како помали со брат ми се тепавме, а сега ретко не ни се закачаме си се согласуваме веќе сме големи дее срамота е хааха
Дали некогаш сте се пресметале со некого физички? -Да со брат ми, со братучеди, со многу други, па на кик-бокс кога сум тренирала ако се смета тоа. Колку треба да ви згреши некој или испровоцира за да ве предизвика да го удрите? -Не е потребно многу да ми згреши.
Му имам удрено шамар на две деца. Заслужуваа.Женса тепачка не сум видела онака во живо.Едно девојче на телефон ми покажа видео што снимила две девојчиња како се тепаат.Ми вика:„Интересни ми се женските тепачки.“Тепачката...легнало девојчето на земјата,а оваа другата ја навредува и мава клоци по неа.Нема тука кубење коси,ова она.
Имам удрено шамар на неколку од екс школските (машки). Со сестра ми како мали знаевме некогаш да се степаме, па се е случило и од досада да е тоа. Како помала еднаш се степав со едно девојче од соседството, но таа може и да не го памети тоа. Поарно ќе биде да не се сеќава. Да ме изнервира треба многу, но да ме испровоцира за шамар треба малку.
Се имам тепано и уште се тепам. Сеа сигурно мислите дека сум насилник Спојлер далеко било Еднаш ја истепавме едно девојче со другарка ми ама имаше добра причина за тоа сеа ме мрзи да објаснувам и тоа пред 4/5 месеци се случи еден таксист не раздели имаше многу деца ама никој не смееше да се замеша. Онака не се тепам со брат ми како помали да, сега не.
Имам удаирано шамари на машките од моето одделение прсти му се познаваат на лице па ај нека му текни уште еднаш да се заденат ,а да се имам степано и се друго девојче тоа прво се закачи
Со сестра ми си се тепаме по дома, поточно јас ја тепам, а пред една година, истепав едно дете со лењирот оти ме исмејуваше.
Најниско нешто ми се тепачките.Значи не можам да разберам како може некои буквално коси да си корнат.Се знае што е за една дама.
ако со брат ми сме големи се тепаме многу често 2 пати дневно секако и тоа за ситници зошто не дошол кога ке го свикам или пак зошто сум му ги истуркала книгите малку е просто и загревотно ама тоа е кога ке ти пукне филмот не гледаш ништо а со сестра ми си се сложуваме СУПЕР
Со брат ми, кога бевме мали, постојано се тепавме и каравме. А, вака со некој друг да сум се тепала, не.
Незнам дали е чудно, но со женско никогаш се немам степано. Не пак со машко. Секако како мала тоа онака сме се заебавале, многу сме разбирале што е тепање тогаш. А она како што прават женскиве, коси кубат, шамари летат и тоа за машко, не.
Со сестра ми редовно како деца.....во последно време не пу пу скраја да е...многу ниско ми е да се пресметуваш со некој физички....се имам степано да во средно последно со соученичка...ја удрив со клоца во стомакот,а таа шлаканица ми удри...мислам на тоа да останам ако некој не ме полуди
У основно многу се тепав, бев ептен дива ама со машки се тепав, едноставно многу сум избувлива а и не трпев многу. Во средно не се тепав освен некои пожестоки караници кои за среќа не ескалирале во тепачки освен последната во четврта. е тоа беше со крвови. Многу детско и незрело од моја страна ама тоа беше врвот од нејзините ср*ња. Сега криво ми е, да се вратам немаше така да постапам ама се деси веќе. Од тогаш само смирено (без тепање)