега само со машки се имам тепано чисто само да им покажам кај им е местото фраерите не поминуваат кај мене
по пророда,сум мирна до нормална личност. ич несакам на ваков начин да ги решавам работите... ама кога сме во таква цивилизација и до некаде мора да се употреби и малку сила имено, не пагам на провокации, секојдневни случки али некоја кога ке го прејде черџето дознава кој сум и што уствари....пример во училиште беше последно да, ми се скурчи од лигавење, од што се прават кој сум јас и оговараат на секое одиш и прашваш сака да се запознаете, без разлика од оговорот јади една крвничка пред сите и еден поздрав до дома, за другиот ден да те поздравува кога ке поминиш
со брат ми и тоа бајаги се тепаме , и ден денес, баш сега на нога имам синица а од што од чисто зезање и ме плесна... јас никого прва немам мавнато , можам да се воздржам. Во 7 одд. еден другар ме удри демек со шлаканица и во истиот момент станав и му ја плеснав и јас и тоа убаво и на брачета ми на времето ја удрив зашто беше и сеуште е непослушно детиште... и толку од моето тепање
хахахха Се тепаме со брат ми уште како од мали сега не баш многу не е ни нонстоп А за машки како и да е тие секогаш се тепаат ма не се замарам!
Не досега не сум истепала во јавност,а не ни планирам па макар којзнае колку некоја глупак/ча би ме изнервирала...Порано како помала со братучедите партал се праевме,мајки те нонстоп беа по стрес..Али затоа сеа сме си друштво
Не сум се тепала,не ни сакам,се надевам дека животот нема да ме доведе во ситуација да бидам нападната бидејќи тогаш секако ќе се бранам..
Да се имам тепано, и тоа многу. Најважно од се е сум тепала (нормално не сум почнувала прва) Нема да заборавам една случка тато оди во школо,нели викнат зошто сум се степала. И само праша, кажете ми сноу тепала или била тепана? Велат, тепала. Тато: ааа добро
Сум се тепала и со помали и со постари од мене, а највеќе со сестра ми и со едно дете од клас (во основно). Бидејќи скоро на секој час седевме заедно и немаше час, а да не ме мавнеше по рака со моливот или со линијарот. И така следуваа моите шамари, клоци, бодења со шестари и што е најсмешно едно дете сето тоа го имаше снимено. Кога го гледав се утепав од смеење. пс.: Секогаш последна мавав.
Да сум се тепала, и тоа јас сум тепала, но никогаш не сум започнала тепачка прва... А и во 5 одделение го тепав мојот школски другар бидејќи не сакаше да ја избрише таблата- а не него му беше редот, му залепив 3 шамари: јас: избриши ја таблата- тој: не сакам (шамар) јас: избриши ја таблата, ти си на ред тој: не сакам (втор шамар) јас: ќе ја бришеш ли таблата (трет шамар) тој со солзи во очите: ДА!
Лол, мрзам кога некои ќе се фатат за коса и ќе се влечат. И шо? Коа више се тепаат нека ја мавне асално..
Според мене,јас не сум личност која премолчува на провокации и вреѓање,ама искрено тепањето не е решение за да се среди некој проблем.Секогаш сум била против тепањето и сум избегнувала такви работи бидејќи тоа е многу бедна и глупа работа.Ама недај боже да ме некој извади од такт,е тогаш е готов.Како велат постарите "Сељанките се тепаат,дамите им ги затвораат муцките со зборови".
Со брат ми секогаш правевме продолжетоци на втората светска војна .Дома беше како атомски бомби да паѓале. А сега нешто ме привлече кикбоксот. .И еве еден месец идам скоро.И дома чат-пат се закачкаме со брат ми ама некогаш ќе пукне