Така се чисти само површинската прашина на тепихот а всушност најголемата прашина, бактерии се одоздола, мислам на коренот на влакното на тепихот (ваљда сум јасна). Површинската прашина може да се усиса и со усисивач или пак истресе. На ваков начин доколку не се одмие пената убаво, само се привлекува и лепи прашина уште повеќе на тепихот. Едно е ако во моментот ти падне нешто па со сунгер и средство го измиеш за да не ти остане флека на тепихот и го одмиеш прашокот со жива мака а друго е вака цела површина да се поминува со пена.Јас не сум за оваа варијанта.
Правосмукалката ми е слаба ,не влечи јас како што сакам па еднаш неделно го поминувам тепихот со влажна крпа натопена во вениш ,да излезат сите пувчиња од кебињата,чорапите па правосмукам.. Еднаш до 2 пати месечно едно ура и на чукање (се разбира ова го прават мм и син ми )..Иако ретко јадиме во дневната сепак има флеки и едвај чекам пролет па да го однесам во перална на перење,имаме пробано сами да го периме ама не е тоа тоа.Со подобра правосмукалка би усисавала и секој ден само да не се нервирам со црнчиња,рончиња..Тепихот и неговата белина т.е чистотата ме опушта ...
Девојки има ли некоја вакви теписи? Интересни ми се, како со црвчиња што се, само проблемот е што сакам скорз бели. Еее како ќе се чисти белото? Страв ми е да не изгубат од волуменот после некое време од газење, па измеѓу каде што е рамното да ми поцрнат од нечисто. Има некоја искуство со вакви?
Јас имам мали стази во спална, бело-бордо комбинација. Тоа не се усисува само се тресе. Ако ти се за во дневна ќе мораш често да ги тресеш. Бело знаеш дека лесно се прља а друга работа е што кога падне некоја трошка или др, се напика внатре и не го видиш. Моите сеуште не се угазени, ама спална е не се често движиме а во дневна каде што постојано има движење мислам дека ќе се угазат. Убаво се перат ама не со четка. Јас ги перам со џакче она што е од компири или кромид . Сепак, не би ти препорачала такви за во дневна единствено ако се некој густ плет, овие навидума изгледаат дека се такви ама повеќе се бушави отколку густи . Како сакаш...
Леле девојки ве молам за помош.Сега сум прилично брзо вселена во нов стан,и во мојата спална сеуште немам најдено соодветен тепих.Ми треба многу,ми пречи само на паркет.Ај ве молам некој ако видел ваков,во многу светло розева,или нежна лилакова,или пак чисто бела,нека каже.Многу ми треба ваков,не е битна цена. Вакви некои, рунтаво,во друга боја и поголемко.Не онакво како за Тоалет.Се надевам ме свативте.Ај плис за помогнете!
Во потрага сме по теписи освен Фантази во аердором кај верото и пластичарската улица каде на друго место можам да разгледам дајте некој предлог,фала однапред
Никогаш досега не сум купувала теписи, а сега треба да купам неколку. Ве молам пишете ми каде има продавници низ градов за теписи (низ Скопјево), а може и линкови од продавниците да ми пишете. ФАЛА!
^ Еве што успеав да најдам. Се надевам ќе ти помогне. http://www.sarteks.mk/mk.html И во Бриколаж имаат убави теписи.