Пред да ја реновирам старата соба во куќата каде што живеев имав 2 тепиха. Ај бев помала и седев на земја па вршеа работа.Ама кога ја реновиравме собата ги исфрлив старите и не купив нови бидејќи сфатив дека теписите само ми собирале прашина во собата и ѓубре.И онака сум алергична на домашна прашина, и теписите уште толку допринесувале во развитокот на алергијата и хронични проблеми бидејќи сум дишела сешто. Сега и во куќата и во станот немам тепих во собата, ем полесно дишам, ем собата полесно се чисти, ем не ми фаќа ништо простор на подот.
Здраво, дали може да ми препорачате добар салон за перење теписи што пере и суши во овој период од годината?
И јас би сакала да знам, имаме бушав тепих и не можам сама да го исперам страв ми е да не го упрoпастам ми треба некој навистина добар салон од кој сте задоволни
Јас ги средив моите ги најдов на фб Dacappc masinsko perenje na tepisi. И моите се бушави, убаво се исперени, за 24ч ми ги донесоа, само имаше многу јак мирис (омекнувач или нз што) ако ги ангажираш обавезно изнеси го тепихот ден-два да се излуфтира пред да го наместиш
Зависи какви сакаш. На пластичарска има убави во тие продавниците Мармарис, Анталија и сл. Ние земавме полуакрилни, супер се.
Дали знае некој каде има евтини теписи како тие во базаро по 199 што се и тие од 650? На битпазар да не има негде?
Дали има некој искуство со теписи со дигитален принт, гледам често реклами на социјалните мрези, пишува дека се перат во машина, ми звучи како добра опција, посебно за со мало дете низ дома?